Треба да преземите нешто,не само како навивачка група,туку и како град.
Ова не смее да помини НЕКАЗНЕТО.
Победа не е играчка,па некој да си игра со клубот кој даде премногу за фудбалот во Македонија.
Најжално е шо токму луѓето кои порано ја водеа Победа,ја оставија на цедило и и ја запечатија судбината на екипата која беше гордост на градот кој некогаш беше убедливо најфудбалскиот град во Македонија.
Изнаместија утакмици,лапнаа еден куп пари преку клубот,ги испраа и сега Победа е виновна,а тие сеуште си го прчат и не ги даваат своите мили фотељи.

Требаше покрај казната за Победа да фрчат и затворски казни,вака само клубот страда,а тие шо си играа со судбината на клубот шетаат слободни и полни со кеш:kesa:
Да се заплашат моќниците ако ништо друго.
Сега веќе е доцна да се смени одлуката на УЕФА,ама барем некој да го јади стапот

Па којзнае,доколку дојдат вистински луѓе можеби и ќе се спаси клубот од најлошото,па кога тогаш ќе се врати на местото каде шо заслужува.
Навистина штета,еден од трите најреномирани клуба-покрај Вардар и Пелистер да доживее ваква судбина.
Да ти ебам и фудбал и држава.
Мизерија сме невидена

:ija::ija::ija: