Денес со оваа техника веќе се претерува и е дојдена до ниво на срање, што значи веќе се праат срање лажни верзии само као да се замислите длабоко.
Као прво, тоа срање не можи да го постигни секој така лесно, може да пробува цел живот а сепак свесно да не успее.
Е сеа да не звучам матно- Астрална проекција прави секој човек кога сонува на пример. Астрално се префрламе во друга димензија и свет на мистерии и непознати срања. Проблемот е што ретко кој успева да ја префрли свеста во астралното тело така да додека сонуваме сме малце несвесни за тоа што се случувало во реалниот живот.Исто така затоа и ни се чини дека овој живот е единствен ради после смртта , коа човекот се реинкарнира не успеал да ја префрли свеста во астралот.
Така да нема јасни сеќавања за минатиот живот.
Во индија будистичките свештеници таа техника ја имаат добро разработено , и на сите им изгледа дека тие луѓе живеат мизерно и назадно, управо не им треба модерната технологија од телефони и слични средства за комуникација кога успеваат едноставно да комуницираат телепатски.
Малце оф топик
Можеби на некој му изгледа на лага, ама сепак не е.
Денес во светот има многу гатачи, така би ги нарекол, луѓе што можат да ти погодат скоро све за тебе.
Срањето е што тие типови (нормално вистинските) немаат некоја си посебна моќ, туку се стигнати на повисоко духовно ниво, кое ние сите ќе го стигниме, било сега било во неколку животи понатака.
Се што се случува е не е случањо туку е со причина. Што значи се е во нас запишано што ни се случувало, што се случува и што ќе се случува.Тие луѓе само едноставно успеваат да прочитаат од нас што се случува, односно читаат мисли.
Сите одговори лежат во нашата глава, само треба длабоко да ги побарате во себе.
И уште еден совет за сите што пробуваат да направат астрална проекција.
Во суштина изгледа опасна техника, која ја практикувале свештениците во кабала. За да успеете оваа техника да ја изведете правилно треба добро да се припремите нормално и многу вежбање.
Треба да се исчистите од сите стресови, нервози и проблеми. Заборавете на се. Вие сте центарот на светот и замислете како космичката енергија ротира околу вас.
Тогаш сте спремни за длабока медитација и сте напатот да успеете да направите астрална проекција. Кога ќе почуствувате било што, доколку се возбудите..тогаш тоа само ве враќа назад и ви го отежнува патот на астралната проекција.
Едноставно заборавете дека имате тело,......