Препораки за игри

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber lord
  • Време на започнување Време на започнување
Некој ако знае добра игра со мотори(кросови,спорташи,чопери) по можност да не е MotoGP и MX vs ATV.
поздрав
 
M2_ELiTE_X360.jpg

Излезе за XBOX360. Ја имат на замунда.... :)
 
Препорачајте стратегија, некоја игра како Воркрафт.
Само да не градам бази и такви ствари туку да идам напред со херојот и да ги тепам.

Дота не доаѓа во предвид пошто ми е монотона, значи барам игра која доаѓа во комплет со интересни мисии/кампањи.
 
Има два Дота клонови или римејкови или нешто, едната е Heroes of Newerth (HoN), другата е League of Legends (LoL). Првата знам се плаќа а за втората незнам.
А има и една воена стратегија World in Conflict и колку што знам во оваа нема градење.
 
Многу добра игрица, уште у првата минута започнуваат битките. Напади и од копно и од воздух, огромен број видови на поддршка (3 типа на артилерија, многу видови напади од воздух, можност за повикување хамвија/лесни тенкови/падобранци за засилување, поправање мостови, напалм, напади со хемиски оружја и нуклеарка:)), добри мапи, одличен синглплеер, добра приказна и неверојатен мултиплеер.
Иако е искочена во 2007, графиката сеуште е одлична, одлични пејзажи, многу добри детали на единиците, bloom, god rays, сенки од облаците (последниве две се заклучени под DX9, плус тоа DX10 нуди подобри перформанси). Играта не бара којзнае каков компјутер (на стариот со Athlon 64 3200+, 1GB RAM и 6600gt ја играв на медиум @ 1024x768).

Би ја препорачај на секој RTS фанатик. Дури и ако не играте RTS, пробајте ја барем.
 
Некој да каже нешто за Metro 2033?

И јас би сакал да знам .. Баш се мислев вчера да ја симнам ама гледам тука нема ништо кажано а баш не ми се симнува игра што е 6 и нешто гига..
 
Предлог за некоја класична RTS, Warcraft/Starcraft стил? Тематиката е океј и да е вселенска, и да е магична, и шознамшо.
 
Препорачајте некои игри.. возење, пукање, прво - трето лице.. Никако магични срања од типот WoW, Metin.. да се играт на конфигурацијата во потписот. Ги имам играно: CoD сите, NFS сите, BF:BC2 , Crysis , Crysis Warhead, Metro 2033, Sniper Ghost Warior (срање од игра) , Dirt 2..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom