Ај вие жените ако можете да коментирате цицки, ние мажите можеме да коментираме стапови. А тоа ти е ептен пристрасна работа.
Оставете ги цицките на Весна (или таа другата) на страна. Цицка ко цицка - прекрасна работа, врвна божја уметност.
Во однос на темата... Прекрасен филм - ако морам со 2 збора да го опишам.
Милчо се докажа уште еднаш како врвен македонски режисер на денешницата. Глума одлична, неколку познати фаци ама и неколку нови (ко за мене). Приказна одлично осмислена, што ќе те натера до крај да го гледаш филмот и да заборавиш на времето. Малку ми беше "шубе" што толку е добар филмот, а на македонски зборуваат глумците цело време и е снимен на локации во Македонија. Замислете да зборуваа енглески, иф ју ноу уат ај мин. Којзнае колкава вредност и цена ќе имаше. Ама Милчо како докажан патриот, си го направи своето.
Некои локации ни со зборови не можам да ги опишам, колку се убави.
Се на се, морате да го видите филмов. Со внимание и трпеливост. Ќе ви се исплати