Што кога пријателството ќе потфрли?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Да се наоѓате во ситуација ваква:

Се дружите со одредена личност долго време ама она баш другарство.

И оп се случува пријателот ви потрфрла, гледате како ви врти грб, му барате услуга-од услугата ништо.... и слично.

Што ќе значи тоа? Крај на другарството? Или пак обид да се разрешат проблемите?
 
Нормално дека не можам туку така да прекинам некое пријателство.

Прво би се обидела да ги разгледам работите објективно-од причина што можеби и јас сум виновна за „ладењето на односите”. Можеби сум барала премногу, сум очекувала премногу и слично. Во тој случај би се извинила за моето однесување (понекогаш имам тенденција да очекувам премногу од некој, па да се разочарам) и пријателството може да продолжи. Нормално ќе биде со помал интензитет, бидејќи само најдобриот пријател може да се „справи” со сите мои очекувања.
Многу барам, тоа е.:pos:

Ако се случи обратното-и тоа потфрлање станува намерно и ме повредува, тогаш дефинитивно ќе реагирам. Обичен разговор за проблемите кои личноста (другарот, сеедно) ги има со мене би ја завршил работата.
Мора да се најде причината за таквото однесување, затоа што не се појавува туку-така. Ако таа причина е толку страшна и нерешлива (или пак другарот не сака/знае да ја реши) го прекратувам другарството. Не ми требаат такви личности покрај мене.
 
Се обидувам да го решам проблемот: Ја повикувам соодветната личност и правиме разговор. По разговорот утврдувам дали продолжува. пријателството или не. Во случај да ме направи ”мајмун’’ т.е. разговорот испаѓа позитивен, а подоцна личноста продолжува по стара песна па дури и безобразен (да ми каже ”Кај си да се јавиш’’) тогаш ни едно ”здраво’’ од личноста нема да го сметам како знак за пријателство ”Persona non grata".
 
Веднаш би сакала да поразговарам сериозно со другарката. Мора да има некоја причина зошто така се однесува, па со разговорот таа причина би излегла на виделина и би се решила. Ако таа со рзговорот ми насочи дека проблемот е во мене, и ако ме убеди дека навистина е во право тогаш би се потрудила да го сменам она што и пречи. А доколку проблемот е во неа, би и кажала што ми смета во нејзиното однесување.
Ако станува збор за вистинско другарство, не верувам дека би имало проблеми и двете страни да дадат по малку труд за да опстане пријателсвото. А со добар и искрен разговор се би се решило.
А дефинитивно најлоша варијанта би било веднаш да се прекине пријателството, без дополнителни објаснувања и разговори.
 
Вака:Јас правам разлика помеѓу другарство и пријателство,а секако дека и едните и другите ми значат па не би сакала да прекинат!Некои пријателства ми се по драги па ако се случи да потфрлат гледам да ја решам ситуацијата ,али некои и без некоја посебна причина се оладуваат ама многу не се замарам...али се трудам да не замрат потполно.
Кога станува збор за другарство,е тоа веќе за мене нешто посилно и вредно за борба.Иако вистинското другарство не смее да потфрли,можни се некои недоразбирања па потребен е компромис,искреност и добра воља...
Лично,имам другарки со кои се дружам 25 год.и не паметам да имало потфрлање во нашето другарство ....
 
Ако станува збор за некое долгогодишно и цвртсто пријателство за некоја безвезна причина неможи да се растури!
 
Би седнала и би правела муабет со другарката.Не би дозволила да се растури другарството кое ми значи толку лесно.Може нешто јас сум згрешила или нешто не и е по ќејф,мора да има причина зошто она така се понаша.Би пробала да го средам тоа некако...Како што кажа Прити Грл ако станува збор за некое долгодишно пријателство неможе да се растури за некоја безвезе причина...
 
Ако другарката стварно ми значи и се дружам со неа подолго време, тогаш нема да ми биде сеедно дали ќе го прекинам другарството со неа. Многу пати се случува да дојде до некое недоразбирање но постојат многу начини за да се реши проблемот. Би разговарала со мојата другарка и отворено би и кажала се што ми пречи и се што мислам, а истото би го побарала и од неа. Ако и двете страни се отворени мислам дека проблемот би се решил.
 
city напиша:
Да се наоѓате во ситуација ваква:

Се дружите со одредена личност долго време ама она баш другарство.

И оп се случува пријателот ви потрфрла, гледате како ви врти грб, му барате услуга-од услугата ништо.... и слично.

Што ќе значи тоа? Крај на другарството? Или пак обид да се разрешат проблемите?

тоа значи дека ако со години се трудиш и простуваш и покушаваш да го подобриш другарството а таа личност не се променува, тогаш време е да размислиш дали треба да го трошиш времето на таква личност... и ако нема резултат тогаш тргни се на страна зошто секогаш ке бидеш повредуван, а на крај таа личност едино сама ако дојде кај тебе тогаш можеби е променета...
 
Kolku poishe prijateli,tolku poishe glavobolki.Zatoa vikaat: "Prijateli se biraat...." Pazete kako odbirate :)
 
Mi se slucile takvi raboti so najdobra drugarka, so koja se druzam skoro cel zivot. I se obidov da go zacuvam naseto prijatelstvo, razgovarajki so nea za problemite itn...I povotrno bi go napravila istoto za sekoja licnost cie prijatelstvo navistina mi znaci
 
city напиша:
Да се наоѓате во ситуација ваква:

Се дружите со одредена личност долго време ама она баш другарство.

И оп се случува пријателот ви потрфрла, гледате како ви врти грб, му барате услуга-од услугата ништо.... и слично.

Што ќе значи тоа? Крај на другарството? Или пак обид да се разрешат проблемите?

Услуги многу ретко барам, а и кога ги барам гледам да ги надоместам за да не се чувствувам должна никому, па кој сака нека е.
А ако приметам дека општо личноста ми врти грб, се однесува чудно со мене, немам што да барам излез од таа ситуација ... ако има проблем со мене, треба јасно да ми го каже и да се потруди да го решиме ако сака, а ако само ме игнорира, не би била таа која би се потрудила да го врати другарството.
И така ...
 
Фала Богу не ми се случило нешто вакво, изневерување од страна на дугарка а и не позелувам на никого да се слуци пошто тешко дека после тоа ке мозис да је гледаш како best friend....
И на крај една порака од мене....не верувајте на секого пошто на овој свет има мн зло и секој гледа да му наштети на дугиот...затоа прво отвори очи со кого си и на кого казуваш разни ствари за тебе...
 
Не ми се случило пријател да ме изневери... А ако гледам дека полека ме откачува... Едноставно ке го седнам пред мене и ке го натерам да ми каже в лице се. Може да е поради мене, јас да се имам премногу сменето...
 
Епа прво еден добар разговор. Можеби грешката е во нас. Ќе се обидеме да го решиме проблемот. Сепак доколку е стварно вистинско другарството ќе се реши без гајле!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom