Фан Kлуб: Осогово

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ДОБРА И ЕФИКАСНА ИГРА ПО ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ

2008-09-14
„ОСОГОВО“ - „МАЛЕШ“ 5:1 (2:0)

По дождливо време и на моменти проследено со ветер играчите на обете екипи прикажаа добра и ефикасна игра. Покажаните четири жолти картони се последица повеќе на лизгавиот терен, што јасно покажува дека играчите одиграле еден фер и коректен натпревар.

Осогово заслужено победи но и гостите имаа периоди во кои ако не беа подобри барем беа рамноправни. Беа постигнати шест погодоци од кои првиот на Горгиев и четвртиот на Јаневски малобројната публика со сигурност ќе ги памети.

Резултатот беше откриен во 18-тата минута. Беше досуден фаул за домаќините, топката ја намести голгетерот Николчо Горгиев на околу 25 метри од голот на гостите. Биеше прецизно и топката заврши во самиот горен лев голманов агол. Потоа поради обилните врнежи и настанатиот мрак од густите облаци во 25 минута натпреварот беше прекинат, за да по 10 минути пауза кога условите се подобрија истиот и продолжи. На пет минути пред крајот на полувремето на нафрлената топка од десната страна натрча Деспотов и од шеснаесетина метри упати лоб удар со глава кој на општо изненадување го прелета голманот и отседна во мрежата на Малеш.

Во 55-тата минута веќе беше 3:0 за Осогово. Топката застана во водата на десетина метри од гостинскиот голман, играчите од одбраната на Малеш стоеја како скаменети, тоа го искористи Деспотов и по втор пат се запиша во листата на стрелците. Во 80 минута гостите преку оправдано досудениот пенал намалија на 3:1, сигурен реализатор на пеналот беше Марковски. Во 82 минута Ивица Јаневски постигна Евро – гол. Натрча на една одбиена топка и од дваесетина метри упати вистинска „бомба“ која заврши во самиот горен десен голманов агол. Конечниот резултат беше поставен во последната минута а стрелец беше Горгиев кој рутинирано ја упати топката во небранетиот дел од мрежата.

Се на се добра фудбалска претстава во која за жал единствено не се прослави судиската тројка од Штип на чело со главниот судија Стојанче Стојанов.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
„ОСОГОВО“ – „МАКЕДОНИЈА“ 1:0 (0:0)

2008-09-21
Паузата во првенството третолигашот од „градот на оризот“ ја искористи да ги одмери силите со хитот на есенскиот дел од првенството од Првата Македонска фудбалска лига, „Македонија ГП“ кој исто така беше слободен во ова коло.

Поради лошиот терен тренерот на горчепетровци Илчо Ѓорѓиоски не сакаше да ризикува па на „Осогово“ му ги спротивстави резервните играчи.

Во натпревар полн со трчање без некои посериозни шанси за гол победија домаќините со голот на Велинов во второто полувреме.

„Изненаден сум од лошиот квалитет на теренот овде во Кочани. Само поради гледачите сепак се одлучивме да го одиграме натпреварот. Во недела не очекува големото дерби против „Вардар“ и не сакам ништо да ризикувам. Ќе играме со резервниот состав“ ни рече Ѓорѓиоски пред започнувањето на средбата.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ОСОГОВО И МЛАДОСТ СО СТАРИТЕ НАВИКИ

2008-09-28
„ОСОГОВО“ – „МЛАДОСТ“ 5:0 (3:0)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 100. Главен судија: Благојчо Лазаров. Помошници: Александар Ангелов и Сашко Ангелов (сите од Кочани). Стрелци: Велинов 20’, Коцев 28’ и 67’, Спасевски 33’ (автогол), Ѓорѓиев 88’ („Осогово“).
„ОСОГОВО“ – Данев, Шуманов, С. Манчевски, Данилов, Дамески, Велинов, Ѓорѓиев, Коцевски, Цветанов, Карафилов, Коцев.
„МЛАДОСТ“ – Томевски, Спасевски, Стаменков, Манев, Ефтимов, Николов, Ристов, Заов, Наков, Ангелов, Коцев.

