Значи вака ,од неделава планирам да одам во теретана , ама тука е вечното прашање „Која?“ .
Ме интересираат во близина на центарот на скопје каде има теретани и по која цена е месечно или пак дневно.
Исто така, ме интересира бидејќи сум почетник , на кој справи по колку серии и која килажа да ја кревам за почеток ?
Фала , однапред.
Да идеме по ред
Значи имам неколку мои другари кои смениле повеќе теретани и најзадоволни се од теретаната на Урко. Незнам точно каде е, ама како што кажуваат некаде кај подвожњакот во К. Вода е.
Цените се различни во сите теретани, се зависи кои термини ќе ги одбереш... имаш 2 пати неделно, имаш 3 пати неделано, 4 пати неделно... се до 6 пати неделно... е сега за само еден тренинг цените се движат од 100 до 150 денари, е сеа израчунај... значи што повеќе пати неделно, тоа поевтино... ако не се лажам 600 ден беше 3 пати во неделата, 700 ден беше 4 пати во неделата, 800 ден 5 пати неделно и 900 ден 6 пати во неделата (незнам дали се вака точно, ама приближно тука некаде се).
Е сега за справите и сериите тоа зависи првин од тоа во кој смер сакаш да одиш.. имаш боди билдинг, имаш фитнес, имаш зацврстување мускули, имаш обликување мускули... одкако ќе се одлучиш тоа после се гледа твојата возраст и тежина па потоа се одредуваат справите, вежбите и сериите. Во секоја теретана имаш инструктор, него ќе го прашаш он најубаво ќе ти каже што и како треба