3G телефонија во Македонија? Кога?

Член од
5 август 2006
Мислења
164
Поени од реакции
10
Мислам дека некој е многу грешка со тоа што вели дека Владата не дозволувала да се распише тендер за 3G технологијата. Тој што ги следи овие состојби мислам дека знае оти Агенцијата за електронски комуникации доби налог за распишувње на јавен повик за користење на 3G технологија од страна на Владата и притоа во јавноста изнесоа дека биле изненадени од овој чекор и дека тоа не биле сега нејзини приоритети. Еве го и повикот кој што вчера го распиша АЕК по налог на Владата:
Агенцијата за електронски комуникации

на сите заинтересирани субјекти за користење на радиофреквенции за мобилни системи, го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Согласно заложбите на Владата на Република Македонија за воведување на системи од третата генерација (3G) IMT-2000/UMTS, како и во согласност со Планот за доделување и користење на радиофреквенциите, донесен од Агенцијата за електронски комуникации и објавен на веб страната www.aec.mk, радиофреквенциите од опсезите наменети за мобилните системи од третата генерација (3G), IMT 20000/UMTS се уште не се доделени.
Со оглед на фактот дека се работи за ограничени ресурси на радиофреквенции, а со цел да се утврди заинтересираноста за користење на радиофреквенциите од следните опсези:

• IMT-2000/UMTS (3G):
o 1920-1980 MHz/2110-2170 MHz UMTS FDD
o 1900-1920 MHz/2010-2025 MHz UMTS TDD
o 1980-2010 MHz/2170-2200 MHZ Satellite Mobile UMTS

се повикуваат сите заинтересирани субјекти да го искажат својот интерес за доделба на наведените радиофреквенции со писмено обраќање до Агенцијата за електронски комуникации, најдоцна до 1-ви септември 2007 година, на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации
Ул: Димитрие Чуповски бр.13
1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА или на
факс: + 389 2 3224611
Во однос на тоа што е напишано во Утрински мислам дека е изнесено од контекст се со цел да се оцрни Владата. Но сепак гледам дека и многу луѓе паѓаат и веруваат на тие измислици изнесени од овој медиум кој себеси се смета за независен.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
4
Поени од реакции
0
• IMT-2000/UMTS (3G):
o 1920-1980 MHz/2110-2170 MHz UMTS FDD
o 1900-1920 MHz/2010-2025 MHz UMTS TDD
o 1980-2010 MHz/2170-2200 MHZ Satellite Mobile UMTS
Нешто ме интересира, Satellite Mobile UMTS подржува секој 3Г телефон ли или тие се некои посебни?
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
најнови вести на оваа тема

Еден мобилен оператор ќе добие лиценца за 3Г технологија
Миле Јанакиески


Само еден од трите мобилни оператори ќе добие лиценца за 3Г технологијата. Станува збор за услуги во мобилната телефонија кои ќе овозможат поквалитетни разговори, побрз пренос на слики, видео и податоци преку мобилен телефон.

Почетната цена на лиценцата е десет милиони евра.

„На компанијата која треба да биде избрана на тендерот, кој ќе го распише Агенцијата за електронски комуникации во текот на овој месец, Владата и предлага во рок од шест месеци од почетокот на комерцијалното работење оваа услуга да ја понуди на останатите оператори по цени за кои може да добие максимум 54 поени, и тоа по 18 за 3Г услугите, 18 за фиксна телефонија и 18 за цени на интернет“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

извор: А1 ТЕЛЕВИЗИЈА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom