НБА лигата ги казни Џексон и Лејкерси
НБА лигата го казни тренерот на ЛА Лејкерс Фил Џексон со 25.000 долари поради критиките кои ги испрати на сметка на судијата за време на четвртиот меч од финалната серија во плеј офот против Орландо.
Со 25.000 долари се казнети и Лејкерси, исто така поради изјавата на својот тренер. Џексон изнервиран поради фактот што во првата четвртина Гасол, Одом и Бајнам заработија по две лични грешки, во паузата меѓу четвртините за АБЦ телевизијата изјавил дека неговите играчи заработиле лични грешки иако не направиле прекршоци.
Лејкерси четвртиот натпревар во Орландо го добија со 99:91 и водат со 3:1 во финалната серија.