Нов исчекор кон елитата!
ЛИДЕРОТ СУПЕРИОРЕН!
Кожуф - Тетекс 0:3
Стадион: Гоце Делчев
Судија: Жарко Димевски
Стрелци: Радоњиќ (11 мин.), Урошевиќ (37 мин.) и Ристески (39 мин.)
Кожуф: Смилевски, Коцев, Аџиоски, Танев, Донев (Упчев), Соколов, Кангов, Улишев (Младеновски), Невеселов, Дуганов (Сулев) и Ристовски.
Тетекс: Богатинов, Јовановски, Ѓорѓиев, Мишковски, И.Савески, Д.Савески, Ристевски (Радевски), Муарем (Толески), Стојановски, Урошевиќ и Радоњиќ (Стојковиќ).
Нов исчекор на Тетекс кон првата лига. Тетовци триумфираа во Прилеп над инфериорниот и “блед“ тим на Кожуф. Немаше поголеми проблеми првопласираниот тим на табелата против послабиот противник и уште во првиот дел беше познат победникот откако гостинот постигна три гола во првиот дел и со тоа го реши прашањето околу освојувачот на трите бода. Прво Радоњиќ погоди за водство од 1:0, а зголеми Урошевиќ во 37 минута. Две минути подоцна Димче Ристевски донесе убедливо водство кое беше задржано до крајот на мечот. Гостите имаа уште неколку шанси за поубедлив триумф но не го најдоа патот до мрежата во вториот дел. Бледо издание на Кожуф кој не направи ниту една сериозна шанса по голот на Богатинов, кој остана без работа во речиси целиот натпревар, па од тука Тетекс сосема заслужено освојува нови три бода со кои прават значаен исчекор кон “елитата“.
извор