Со група луѓе, го имам “Бада Бинг“ синдромот, се уфрлам доволно колку да предизвикам смеа или реакции од типот “О боже“ :pop: бидејќи шегата нормално била глупава или масата не ја сфатила(почесто првото кога се работи за мене, второто кога се работи за Бада).
Во помала група луѓе обично сум фин соговорник со почит кон ставот на соговорниците(значи дозволувам да збори и некој друг) се додека не падне тема историја или политика каде сметам дека нема разговор и тука се претварам во напален дифтар кој не дозволува никој да каже ништо(тоа спаѓа во егоцентрик?). Плус во право сум, бидејќи историјата, а особено политиката е толку едноставна и прозирна што само за инает може да се брани некој став.
Во разговор еден на еден, најчесто сум егоцентрик. Не бидеќи сакам, за доброто на атмосферата. Еден на еден често луѓето... ете снемуваат теми. А јас мразам неудобни ситуации, па почнувам да блаботам се`нешто. За моите виртуозни способности дека сум надчовек или дека имам контрола над временските непогоди. :lud:
А толку многу сакам да се опуштам и да слушам паметни мисли, ама ете... или таа не е паметна, или е тивка и повлечена, или не сака ни да разговара со мене, бидејќи... кој знае.