Англија не заслужува пласман на Евро 2008
Селекторот на руската репрезентација, Гус Хидинк ја продолжува војната на зборови со најголемиот ривал за освојување на второто место во Е групата од квалификациите за Евро 2008.
"Ако добро ја анализираме состојбата во нашата група тогаш се доаѓа до заклучок дека Англија воопшто не заслужува пласман во завршницата на Европското првенство. Ние барем игравме поконстантно. Мислам дека успехот се мери според пласманот, ако ние бидеме пред Англија никој нема право да каже дека незаслужено ќе патуваме во Австрија и Швајцарија.", истакнува Хидинк.
Потоа рускиот селектор се осврна на саботниот решавачки натпревар за неговиот тим.
"Многу сум смирен и релаксиран. Јасно е дека се зависи од нас самите и затоа воопшто не се грижам. За мене овој меч е рамен на финале на Светскиот куп и целосно сум фокусиран кон победата против Израел", заврши Хидинк.