Фан Клуб: Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Колку моќно изгледа Лацио:vozbud::vozbud:Браво Горане,се надевам дека ќе им се реванширате на пензионерите.:wink:
 
Steta so ne igra LAZIO vo liga na sampioni ovaa god ali naredna sigurno ke igra bravo za Pandev nek prodolzi da gi trese mrezive FORZA LAZIO
 
Пандев-Зарате убиство се дечките.Алал нека им е:)
 
ГОРАН ПАНДЕВ НЕ ЈА ОСВОЈУВА САМО ИТАЛИЈА

"Па-За" на врвот во Европа

*Неочекувано Лацио е лидар во Италија, а тандемот за голови на овој тим најефикасен во најсилните лиги на Стариот континент

Пандев - Зарате, или тандемот "Па-За" како што го нарекуваат медиумите во Италија, го лансираа Лацио на врвот во Серија А. Двајцата напаѓачи на "небесносините" од Рим ги "урнаа" Кањари, Сампдорија, Фиорентина и Торино, а капитулираа само од Милан. Лацио игра премногу офанзивно и е најефикасниот клуб во Италија со 13 голови на 5 средби. Од нив дури 10 се дели на убиствениот тандем "Па-За", кој е најдобриот не само во Италија туку и во Европа. Имаат ист број голови како и дуето на Хофенхајн (Ибишевиќ-Салиховиќ), но тие зад себе имаат имаат натпревар повеќе од шампионатот на Германија. Зад "Па-За" се голгетерите на Реал Мадрид, Барселона и Лион па дури и оние од Англија на силните Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул...

Овој показател е доволен доказ дека Пандев со својот Лацио не ја освојуваат само Италија и дека успесите на нашиот фудбалер се топ тема и низ другите земји.

"Иднината на Лацио е токму во овој тандем. За Пандев и не треба да се трошат зборови додека Зарате е вистинско изненадување за сите не само во Италија. Затоа главната цел на клубот е двајцата што е можно подолго да останат на Олимпико. Доколку тоа се оствари многу брзо ќе може да се надеваме на титула во Серија А", коментира Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио, кој се наоѓа во "облаци" по последните успеси на неговиот клуб кој по 5 кола е на лидерската позиција на табелата а Пандев и Зарате на врвото од листата на стрелците.

Горан Пандев како никогаш досега има старт со 4 голови на 5 средби. Зарате има 6, но два од нив се од белата точка. Можеби ќе беа во сменети улоги доколку Пандев ги шутираше пеналите, а половината од головите на Зарате се токму по асистенција на најдобриот фудбалер.

Медиумите во Италија најавуваат дека ако Лацио продолжи да игра во ист стил тимот ќе биде меѓу првите 5 на табелата. Сега на римјаните ќе им биде потешко затоа што противниците посериозно ќе влегуваат на дуелите со клубот од "Олимпико" Главниот тест за Лацио и тандемот "Па-За" е в сабота против Лече во меч на кој Лацио ќе треба да брка победа кога е во улогата на фаворит. Со нови три бода клубот ќе ја зачува лидерската позициоја и на оваа средба повторно се очекува најмногу од Пандев, кој можеби игра во најдобрата форма во неговата кариера. Не е ни чудо што за неговиот потпис уште во зимскиот преоден рок ќе има бркотница од големите екипи од типот на Ливерпул, Барселона, Челзи...
 
lele koga ke se igra grackoto derbi lazio roma da ne znae nekoj toa ke bide jako sakam da go jade romaaaaaaaaa:helou:
 
Градско дерби е сосема различен вид на утакмица,мотивите и емоциите се огромни како меѓу навивачите така и за фудбалерите...
Секој играч што ќе постигне гол на таков натпревар верувам дека вечно ќе го памети.
Како и да е,римското дерби поретко имало врска со моменталната состојба на табелата или формата на тимовите,лани на пример Лацио беше далеку зад Рома и со бодови и со форма,па успеа да ги победи во дербито...
Да се потсетиме како изгледаше тоа,колку значеше голот на Бехрами во тој момент,иако ништо не решаваше на табелата,сепак победата над вечниот ривал е секогаш слатка... :)

Еве и нешто од поодамна:
 
Се надевам дека ке го "Седнете" Лече...очекувам гол од пандев:helou:
 
Утре..т.е. денес веќе...ќе ги згазиме Лече...е сеа се мислам само шо да ја стаам Х-1 или 1-1...вие шо викате а??
 
Утре..т.е. денес веќе...ќе ги згазиме Лече...е сеа се мислам само шо да ја стаам Х-1 или 1-1...вие шо викате а??
Незгодна ми е таа утакмица, ја би да ја играм на голови ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom