Што ви е најчудно во сонот?

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.696
Поени од реакции
4.869
Па друже ти тоа и си го направил . Астрална Проекција се нарекува тоа , додека спиеш во најдлабока концентрација ,односно во семи-сонот ти се одделуваш од твоето тело и можеш слободно да се движиш себеси и предметите,ова се смета за натприроден дар и ретко на кого му успева... Ако те интересира нешто повеќе за Астрална проекција пиши ќе ти објаснам ..
Првпат слушам ..и интересно ке биде да објасниш :vozbud:
А ова со сонов дека од кога се разбудив ги најдов така предметите , ретко ми се случува ,но има периоди ...и до негде ме фаќа страв ..да не напраам некоја беља.. ц ц ц
 
V

Viktoranius

Гостин
Првпат слушам ..и интересно ке биде да објасниш :vozbud:
А ова со сонов дека од кога се разбудив ги најдов така предметите , ретко ми се случува ,но има периоди ...и до негде ме фаќа страв ..да не напраам некоја беља.. ц ц ц
И на мене ми стана интересно.

И на пример што ќе се случи ако во моментов на лебдењето некој влезе во твојата соба од твоето семејство ?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.626
Поени од реакции
11.199
Аааа, и тоа ми е чудно! Си мислам дека паѓам од креветот и штрепнувам цел и се будам .. ај сеа де :sleep:
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Астрална проекција -надминување на физичките ограничувања на времето и просторот.
Дали негогаш сте помислиле да патувате на некое далечно место,да кажеме да ги откривате тајните на бескрајниот универзум?

Секој од нас посакувал понекогаш да знае Што се крие зад ѕвесдите да ја виде нашата планета од повисоко и да се чуди на неоткриените тајни на вселената.
Тоа е можно.Но како?
секој ден по печатените медиуми и по интернет страниците 'изникнуваат' нови содржини во врска со вонтелесното патување-астралната проекција.
што претставува астралната проекција?
За повекето од лугето астралната проекција е абсурд.Зошто?
па најверојатно затоа што го немаат искусено тоа.Оние кои имале искуство со вонтелесните патувања(јас лично сеуште немам но наскоро да) велат дека ние живееме во свет на илузии и дека не постои време!!! Дека тоа е само илузија!!??
Астралната проекција не претставува сон туку тоа поединецот може да го прави во чиста совесна состојба и без употреба на било каква дрога.
Како се одвива тој процес?

Секој што сака да го направи првиот чекор мора да биде смирен и доволно сконцентриран и да има голема волја.Но во овој пост нема да зборуваме за тоа туку ке навлеземе во срцевината на астралната проекција.
Индивидуата која се проектира на астрален план(астрален план-кога духот на индивидуата излегува од неговото тело и се проектира на друго место) буквално може да навлезе каде што сака,да поминува низ ѕидови и да совладува различни пречки да посетува други планети и сетотоа да го прави со брзина на светлината(299.772 км/с)и кога повторно ке се врати во неговото тело и кога ке погледне на часовникот ке види дека изминало само малку време за разлика од тоа што тој го поминал низ вселената.
Всушност ако поединецот патува далеку во просторот тој може да се врати назад во времето односно во минатото(ова се совпага со теоријата на Ајнштајн дека времето е како крива линија во која се спојуваат почетокот и крајот).
Исто така оние што се проектирале на астрален план велат дека нашето сфакање за времето и просторот е сеуште многу мало,дека ние живееме во паралелен универзум,каде што ние сме како мултидимензионални суштества.Од тука може да се поврзе и фактот дека не постои само тридимензионален простор туку повекедимензионален.Во свет на паралелен универзум некаде постојат копии од нас самите и ние кога дејствуваме овде на нашата планета тоа се случува и на некое дреуго место во вселената, во ист правец но во различна насока.

Превземено од http://creeper.blog.com.mk

Утре повеќе ако го интересира некој.

A ако влезе кај тебе во соба , за време на астрална проекција незнам што ќе се случи , но знам дека доколку се обиде да те разбуди може да стигне до шок и да починете на лице место....
 
Член од
21 април 2008
Мислења
28
Поени од реакции
0
кога сонувам како паѓам под креветот:nesum:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
429
Поени од реакции
7
Koga uporno podolgo vreme se zamaram za nesto toa i go sonuvam i nekogas mi se ima sluceno da mi se ostvari
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ееее сега ми текна нешто да ви кажам. Јас секогаш кога го сонувам тој што го сакам како фатил женска, или се собрал со некоја или како ми раскинал или се искарал со мене или се што е лошо ама увек за ден- два најкасно, увек се остварува. Ако сонувам нешто убаво нема да се оствари (бидејќи соновите со него или цел ден да се радувам или цел ден да се нервирам, нема средина тука :pos:). И ова само за него важи, не и за др. лоши сонови.
Баш сум се мислела за ова како е можно, а многу ми е чудно...
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Даааа милион пати ми се случило нешто што сум сонувал да ми се случи наредниот ден недела или месец.Особено
кога чекам оценка од некој тест.Си сонувам сто си имам и не се оптеретувам многу.Така сонував дека на англиски тетсот во прав со го праевме ке добијам 2 и добив.И хемија сонував 5 па добив.Сонував дека ке одам на детска евровизија и бев.сонував како ми пагаат два заба во истата недела поцина Тоше и брат на дедо ми.И сега секој пат кога сонувам се вадам од памет
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
45
Хмм пред неколку недели кога брзав за на журка затварајќи ја вратата на мојата соба погледнав во книгите на масата и се стаписав кога ми светна сликата, истата слика на собата и тоа чувство на доцнење, се сетив дека пред година две го имав сонувано тоа, таа слика на собата (која тогаш не ни знаев како изгледа) тоа беше страшно чудно чувство и додека одев накај договореното место ме следеше некое чувство на страв како да таа вечер ќе биде последната во мојот живот уф! чуден сон беше тоа...
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Како Рената(од пред некоја страна), и јас сонувам глупости кои никако немаат некакв смисла едно со друго, работи кои се тотално погрешни и бесмислени, и работи кои сега за сега се наречени натприродни. Сонував како зборам со сестра ми за Гевгелиската гимназија во која учам, и како треба да полагам бидејќи сите ми биле кецови. Нормално, овој сон е голема глупост. Сестра ми веќе година дена е во Америка, јас учам во Скопје, и сум далеку од ученик со незадоволителни оценки.
А понекад ќе сонувам работи кои се тотално оф д карактер шо некој мој познаник/другар/роднина го има.
А ако ова изгледа оф топик, за нешто што сум сонувал и се исполнило.... Хммм.. Можда и има, ама кога имам дежаву не се сеќавам ни од каде е тоа, ниту пак се сеќавам како оди разговорот се додека не го слушнам и ми стане многу познат од друго место. Така да дежаву-то може доаѓа од моите соништа кои ги заборавам, но и не мора.
За оценките кои ги добивам. Врска нема, сум сонувал дека сум добивал од кец до петка. Сум бил сосема грешка, а понекад сум бил и точен.
И така... Ама баш би сакал да имам искуство, или момент во кој ќе знам што како ќе се случи и ќе ја зафркавам другата личност така што ќе ги надополнувам сите реченици до една, и ќе кажам дека ќе го одговорам следното прашање кое го има на ум :)
Или па ќе изигравам телепат :pos:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.399
Поени од реакции
37
ауу да ми се има и тоа случено... да го сонувам и после истото да го правам.. баш еднаш ко помала сонував како сум паднала и коленото сум го раскрварила .. и после некое време на исто место и се било исто како у сонот.. исти личности исто сум била облечена и исто паднав.. и коленото го раскрварив... а и не само тоа и други работи ги имам сонувано и после ми се имаат случено навистина..
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Чудно ми е тоа што у секој сон ..ја покажувам мојата "друга" личност..Пример ..обично сум мирна не се карам со никој , а ноќеска сонував како се карам со едно девојче и дури извадив и нож , ја искасапив ја направив лом и уживав у тоа ( страшно е што кога се разбудаив имав блажена насмевка и бев задоволна :) )
Накратко - чудно ми е тоа што во секој мој сон , сум спротивно од она што сум во реалност..Ама идам у крајност..Ете пример што ја касапев таа ноќеска :pos:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
А мене видете сонов:

Одам по улица и наеднаж дознавам дека улицава е полна со дилери и тешки мафијаши, јас се пикам под асфалтот (значи под улицава), долу имало подземен свет ама во море е подземниов свет а јас сум на самото дно на морето, почнуваат да ме бркаат криминалциве, јас пливам пливам пливам и никако да испливам. Се изнамачив додека да дојдам до врвот и да излезам од водава. На крај едвај успеав да испливам, неможев да се поткачам и да излезам од водава и тука се изнамачив, мислам дека никој ми подаде рака и ме извади од подземниот свет и чудново беше што наместо на улицава да излезам од кај што слегов долу јас дирекно на авион се најдов. На авионов беше Хали Бери со уште тројца други и вечераја, а цел авион празен.
Јас на сонов многу ја мразев Хали Бери затоа што била член на мафијата и била против мене а ја се мислев дека ќе ме издаде и додека не ме предале зедов падобранец од авионов и рипнав ама некако многу бавно ми се спушташе падобранецов. Кога слегов долу на земја конечно, знам реков нешо "леле колку е за нигде падобранов"
и знам само ми рекоја "па ти што сакаш кој не гледаш дека уште од времето на Хитлер е".
 
Член од
25 април 2008
Мислења
15
Поени од реакции
0
Јас ретко се сеќавм што сум сонувала. А ми се случува да се разбудам доцна во ноѓта и да бидам изморена и исплашена а да незнам што сум сонувала. и имам некои слики во глава што постојано ми се појавуваат за минатото кои никогаш не се случиле. а толку реално се сеќавам на нив што понекогаш верувам во нив. Пр. Како најдобрата другарка на сестра ми ја турнала неа во купце срчи и поради тоа сестра ми имала проблеми со стапалото. тоа никогаш не се случило ама јас се сеќавам како на спомен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom