Овој закон е навистина тапа, подобро ќе беше да направеа како што мислеа да прават а тоа е: Еден дел за пушачи да си биде заграден фино и убаво и да си се дават и голтаат чадови од разноразни цигари. Така на пример тие што пушат Родео, ќе имаат можност да пробаат и Давидоф од некој друг, тие што пушат Вест ќе пробаат Малборо од некој сосем трет, по можност и по некоја еколошка за прочистување катран и така..........Овие што не пушат пак ќе можат на раат да си ја ждерат салатата без притоа некој да им дува низ цефка со цигарите, или пак ќе си ја пиеа жолтата без престан и така натаму....
Арно ама Македонче како Македонче, никогаш не е задоволно, и за овој закон следеа „критики“ (мислам ти се молам хелоуууууу критики следеле од „ајде да се дрогирамо па нек ти очи сјаје“....) од нашата јавност која е со големина на квартал на Њу Јорк. Критиките беа: „Е даааааа бееееееее, сега јас ќе одам со друштво и сега другарчето што не ми пуши, ќе треба да седне ваму, а јас онаму и така ќе се двоиме“. Епа нема и „јаре и паре“ односно не можеш да добиеш две задоволства, ќе мора едниот да попушти и готово, на крај крајава ако не му се попушта на пушачот нека излезе и „и попуши мало оно знаш“ надвор.Истото важи и ако ја смениме ситуацијата, ако на овој не му се влегува во просторија каде што не се гледа прст пред око влези во ВЦ кај пушачите и затвори се и слушај го некој пушач како го разработува гравот над шољата и „што и да е ќе поминнееееееееее...“ Што би рекол Владо Јаневски. Брзо и ефикасно тоа...