Здраво на сите... долниов пост пред една недела го пуштив на
IT.COM.MK , ама Андријески и компанија ја закочија иницијативата, а гледам таму и нема некој храбар да дискутираме посериозно и да бараме решение за проблемите, кои не мачат повеќето од нас... гледам и овде се дискутира за проблемите со АДСЛ на Т-home, па реков да се обидам и овде да добијам одговор барем на едно прашање: Дали некој има идеја зошто се јавува гушење на лаптопот попладне и ноќе кога сум приклучен на АДСЛ, а насабајле се е во ред. Еве го целиот пост подолу...
====================================
Долго време размислував дали да отворам ваква тема... па еве прилика да ги кажам моите искуства...
Ги поминав сите и адсл на мт.нет, па кабелска, па WADSL на on.net, па од нова година пак се вратив на МТ.НЕТ - АДСЛ...
Почнав со 2 гига и бргу ги надминав, се префрлив на 10 гига... слаби перформанси (чести прекини и непостојана брзина)... па скокнав на 100 гига, мислејќи дека со тоа ќе ги решам сите технички проблеми, а воедно ќе си ги скратам и нервозите во семејството од расправиите... кој колку гига потрошил.
Но... види беља... наместо подобро (очекувајќи ВИП третман), јас влегов во уште поголема катастрофа... ем со попразен џеб... ем со поголеми и неиздржливи проблеми.
Накратко... многу чести прекини (никогаш незнам дали сум онлајн или офлајн, дали ме зеза некој програм или е до интернетот, дали серверот им паднал на хостингов од страната што сакам да ја отворам или...) и тоа трае и трае веќе цел месец се поинтензивно.
Интервенирав на 0800 12345 повеќе пати (над десетина)... се се сведуваше на тоа... „дадовме налог ќе проверат колегите за што се работи„.
Бидејќи ситуацијата не се менуваше повеќе од 20 дена, а никој не ми кажуваше во што е проблемот, добив совет од еден од нив, да поднесам приговор на 171 и да го објаснам случајов.
Поднесов приговор на 171... советот беше да почекам два дена ако ништо не се смени пак да се јавам.
Утредента ми се јавува Т. од МТ.НЕТ и ме прашува дали имам телефон приклучен пред сплитерот... одговарам дека немам и дека линијата на која сум врзан е дирекно од бандера (платена 1000 марки... на времето од телеком ме принудија на тоа, за да го избегнам ПЦМ уредот).
По кратка дискусија, заклучокот беше да ја појачам конекцијата пред сплитерот и пак да им се јавам, бидејќи мерењата покажале загуби... да се провери дали е до тоа.
Појачувам конекција... ми велат се е во ред сега ќе имате одличен интернет... и стварно првата вечер „лета„,... нема прекини, нема гушење... ни дење ни ноќе.
За жал, мојата радост траеше само еден ден... веднаш потоа иста песна... и уште полошо... чести прекини, непостојана или никаква брзина, неотварање на страни особено надвор од МК, се до гушење на компјутерот.
Ставам на хибернација ноќта... сабајлево отварам капакот, два три саати задоволува и компјутерот си работи, како ништо да не било ноќта... со исти отворени програми и исти сетинзи...
Вртам кај Т. неколку пати не ми се јавува (иако го гледа бројот на дисплеј)...или можеби си замина на одмор.
Логички (нестручен) заклучок: МТ.НЕТ нема доволно капацитети или не се соодветно распоредени на сите корисници... или некој намерно си поигрува со нас. По појачувањето на конекцијата, само еден ден намерно оставија да биде се во ред (значи, можат ако сакаат), а веднаш потоа пак по старо...
Најлошо е што не ни ја кажуваат вистината и си играат мајтап со нас и со нашето здравје и пари...
Може ли некој да ми каже дали имам решение за гушењето на лаптопот. Пред 4-5 години, кога почна АДСЛ на мт.нет, за ист проблем советуваа да доинсталираме некои драјвери... има ли сега решение...
Мислам дека е крајно време да се организираме во здружение на интернет корисници и организирано да си побараме остварување на нашите права, ако треба и преку суд.
поздрав на сите