Ивковиќ на клупата на Србија
Душан Ивковиќ е новиот селектор на репрезентацијата на Србија.
Денес тој и официјално ќе биде промовиран за наследник на Зоран Славниќ, кој го напушти кормилото на Србија по завршувањето на ЕП 2007.
Ивковиќ ќе потпише четиригодишен договор, кој предвидува тој да ја води селекцијата на Србија до ЛОИ во Лондон во 2012 година. Целта на Ивковиќ ќе биде да ја врати Србија во врвот на европската и светската кошарка.
На последното ЕП Србија заврши на 13. место, без ниту една победа и беше елиминирана во првата рунда. Слабите резултати беа продолжение на неубедливите настапи на Србија и Црна Гора од претходните неколку светски и европски форуми.
Ивковиќ е еден од најуспешните тренери во поранешна Југославија. Тој ја предводеше Југославија до титулите светски шампион во 1990, и европски шампион во 1989 и 1991 година. Ивковиќ беше предводник и на селекцијата на СР Југославија, која стана европски шампион во 1995, 1997 и 2001 година и светски шампион во 1998 година.
Србија е потенцијален противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2009 во Полска.
Ждрепката за овие квалификации ќе се одржи на 16 февруари во Венеција.