Не слушам метал било хеви, хард, блек, дед или било каков затоа што оваа
музика во себе не поседува позитивна енергија затоа што кај слушачите влијае врз нивното однесување со хиперактивност, деструктивност
односно желба да се искрши нешто, разулавеност и слично и за време на вакви концерти има многу тепачки за разлика од некој
концерт на класична музика каде што никогаш не се случило вакво нешто.
Потоа ако сакате да погледнете навистина како влијае видете колку луѓе што ја обожаваат оваа музика користат наркотични сретства,
за разлика од другите видови на музика во во себе носат позитивни убави емоции како мир, љубов, радост а не желба да се искрши нешто.
Дури и молекуралната структура на водата формира грди облици под дејство на оваа музика.
Но сепак секој има право да слуша онаква музика каква што ќе избере, но факт е дека овај правец на музика води кон губење на човечките квалитети во себе и води кон едно деструктивно насочување кон себе и останатите, без разлика дали ова ќе си го признаете на себе тоа е вистина. Немам желба да ги навредам обожавателите на оваа музика но мислам дека она што го напишав навистина е така.