Каде започнува неверството?

  • Креатор на темата Креатор на темата [MkD]Scout
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене, неверството започнува оној момент кога во очите и мислите на личноста во врска се појави некоја друга за која чувствува нешто посилно од пријателство, а особено ако личноста не се обиде да ги контролира тие чувства, и да се погрижи целосно да не излезат од контрола. Едноставно, кога се јавува желба да сме со некоја друга личност иако сме во врска, кога се' повеќе таа е дел од нашите мечти, фантазии... Тоа е првиот предзнак дека нешто не е во ред, и пред кој можеме или да кажеме стоп, или да оставиме понатаму да повлече и нови последици со себе.
 
1: „Здраво.“
2: „Здраво.“
1: „Врска?“
2: „Важи.“
1: „Правилата се: ______________________...“
2: „Ај и овие: __________________...“
*долго дефинирање на правилата, проследена со/без кавги, солзи, викања, секс, нежности, итн.*
1: „Може?“
2: “Може.“
*функционирање на договорен начин*
1: „Еј, сакам да го променам ова правило.“
2: “Јас не сакам да го промениш ова правило.“
1: “Не ми е гајле што мислиш - јас тоа го правам!“

Последниот ред е неверство.

Без разлика на акцијата што се превзема кога ќе настане неверството (зборување со друг/а, љубење со друг/а, секс со друг/а...), кога еден од партнерите ја спроведува својата волја без разлика на тоа што другиот партнер мисли или сака - тоа е неверство. И бездруго носи промена во врската, т.е. потреба за редефинирање на правилата.

Затоа, сосема е можно еден од партнерите и да прости ако другиот има секс со трета личност, на пример, ако одржувањето на врската е од примарно значење (поради економската состојба, на пример, или ако веста дека тоа се случило може да го наруши имиџот на парот, ако се работи за јавни личности, итн). Повторно, се работи за интерес: ако на некој од партнерите до толку му пречи што другиот партнер има секс со трети личности (на пример), тој може да одлучи да ја прекине врската. Или не, и да живее со тоа знаење, сметајќи дека за возврат добива друго.



Во секој случај, причините за неверство се индивидуални исто толку колку што и причините за почеток на врската. Не постои општо правило. Според мене, единствениот начин да се разбере неверството е овој што го напишав, и секогаш се води од интерес, баш како и секоја врска воопшто.
 
Каде што завршува лојалноста и верноста, таму почнува неверството.
 
Каде што завршува лојалноста и верноста, таму почнува неверството.

Моментот каде што почнува да згаснува довербата, се јавува момент на неверство, или така наречен период на гадна љубомора, пристрастност, себичност и лага... или почеток на крајот:smir:
 
За да постои неверство, мора да придонесат двата партнери. Тоа започнува во моментите на подолга монотонија и незаинтересираност. Кога човек се наоѓа во дилема дали се не е само навика.
Прописното неверство дефинитивно(за околината) започнува со бакнувањето и сексот. Додека индивидуалното, тлее речиси ,,неприметно"во личноста одредено време(кое може да е многу долго) и се манифестира со фантазии и размисли за друг/а.
 
По мое скромно мислење, неверството започнува во мозокот на индивидуата, кога со мислите ќе изневериш и сметаш дека си подготвен да го сториш истото, тогаш сеисто дали си изневерил или ќе изневериш, бидејки доколку мозокот те води кон истото, ќе го направиш тоа во двата случаја. Само ова води кон прашањето кое никако не можам да си го одговарам: WTF изневеруваш?! Ако не ти иде со личноста со која си основал врска, подобро имај муда и соочи се со проблемот, не барај ќоше за проневера, а доколку проблемот е нерешлив, тогаш раскини и продужи даље.
 
[MkD]Scout;593524 напиша:
Драги мои кофорумџии.
Се прашувам од некни од каде почнува неверството.
Дали обичното правење муабет со личност од спротивниот пол е неверство?
Дали навидум невиното флертување е неверство?
Дали неверството започнува со бакнеж усни на усни?
Дали пак неверство е дури и сајбер - сексот?
Дали е неверство реалниот секс?

Сакам да видам какво мислење имате за оваа тематика.
И очекувам искрени одговори..


патем една забелешка до администраторите:
Знам дека има слична тема која воопшто не опишува каде започнува неверството туку ги пронаоѓа границите.
обучно муабетење со било кој не го сметам за неверство просто тоа е обична комуникација сепак сме луѓе
неверството започнува со бакнеж флертување т.е шмекање со некого исто така и сајбер сексот го сметам за неверство а реалниот секс :nesvest: никако не е за опростување најдолна и најгрда работа
 
Според мене ако некој или некоја чувствува дека неговиот/нејзиниот сакан не е доволно со него/неа како што она би посакала/он би посакал бара утеха во нешто ново што може да им влее надеж дека се уште постои некој што можеби сака да е со нив...Најчесто неверствата се она другарско зближуванје на спротивни полови зборување за све и свешто отварање на нивните души и тиа мислат дека ако саканиот саканата не е до нив ќе најдат утеха у некој друг...ете така започнува едно неверство од мушко зенска страна :toe:
 
Верувале или не неверството започнува во пределот на гениталиите, од таму нешто те тера на парење, чудна работа мајката не сме нормални сакаме секс...
 
Неверството започнува со сомнежот од едната страна и неговото имплементирање во врската.
 
Коа женската не му дава на дечкото и он е приморан да најде некоја друга за да ги задоволи своите потреби
 
Коа женската не му дава на дечкото и он е приморан да најде некоја друга за да ги задоволи своите потреби

А што ако тој бре не и дава? Верувал или не, мене тоа ми се има случено :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom