Многу често ми се случува да сонувам некој сон (обично од оние „пореалните“), ама да не го досонувам до крај, и кога ќе се разбудам, да си го свртам цел сон во глава и сама да си измислам крај, на база на претходните случувања од сонот...
Звучи малце налудничаво можеби.
Ама после тоа кога ќе се потрудам да се сетам пак на сонот во текот на денот, ми се мешаат случките и не можам да проценам кој дел од сонот е всушност сон, а кој дел е делот што јас сама сум си го „доизмислила“.
Ако некој сфати што сакав да кажам, нека дигне два прста.