Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.744
- Поени од реакции
- 18.495
Точно од а до ш реп +Тој кабел е оптика, но не се приклучуваат крајни корисници на оптика. Во Штип со оптика доаѓаат до влезот од зградата. Во ормарот пред (или во) влезот ставаат медија конвертор, а во самиот влез се гради ЛАН мрежа. До сега во Штип немам видено со оптика да влегуваат до крајните клиенти (освен можеби кај некои поголеми фирми). Во секој случај мрежата која ја имаат изградено во Штип е многу стабилна (1 до 2 милисекунди пинг до првиот рутер и симетрични брзини). Претпоставувам дека насекаде ЛАН мрежите ги градат на овој начин (со FTTB). Во Штип немаат DOCSIS мрежа, но ако и DOCSIS мрежите ги градат со оптика до зграда, па нод во самата зграда, најверојатно и така би бил стабилен интернетот. Инаку, симетрични брзини нудат само на ЛАН мрежите, па штом се интересираш за upload - побарај ако имаат можност да те приклучат на ЛАН.