leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Бракот не е ништо поразличен од врска,имаш само документ,обврзувачки документ.Затоа бракот после долга врска од 12/13 години е затвор,бидејќи таа хемија е толку изгустирана што нема простор за нешто ново.Јас не сум во брак, мислам дека е се` уште рано, но убеден сум дека сепак тој е подложен на некакви правила на игра, на еден вид премолчен договор и правење компромиси. Заеднички живот на двајца кои пред тоа живееле различен живот може да биде прилично стресно и непријатно доживување ако се нема взаемна толеранција.
Она што е интересно во последниве децении е еродирањето на бракот како институција, а притоа се нема адекватно решение за надминување на проблемот. Станавме премногу големи индивидуалци, со понекогаш, многу себични очекувања и потреби. Ако тие не можат да се сообразат со оние на спротивната страна ете проблем. Или уште полошо, бракот може да стане состојба во која едната страна ја злоупотребува другата. Тогаш разводот е неизбежен.
Начелно не сум за бракови набрзинка, ама и долготрајната врска и не мора да биде некаква гаранција.
Во право си,еродира бракот како институција и треба да еродира.Треба да се промени сфаќањето како обврска која мора да ја исполниш кон својата фамилија,макар би бил и несреќен во тој заеднички живот.Нашата традиција наметна став со кој мнозинството во ова брзо време почна да се гуши во сопствениот брак,но да не плукаат комшиите ќе трпиш цел живот...кога ќе се освестиш ќе имаш 78 години,рак на дебело црево и купено гробно место.Ти поминал животот во патетика и нервози.
Проблемот е во пресериозноста на овој поим„брак“.Не смее да се дозволи живот во решетки,треба да се урнат тие стереотипи кој држат илјадници луѓе во мртов брак.Да им се даде можност да живеат повторно.