Се развила дискусија гледам..

Ај по ред да си фатам:
Голфот не е кола за сиромаштија. Сиромаштијата во Германија и по западна Европа вози некои коли по 500-600 евра купени по плацевите, стари 10+ години.
Голфот (а и остатокот од таа класа) се купува од луѓе кои се некоја пониска средна класа, или луѓе од средна класа кои не се секираат многу за големина на пр.
Тоа што за македонски услови Голфот, а и други возила од таа класа, како нови, се релативно скапи, е сосема друго прашање. Кај нас, најпродавана е класата подоле.
Алек, те сфаќам шо сакаш да кажеш.

Работата е во различното сфаќање на автомобилите и автомобилизмот. За мене е глупост да дадам 2000 евра за озвучување, ама не е глупост истата таа сума да ја дадам за добра лимарска работа...на нешто старо 40 години.
Тебе ти е мерак да пластичариш со спојлери, ова она, незнам шо, незнам како, а мене ми е мерак да направам буквално од ништо нешто.
Немој да мислиш дека не ценам стајлери таму, тјунери...напротив! Ги ценам сите оние луѓе кои на каков било начин работат нешто по коли...освен оние мотика стајлинг типци кои прават глупости...т.е. трошат енергија во сосема погрешна насока. Но, тоа незначи дека сето тоа и ми се допаѓа. Секој си има стил, јебига...
Она шо според тебе, го чувам во гаража 50 години и се мачам по него е затоа што тоа нешто на крај треба да изгледа како денес да излегло од фабрика. Значи, треба да се најде се оригинално за него, ако е ново - супер, ако не треба да се репарира и да се донесе во прифатлива состојба...
А за нешто старо 40 години...да се најде дел не е едноставно.
Да го сакав она што го сакаш ти, досега ќе беше се готово

Да не бегам ептен офтопик, нели за Волксваген муабет правиме...не би имал ништо против едно VW K-70 или, уште поубаво NSU Ro-80
