Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
веќе 3-4 дена се мислам да ѕвонам и да ги прашам за еден проблем што имам.. и кога се одлучам проблемот го снемува.. значи:

интернетот ми се конектира најнормално, но кога отворам мозила (или било кој друг пребарувач, или па и скајп) не сака да се отвори страната (понекогаш ни google) и се појави REDIAL и интернетот повторно сам се конектира, а страната не ја отвара.
Понекогаш си работи цел ден во ред, но некогаш цел ден не се отвара ништо на нет.
Друго: Кога несака да се конектира, АДСЛ сијаличката на рутерот без престан само трепка (а не треба) и кога одам на конекцијата бројот на RECIVED битови е мнооогу помал од оној на SENT. Веќе неколку пати го исклучував од струја адаптерот и џабе е.. го проверуав и поврзувањето и се е во ред.. исто така го ресетирав и модемот, правев нова конекција... и пак си е исто..

некој ?
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Абе дечки како да влезам за конфигурација на овај Thomson што е? Кај едни комшии сум ама немозам да влезам да подесам, мозит малце помош,
 

kire_koste

Которец
Член од
9 декември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
136
РЕАКЦИЈА ДО Т-ХОУМ

ЕВЕ ЈА ВО ЦЕЛОСТ МОЈАТА РЕАКЦИЈА ДО ТЕЛЕКОМ ЗА ПОНУДЕНИОТ ИНТЕРНЕТ. ПОЧУВСТВУВАВ ПОТРЕБА ДА ИСПРАТАМ ВАКВО НЕШТО, НЕЗНАМ ДАЛИ ЌЕ ИМА НЕКАКОВ РАЗУЛТАТ ОВАА РЕАКЦИЈА, АМА СИГУРНО ЗНАМ ДЕКА АКО ИСПРАТЕМЕ ПОВЕЌЕ ВАКВИ РЕАКЦИИ ОДЕДНАШ ЌЕ СЕ ПОДРАЗНИСЛАТ ШТО ПРАВАТ Т-ХОУМЦИ.


Здраво

Мислејќи се како да ја започнам мојата реакција и дали е исправниот момент за истата ја видов рекламата на Он.нет за нивните интернет пакети и увидов дека навистина заслужуваат посебно внимание, Телеком имаат исто така добра понуда. Но како и да е можам слободно да забележам дека конкуренцијата ве „јаде“, во буквална смисла на зборот.
Мое мислење е дека вашите АДСЛ пакети стануваат се помалку атрактивни во однос на пакетите на конкурентите, кои со различни маркетиншки трикови успеваат да привлечат добар дел од интернет корисниците во Македонија.
Но тоа не можам да го кажам за вас и вашиот менаџмент, кој и не ми изгледа многу просветлен, за разлика од менаџментот на вашата фирма ќерка Т-Мобиле, кој жари и пали низ нашата државичка.
Таман кога ќе помислите почитувани Т-Хоумци дека јадам бурек и заслужувам да бидам кај Јанко во емисија, ќе ви ја кажам поентата за мојата реакција.
Во моментов страните се полни со видео, разни реклами, и со само отварање на една страна троши мноооогу мегабајти. Вашите 10 ГБ не стасуваат само за проверување на е-маил пораки и читање на некој весник.
Претплатник сум веќе 2 години и искрено размислувам да ја напуштам вашата компанија. После 1 година од завршувањето на мојот обврзувачки договор, не понудивте ништо како би ме заинтересирале да останам ваш претплатник. Ве молам одговорете ми што ме задржува!?
Чекате да ги потрошам 10 ГБ и веднаш да ме пресечете на 64/64. Сте пробале да користите така бавен интернет, во последниве 5 години?
Па дајте бе луѓе пуштете повеќе интернет за истиве пари, зарем не гледате дека конкуренцијата ве лапа. Од каде не нудите ништо за 399 мкд претплата, па и нетот ви е еден од најнеконкурентните во нашата државичка. Освестете се навреме бидејќи најверојатно ќе се случи миграција од моја страна кон некој од вашите соперници.

Поздрав од Свети Николе.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
108
Поени од реакции
1
ЕВЕ ЈА ВО ЦЕЛОСТ МОЈАТА РЕАКЦИЈА ДО ТЕЛЕКОМ ЗА ПОНУДЕНИОТ ИНТЕРНЕТ. ПОЧУВСТВУВАВ ПОТРЕБА ДА ИСПРАТАМ ВАКВО НЕШТО, НЕЗНАМ ДАЛИ ЌЕ ИМА НЕКАКОВ РАЗУЛТАТ ОВАА РЕАКЦИЈА, АМА СИГУРНО ЗНАМ ДЕКА АКО ИСПРАТЕМЕ ПОВЕЌЕ ВАКВИ РЕАКЦИИ ОДЕДНАШ ЌЕ СЕ ПОДРАЗНИСЛАТ ШТО ПРАВАТ Т-ХОУМЦИ.

I love this game:vozbud:..Te podrzuvam skroz..Daj boze site da pisat slicni emalovi:smir:....Nego daj email na koj mu pracas i jas da mu bapnam eden email ....Na 080012345 nema lek....Sve je to tamo nepismeno......I mene mi istecue dogovorot od edna godina vo Dekemvri pa ce menjame nesto....Napisi na koj mail mu pracas

Pozdrav
 
Член од
2 јуни 2009
Мислења
22
Поени од реакции
1
веќе 3-4 дена се мислам да ѕвонам и да ги прашам за еден проблем што имам.. и кога се одлучам проблемот го снемува.. значи:

интернетот ми се конектира најнормално, но кога отворам мозила (или било кој друг пребарувач, или па и скајп) не сака да се отвори страната (понекогаш ни google) и се појави REDIAL и интернетот повторно сам се конектира, а страната не ја отвара.
Понекогаш си работи цел ден во ред, но некогаш цел ден не се отвара ништо на нет.
Друго: Кога несака да се конектира, АДСЛ сијаличката на рутерот без престан само трепка (а не треба) и кога одам на конекцијата бројот на RECIVED битови е мнооогу помал од оној на SENT. Веќе неколку пати го исклучував од струја адаптерот и џабе е.. го проверуав и поврзувањето и се е во ред.. исто така го ресетирав и модемот, правев нова конекција... и пак си е исто..

некој ?
So kakov ruter si povrzan?
I ova so REDIAL ne mi e jasno, imas modem pred ruter? Da ne, slucajno, pravis bridge konekcija???
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
веќе 3-4 дена се мислам да ѕвонам и да ги прашам за еден проблем што имам.. и кога се одлучам проблемот го снемува.. значи:

интернетот ми се конектира најнормално, но кога отворам мозила (или било кој друг пребарувач, или па и скајп) не сака да се отвори страната (понекогаш ни google) и се појави REDIAL и интернетот повторно сам се конектира, а страната не ја отвара.
Понекогаш си работи цел ден во ред, но некогаш цел ден не се отвара ништо на нет.
Друго: Кога несака да се конектира, АДСЛ сијаличката на рутерот без престан само трепка (а не треба) и кога одам на конекцијата бројот на RECIVED битови е мнооогу помал од оној на SENT. Веќе неколку пати го исклучував од струја адаптерот и џабе е.. го проверуав и поврзувањето и се е во ред.. исто така го ресетирав и модемот, правев нова конекција... и пак си е исто..

некој ?
Што антивирус користиш?
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Не ми се веруе, сеа ништо не се отвара, ни гугл ни фејсбук, ни јутуб ни мсн , само Кајгана ЛОЛ
 

kire_koste

Которец
Член од
9 декември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
136
I love this game:vozbud:..Te podrzuvam skroz..Daj boze site da pisat slicni emalovi:smir:....Nego daj email na koj mu pracas i jas da mu bapnam eden email ....Na 080012345 nema lek....Sve je to tamo nepismeno......I mene mi istecue dogovorot od edna godina vo Dekemvri pa ce menjame nesto....Napisi na koj mail mu pracas

Pozdrav
Еве е-маил
171@telekom.mk
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Катастрофа е интернетот денојве.Падни-стани треба да си го крстат АДСЛ-ов.Упм најстабилен беше АДСЛ пред 5 г. ко се појави прв пат и фураше со брзина од 100 кбпс.:toe:
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
62
Поени од реакции
4
во моментов Македонија има најслаб и најскап интернет на балканот.
косово е пред нас веќе:kesa:
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
108
Поени од реакции
1
Max TV го сопре опаѓањето на приходите
Намалувањето на бројот на фиксни линии и на разговори, Телеком го компензирал со пораст на АДСЛ интернет конекции и на воведувањето на ИП ТВ. Мобилниот оператор работел според предвидувањата.Македонски телеком остварил 100 милиони евра приходи што е пораст за скромни 3,7 проценти во однос на истиот период 2008 година.Заклучно со 30 септември 2009 година, бројот на фиксни линии на Македонски телеком изнесувал 381.276 што е за дури 64.384 помалку во однос на истиот пресек минатата година. За цели 24 проценти опаднале и бројот на минути во разговори преку мрежата на Телеком. Овие негативни резултати Телеком ги компензирал преку порастот приходите остварени од нудење на интернет услуги. Така, за 40 проценти се зголемил бројот на АДСЛ корисници достигнувајќи на 30 септември бројка од речиси 120.000. Од компанијата информираат дека од воведувањето на ИП ТВ досега имаат 8.301 претплатници.


Izvor ..Vecer


Znaci po ovoj nadpis jas zakluciv deka Telekom nema da smene nisto najmalce 2 godini :toe:......
 

kire_koste

Которец
Член од
9 декември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
136
Значи им се намалиле корисниците, а им се зголемиле приходите. Не две, четири нема да сменат ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom