Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
Чист пенал за Тетекс беше. Имаше и за вас пенал, признав уште одма ја, ама ете судијата не го досуди. Ама неможеш само заради тоа да кажеш дека судиете суделе за Тетекс намерно, на секоја утакмица се праа грешке (мие најдобро знаемо како ни беше судено против Металург, Ренова, Скопје, Работнички...).
 
Првотимците и натаму штрајкуваат!!!
Чудна е ситуацијата во редовите на актуелниот освојувач на националниот куп, Тетекс овие денови. Имено, поголемиот дел од фудбалерите, претежно оние кои важат за првотимци, веќе петти ден се во штрајк и одбиваат да тренираат
Додека останатите, пред сe тука се мисли на "резервистите" и новаците работат и тренираат под водство на шефот на стручниот штаб Тони Јакимовски. А се штрајкува поради тоа што играчите на тетовскиот прволигаш веќе подолго време немаат добиено ниту денар. Им се должат плати, дел од ратите и дел од премиите. Ова пред неколку денови ни го потврди и самиот претседател на клубот, Стеван Алампиовски, кој во исто време посочи дека и тој и останатите раководни лица во клубот прават натчовечки напори да се среди ситуацијата, да ги исплатат играчите и аналогно на тоа конечно да продолжат со подготовките.
 
Конечно работете дојдоа на место, денеска свите се вратиле на тренинг. Фала Богу!
Нови играчи на Тетекс са Тони Брњарчевски и Никола Јакимовски од Ференцварош.
 
Конечно работете дојдоа на место, денеска свите се вратиле на тренинг. Фала Богу!
Нови играчи на Тетекс са Тони Брњарчевски и Никола Јакимовски од Ференцварош.
зашто никола се вратил во мкд таму добиваше шанса да игра сепак одлично засилување на тетекс млад и талентиран играч
 
^ Ако знаеш нешто појќе да кажеш за играчов пиши, зошто мене не ми е познат.


Иначе утре се очекуе и Глигоровски да се врати и да потпише нов договор со Тетекс.
 
Јакимовски ми се чини играше пред 2 сезони у Македонија.Ѓ.П,ама како што памтим не се изнаигра многу..
 
зна4и по4нале со тренинзи од денеска а наредниве денови идат за охрид изгледа работата се средила.сега единствено останува да видимо што ќе се напрае со овој тим кој со тешки муке се состае некако,иако по имињата што дојдоа и не би требало да е толку слаб само се надеам дека ќе се уиграа до по4етокот на првенството.
 
Јакимовски ми се чини играше пред 2 сезони у Македонија.Ѓ.П,ама како што памтим не се изнаигра многу..

Никола Јакимовски-Марс не се изнаигра многу, зашто дебитираше за Македонија ЃП со 17 година, а наредната шампионска сезона (2008/09) имаше 18/19 години, така да не беше стартер, ама добиваше шанса од клупата и имаше неколку важни асистенции, голови и слично. Во секој случај ќе се изненадите од Марс, одличен играч, единствено да не влече некои повреди.
 
Да, работите се средија. Следниве играчи го засилија Тетекс во преодниок рок: Николче Клечкаровски, Бурхан Алиу, Горан Силјановски, Никола Јакимовски, Тони Брњарчевски, Ивица Глигоровски, Душко Трајчевски, Јовица Столевски, Горан Наумовски и Реџепи(играч од Турската Втора лига).

Од официјалната страна на Тетекс на ФБ.

Уште за у одбрана да земемо еден или двајца и мислим дека пак ќе имамо добар тим.
 
Да, работите се средија. Следниве играчи го засилија Тетекс во преодниок рок: Николче Клечкаровски, Бурхан Алиу, Горан Силјановски, Никола Јакимовски, Тони Брњарчевски, Ивица Глигоровски, Душко Трајчевски, Јовица Столевски, Горан Наумовски и Реџепи(играч од Турската Втора лига).

Од официјалната страна на Тетекс на ФБ.

Уште за у одбрана да земемо еден или двајца и мислим дека пак ќе имамо добар тим.

Znaes nesto poveke , kaj igrale , od kaj se ?
 
^
Алиу играше во Милано дур не се распадна, па после дојде кај нас (лани) ама не играше многу. Ми се чини беше на позајмица негде, а еве сега потпишал нов договор со нас. Иначе е десен бек и десно крило.
За овја Реџепи незнаем многу (не е истиот што играше кај нас па отиде у Шкендија, ако те збуни тоа). Знаем само дека играл за некој второлигаш од Турција.
 
Реџепи ако памтим добро пред некоја сезона играше за Ренова и Македонија.Ѓ.П... и ми се чини дека игра стопер.
 
Реџепи ако памтим добро пред некоја сезона играше за Ренова и Македонија.Ѓ.П... и ми се чини дека игра стопер.

Rexhepi e mnogu dobar igrac (ako e toj sto mislim ja) igral i za nas 1 sezona posle otidnase vo Renova pa posle od renova vo gjorce ....Visok igras so golem potencial i isto taka igra mnogu dobro so glava
 
Тетекс ги "завери" Глигоровски и Брњарчевски
B6535DBFCAA1DC4687E293BDADE63913.jpg

Со нив двајцата "штофарите" ја зголемија конкуренцијата во нападот и средниот ред
Ивица Глигоровски и Тони Брњарчевски се двете нови имиња во таборот на Тетекс од последниот ден во преодниот рок. Тие и официјално ставија потпис на договорите со тетовскиот клуб и со нив двајцата стратегот Тони Јакимовски и тоа како ќе ја зголеми конкуренцијата во својот тим во нападот и во средниот ред.
Инаку, Глигоровски не може да се каже дека е нов играч од едноставна причина што тој официјално и не го напушти Тетекс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom