Вака сеа, за гитари разгледај Tokai - имаш во Артист, и се многу подобри за парите него Epiphone или ефтин LTD. Појачало за тие пари, слабо. Присобери уште 50-60 еу, и земи си Bugera V22. Не дека се нешто којзнае што, ама за парите нема подобро. И многу многу подобар избор е ова него некоe транзисторско појачало. Прашај друго што те интересира слободно...
Можеби малку е оф-топик ама конкретно гитара е релативна ствар , себично е да кажеш дека Tokai се подобри од Epiphone LP Standard, различни се. Лично, највеќе на рака ми лежи вратот на Епифонките, нешто полошо ми лежи LTD Viper 400-то на едно другараче, a на него обратно. Исто и Fender Stratocaster иако е култна гитара не ми лежи на рака иако и го обожавам тонот, така да мислам дека е малце некоректно да се збори за подобри или полоши , треба да се осети.
А што се однесува до издржливоста на Epiphone-ките не е за фрлање, до сега немам поплака со LP Standard и фабричките магнетите уште ми се искористени на друга гитара и си вадат фин тон.
Назад он-топик :
Некој искуство со горенаведениоте појачала од Јове (Hardfaced) - Зограф лампажите какви им се ?
Ми фаќа уво на клипови ама немам осетено у живо. Чинат, не чинат?