Ништо од Анталија за Пелистер
Битолскиот фудбалски прволигаш ќе тренира дома до стартот на пролетната сезона
Миодраг Мицковиќ
Иако претседателот на Пелистер Круме Волнаров навести дека ќе бидат обезбедени подготовки на фудбалерите во познатиот турски спортски центар Анталија со помошта а новиот амбасадор на Македонија во оваа држава Горан Тасковски од тоа нема ништо. Засега нема ниту абер за тие подготовки, играчите тренираат во Битола на снег бидејќи и покрај топлото време се уште има снежна покривка на стадионот под Тумбе-кафе. Досега е одигран само еден контролен меч, со 11 Октомври од Прилеп на кој Пелистер победи со 2:1, прикажувајќи добра игра против осетно засилениот прилепски второлигаш 11 Октомври кој има големи амбиции од есен да игра во Првата лига.
За денес се бара противник во некоја од екипите што се подготвуваат во Охрид или, пак, со охридските второлигаши Охрид 2004 или Охрид Лоте, но и тука има финансиски проблеми, бидејќи на Пелистер му се потребни пари за секое гостување во Охрид.
„Во Охрид, Спортскиот центар бара по 10.000 денари за одигрување пријателски меч, а плус 4.500 денари треба да платиме за судии, па каде се тука парите што мора да ги дадеме за превоз со автобус до Охрид. Излегува дека секој пријателски меч ќе не' чини околу 500 евра, што ни е навистина многу во оваа беспарица во која се наоѓа клубот“, ни рече шефот на Стручниот штаб, Неџат Хусеин. Засега е единствено сигурен пријателскиот меч со второлигашот Тиквеш во Кавадарци во сабота каде што ќе мораме само да го платиме превозот.
Иако се наоѓаат на последното место на табелата, со многу мали шанси за опстанок во лигата, во Пелистер без оглед на незавидната положба на табелата, тешката финансиска ситуација во клубот, пелистерци се' уште го немаа кренато „белото знаме“ и не мислат така лесно да се предадат.
„Има се' уште да се игра, додека имаме шанси, дури и теоретски ќе се бориме, вели тренерот Хусеин. Имаме навистина сега добар и млад тим, дури 30 фудбалери на располагање кои тренираат. Оваа бројка е голема, деновиве ќе донесеме одлука кои фудбалери ќе позајмиме на двојна регистрација. Добро е што во клубот се вратија Коњански, Ивановиќ и Ралевски кои играат за Новаци, а потоа Шалевски од Силекс. Во првиот тим се прекомандувани неколку талентирани играчи од нашиот подмладок. Едно е сигурно, доколку не успееме да обезбедиме опстанок, ќе имаме навистина одлична екипа со која верувам за една година, ќе се вратиме во прволигашкото друштво. Но, за тоа ќе разговараме кога ќе заврши годинашново првенство на Македонија“.
izvor
Dobro e sto ke se odigra prijatelksa so tikves drugo se nadevam deka nema da mu gi dadat na dvojna na novaci tuku na nekoj drug klub inaku za taskovski rekovme da ne plaka pripremi vo antalija tuku da najdi nekoj sponzor ili pak ako ne investirot za vo gradot pa potoa lesno e