Дека старите навики тешко се забораваат покажа натпреварот помеѓу „Осогово“ и „Младост“ од Оризари. Кочанчани втор пат по ред дома постигнаа пет погодока, а додека „оризарци“ втор пат по ред од гостувањата си доаѓаат со пет погодока во мрежата.

„Жетварите“ со една рутинирана игра успеаја да го „почестат“ „новакот“ во лигата со пет гола во мрежата, додека гостите единствениот шут кон голот на домаќините го имаа во 87’ кога голгетерот Наков промаши удар од белата точка.

Резултатот го откри итриот Велинов во 20’ откако по една груба грешка на потесната одбрана на „Младост“ рутинирани биеше во празниот дел од мрежата. Во 28’ веќе беше 2:0 за домаќините. Карафилов на средината од теренот убаво со финта се ослободи од три играчи на „оризарци“ веднаш упати длабочинска топка во празно на која натрча итриот Коцев и со удар по земја од шеснаесетникот го погоди спротивниот долен агол на немоќниот Томевски. Само пет минути подоцна и трет гол во мрежата на гостите што беше всушност автогол на малерозниот Спасевски. Во второто полувреме беа постигнати уште два погодока. Најпрвин Коцев по една убава акција зголеми на 4:0 а само минута по промашениот пенал за гостите Ѓорѓиев изби сам, го мина и Томевски и го постави конечниот резултат.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ПОБЕДОНОСНИОТ ОД ПРОДОЛЖУВА

2008-10-05
МЛАДОСТ (М) - ОСОГОВО 0:2 (0:0)

Во еден мошне тврд натпревар „Осогово“ како гост ја совлада екипата на „Младост“ од Муртино со што го продолжи победничкиот од кој во третата лига трае веќе една година.

По првиот дел мрежите мируваа што беше знак за гостинскиот менаџер Крсте Крстев на полувремето во соблекувалната малку да го покачи тонот.

Во вториот дел „жетварите“ заиграа посигурно и со головите на Николчо Ѓорѓиев и Велинов дојдоа до сигурна победа од 2:0.
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Сакам да реплицирам, на некои постови. Некој се прашуваше каков тим е Осогово и дека сме немале навивачи и сл. Можам да кажам дека тимови како Вардар, Беласица, Пелистер, Саса во најдобрите денови, „пајѓале“ во Кочани. А некаде 91-96 Семејните се собирале и до 1000 души (барем како што ми има кажувано поранешен водач). Семејните беа лојални на тимот и кога тимот играше во 2ра лига, иако подмладени и во многу мал број, но веќе нема смисла да се навива за клуб во кој секој гледа да приграби што повеќе. Ако се случи да Осогово влезе во 2ра лига, јас ви ветувам дека ќе гледате Семејни на трибините. Поздрав
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
СЕДУМКАТА ПАДНА ВО ЗЛЕТОВО

2008-10-12
„ОСОГОВО“ - „ЗЛЕТОВИЦА ЦТ 2008“ 7:0 (3:0)
Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 50. Главен судија: Мите Јованов. Помошници: Зоран Саздовски и Крумислав Ѓорѓиев (сите од Штип). Стрелци: Коцев 13’, 35’, 63’,Гицов 43’,Н. Ѓорѓиев 81’, 86’. („Осогово“) Жолти картони: Велинов, Д. Манчовски („Осогово“).

„ОСОГОВО“ – Лазаров, Дамески, С. Манчовски (Анѓелов), Митев, Цветанов, Велинов, Коцев, Деспотов (Н. Ѓорѓиев), Карафилов (Јаневски), Д. Манчовски, Гицов.
„ЗЛЕТОВИЦА ЦТ 2008“ – Тодевски, Манасиевски, Митев, Павлов, Стоиманов, Амповски, Апостолов, Димитровски, Ефтимов, Цеков (Зафиров), Трифунов (Јордановски).

