Амаури беше повикан од Дунга но Амаури не се јави на тој повик...Од друга страна, јас сум сигурен дека Италијаните попрво ќе го прифатат Амаури него Балотели во Сениорската репрезентација..Најнов случај е пред една недела кога Балотели беше бомбардиран со банани од Италијанските навивачи кои носеле Италијански дресови , а биле и навивачи на Рома, а Балотели се шетал со Џовинко и Кришито, на подготовките за Репрезентацијата во Рим..И Балотели веројатно има голема желба за настап во Италијанскиот дрес, па на новинарското прашање да го потврди тоа одбегнуваше да изјави,и рече дека не памтел такви работи...
И Каморанези е роден во Италија, од 1 ден од својот живот има Италијански пасош, па му правеа проблем, а не на Балотели..Не викам дека и Амаури не би се соочил со слични ситуации, но гарант дека навивачите попрво ќе го примат Амаури него Балотели...
Уф грешка, ипак добро реков, проблемот ке да е бојата на кожата .
Каморанези е роден во Буенос Аирес, кога настапи на првиот меч за Италија не ги знаеше зборовите на химната, а и по освојувањето на СП изјави се осеќам како Аргентинец но ги бранев боите на Италија со достоинство .
Проблемот на Балотели со фановите на Рома почна од мечот Интер - Рома, и затоа беа тие испади на фановите на волчицата, кои Липи ги нарече идиоти/имбецили кои треба да се игнорираат .
Пак ке кажам, Балотели е роден во Италија, израснат од италијанска фамилија и е Италијанец со потекло од Гана .
100000 примери имаш во државава, луѓе кои јас лично ги знам, родители родени во Хрватска, Србија а дете родено тука и цел живот проживеано тука, па себеси се смета за Македонец, со државјансво Македонско и во попис деклариран како Македонец . Тоа е тоа, реков јас, проблемот е бојата на кожата кај Италијанецов . :smir:
За Каморанези самиот Баџо тогаш изјави, не се секирајте, ке играм јас за Аргентина, али ај, Камора има италијанско потекло па некако му прогледаа низ прсти .
Вртете ја како сакате работава, Балотели е Италијанец, Амаури не, споредната е црно со бело, факт .
За болдираното, кои фанови ? Ти гарантирам дека далеку поглем број од италијанската јавност го нема тој став, ок освен фанови на Јувентус и тоа не сите, не оние кои имаат граница Јуве - Италија . А да, и расистите од кои цел Свет се гади .
Не паѓаат жабарите толку ниско, да ставаат Италијанец пред некој роден на друг контитент, уште еден факт . :smir: