Те разбирам совршено..Во право си дека се правиме модерно општество а сме закоравени традицоналисти..и вистина е дека е реткост ваквите врски да бидат прифатени но сепак постојат..еве јас сум пример

)
признавам на почетокот беше тешко, сите не гладаа како чудаци, како којзнае што да сме направиле а не дека сме решиле да почнеме да живееме заедно...и имаше коментари дека се фолираме,дека се правиме многу модерни,дека не требало така, дека треба да правиме свадба за 5оо гости, па леле што ке кажат комшиите... ама после неколку секојдневни примери на експрес брак и уште поекспрес развод баш тие што не прогласија за чудаци,застанаа да ни кажат колку е правилна одлуката која сме ја донеле..прво да видиме како функционираме во реалноста, а после се останато што следи,брак,дечиња..
затоа што убаво е кога си кај мама и татко, кога некој друг ги решава секојдневните егзистенцијални проблеми, а ти само уживаш..сосема е друга ситуацијата кога сите тие проблеми се на твојот и на грбот на партнерот..тогаш се гледа дали сте или не сте зрели за брак, колкав ви е прагот на толеранција, дали сте спремни ЗАЕДНО да пребродите мали проблемчиња, па здравје ако дојдат поголеми да не пукнете под нивната тежина туку пак заедно да ги решите.
Што се однесува на тоа свој стан, работа, своја плата...исто ти е, кога се решаваш на брак или на заеднички живот би требало тој дел да ти е среден.
неможам да ги разберам лугето кои се решаваат да се мажат/женат свадба опа иха ај ке помине, ама после тоа во 30 квадрати 10 души и ке чекаме мама и тато да не издржуваат?