Денес на стадионот „Никола Мантов“ потпросечната екипа на „Злетовица ЦТ 2008“ од Злетово излезе повеќе од среќна бидејќи со подмладениот состав на „Осогово“ добија само чиста седумка. Шегата на страна во Кочани во нерамноправен дуел „жетварите“ си поигруваа со гостите и во таква игра дадоа седум погодока и ако пред гостинскиот голман се однесуваа посериозно ќе претрпеа вистинска катастрофа.

Кочанчани играа брзо и ефикасно. Предводени од денес најдобриот играч на натпреварот Влатко Коцев кој постигна хет-трик покажаа дека овој млад состав има убава перспектива. Сите седум погодока беа постигнати по убаво смислени акции и навистина по такви проигрувања беше полесно да се погоди одошто да се промаши.

Се на се една убава и ефикасна фудбалска претстава во која се вклопи и добрата судиска тројка од Штип.
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Pozdrav do nikolco gorgiev mojot skolski drugar od ASUC samo neka gi polni mrezite, od POPAC.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ДОБРА ЖЕТВА ВО СТРУМИЦА

2008-10-19
„ТИВЕРИЈА“ - „ОСОГОВО“ 3:5 (1:3)
Стадион во Струмица. Гледачи – 50. Главен судија:Дарко Стојанов. Помошници: Ален Коцевски и Димитар Пилешков (сите од Штип). Стрелци: Коцев 23’ Пандев 62’ Стојанов 80’ („Тиверија“), а Николчо Горгиев 5’, 31’, 45’, 60’ Шуманов 77’ („Осогово“). Жолти картони: Стојчев, Милев, Кавазов, Митев, Танев („Тиверија“), Дамески („Осогово“). Црвен картон: Тасев („Тиверија“).
„ТИВЕРИЈА“- Милев, Стојанов, Ѓидалов (Митев), Стојчев (Танев), Коцев, Ничев, Јорданов (Пандев), Јованов, Кавазов, Кршков, Тасев.
„ОСОГОВО“ – Данев, Данилов, Дамески, С. Манчовски, Цветанов, Велинов, Шуманов (Митев), Коцев (Гицов), Горгиев, Коцевски, Карафилов (Деспотов).

„Жетварите“ во Струмица жнееја добро. Тоа би било најкраткото резиме по она што се случувало во Струмица на „дерби“ натпреварот од Третата лига Исток. Осогово играло фудбал во Струмица, а домаќините возвраќале со тупаници што било причина неколкумина играчи на кочанчани со крваво лице да бараат лекарска помош. Ако на ова додадеме дека и Комесарот за безбедност бил отстранет поради удирање на гостински играч тогаш сликата за настаните во градот под планината Беласица би била поцелосна.

Осогово иако водело со 4:1 и 5:2, дозволило победата да ја доведе под знак прашалник. Сепак до тоа не дошло бидејќи во финишот домаќините не го реализираа пеналот при резултат 3:5.

Кај гостите комплетната екипа одлично одиграла но сепак голгетерот Николчо Горгиев со четирите едноподруго постигнати голови им ставил до знаење на струмичани долго да го паметат.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
359
Поени од реакции
4
STRASNI STE begajte ke beleme Lugevo navivaat na gostinski teren sto e solidno nemoj sega da se pravite vie nekoja nav grupa koja broji 500clena pa ste neso podobri pa i da omalovazis nekoj.
Не сме навивачка група од 500 членови но најбројна и најдобра навивачка група сме во 3 лига исток !!!
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Не сме навивачка група од 500 членови но најбројна и најдобра навивачка група сме во 3 лига исток !!!
Ako e vistina ova me raduva malo gradce ko sto e Probistip da ve ima 500clena navivaci mada ne veruvam dek ve ima tolku koga vo prva liga retko koga bi se sobrale nad 500navivaci organizirano da go bodrat svojot tim zborim za organizirano bodrenje ne posetenost na tribini to e drugo 25 .Koj vi e najgolem najomrazen rival ako moze da znam dali e to osogovo ili ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom