Богат идиот или сиромашен гениј?

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување

Богат идиот или сиромашен гениј?

  • Богат идиот

    Гласови: 94 33,6%
  • Сиромашен гениј

    Гласови: 186 66,4%

  • Вкупно гласачи
    280
Богат идиот фала богу... Лесно им е на тие глупите не се свесни што им се дешава... тие што се паметни си патат во животот...
Сиромашниот гениј ќе умре од глад, жед или од обична настинка само затоа што нема пари да си купи лекови и сл и сл...

:wink:
Башка денес се се врти за пари... така да ...If you ain't got no money take your broke ass home :P
 
Сиромашен гениј,кај и да со својата генијалност ќе се истакне и ќе се снајде.Богатиот идиот кога ќе го потрошии своето богатство ќе биде доведен на просјачки стап.
Како велат имаш ли пари сите ти се пријатели.
 
Без размислување сиромашен гениј! Животот без пари е тежок, ама без памет е бетер. Подобро да знам дека немам пари и дека тоа е единствено нешто кое ми недостасува, отколку да му служам на некој како банкомат или за сеир. Јас сакам луѓе богати во духот, не во џебот!

 
Ионака сум идиот,а за гение да не прам муабет.барем да бев богат...не се пронајдов во анкетата:(
 
Ослободен од двете стеги и најубаво ми е така.
 
Сиромашен гениј, зашто ако си богат идиот можеш лесно да ги потрошиш тие пари а ќе си останеш глуп, а ако си сиромашен гениј можеш да заработиш доволно и никогаш да не останеш без пари а и + попаметен ќе бидеш ќе знаеш лесно да се снајдеш во секаква ситуација :toe:
 
А зошто мора човек да биде сиромав и да биде гениј или богат пак да биде идиот, или зошто човек мора да биде сиромав и да биде идиот или да биде богат гение. И зошто човек би морало да биде богат или сиромав, и идиот или гениј .....
 
А зошто мора човек да биде сиромав и да биде гениј или богат пак да биде идиот, или зошто човек мора да биде сиромав и да биде идиот или да биде богат гение. И зошто човек би морало да биде богат или сиромав, и идиот или гениј .....


Колку сме само ние луѓето комплицирани. Зошто ова, зошто она? Зошто гениј, зошто идиот? Добро бе што е неможете да се одлучите за едно едноставно прашање? Па што останува за нешто по комплицирано? Еднаш нека биде или ДА или НЕ само, нека биле или ЦРНО или БЕЛО, зошто секогаш таа златна средина? Па не е редно да бидеме и ние активен субјект во менување на работите?
 
Богатиот идиот ќе си остане идиот, а можеби и не богат.
 
Богатиот идиот ќе си остане идиот, а можеби и не богат.

Има идиоти што и те како ги бива за правење пари а за се друго се бегај подалеку. Сепак пракса покажува дека има куп жени на кои не им смета идиотизмот чим има кеш :smir:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom