Мамас во Скопје. Прв пат кога влегов бев фасциниран од ентериерот и со неколку исклучоци кога навремето си мислев како би изгледал кафич по мој ќејф беше многу слично на Мамас. Срдечно го препорачувам преку ден е лајт-џезерска атмосфера навечер има свирки амбиентот е одличен.
New Age
Средношколска носталгија. Едно од оние или ги сакаш или ги мразиш места. Уредено во ориентален стил се чувствувате како дел од Македонските Народни Приказни. Животни на сите страни, варено вино а надвор мал вир со златни рипки. Единствено кафуле каде можам да се заседнам 5-6 саата без да ме фати јанза. Плус има табла и карти.
Blue Cafe
Долго време ми беше фаворит од дизајн додек не се појави Мамас. Полица со книги вградени во самиот шанк, акцентот ставен на дрво и кожа, лајт музика, пригушено светло, се делува отмено и со висок стил.
Ли
Освен што е познат по одличното кафе Ли е место каде што владее домашна атмосфера. Сега е проширен и реновиран така што има добиено на големина што порано му фалеше. Сега местото има две лица бидејќи стариот и новиот дел се два различни изгелда.
Сопотско
Местово е уникато. Атмосферата внатре е како да сте во стан од филмовите што ги опишуваат 30-тите години во Америка. Има за мезење, пристојни цени, прогресивна музика и анти-шминкерајска раја. Во последно време е се повеќе посетено.
La Cafe
Дефинитивно пријатен амбиент. Кафулето има три дела и некоја балансирана светлина, убави завеси на задниот дел за да се избегне лошиот поглед на паркинг а напред отворено кон улица Македонија. Едноставен концепт што сепак фаќа око.
Barcelona
Малата квадратура на местото е компензирана со невообичаениот ентериер особено видлив во летниот период со поставеноста на улица Македонија. Целиот дизајн делува аристократски како од времето на доцниот 18 и раниот 19 век.
Piaza Liberta
Голема библиотека, нагласено дрво и голем отворен простор со огромни прозори. Пиаца делува како олд-скул луксузна канцеларија со голема маса во средина. Нељуштени кикирики се служат како додаток со цел заштита на дрвениот под.