Уште еден осврт на друг новинар
Informator.ws
Битолскиот спорт во 2010 година
Немањето на финансиски средства оваа година ги одреди (не)успесите на битолските клубови, а поединечните спортови годинава стандардни.
Иако во годината што изминува влеговме со желби и надежи дека нема да има финансиски проблеми кај сите клубови, сепак тоа повторно се случи, можеби дури и полошо отколку што прогнозираа и најголемите песимисти. Во една таква ситуација никој и не очекуваше подобри резултати на битолските клубови и спортисти кои се натпреваруваат на различни нивоа.
Многу пресврти во ФК Пелистер
Годинава што изминува за фудбалерите почна со шпанската турнеја и со промената на раководството на ФК Пелистер. По Круме Волнаров на чело на клубот дојде Ванчо Атанасов, кој, да бидеме искрени, почна со добро темпо на секое поле. Парите се исплаќаа според договореното меѓу него и фудбалерите, а не изостануваа ниту резултатите што “пелистерци“ ги постигнуваа на зелениот терен.
Тренерот на Пелистер, Науме Љамчевски, во тоа време ја направи најуспешната серија, во целиот пролетен дел прими само еден гол под Тумбекафе, а одбраната на Пелистер беше најдобриот дел од екипата. Како резултат на тоа дојдоа понудите за најголемиот број фудбалери, кои, за жал, во текот на летниот преоден рок си заминаа од Пелистер. Претседателот Ванчо Атанасов не направи ништо да се задржи барем “костурот“ на екипата, а за некои засилувања и да не зборуваме.
Пелистер во оваа актуелна сезона почна со сосема нов и подмладен тим, кој немаше капацитет да им се спротивстави на останатите клубови кои не само што имаа добри екипи, туку и дополнително се засилија. Покрај слабата екипа, Пелистер имаше проблеми и на организациски план, а кулминацијата беше тоа што Атанасов го немаше да се појави на стадионот подолго време. Како резултат на ваквата неорганизираност тренерот Науме Љамчевски и неговиот помошник Ѓоко Илиевски поднесоа оставка, а на негово место дојде Неџат Хусеин.
Но, и по промената не се средија работите во Пелистер, а “Чкембарите“ од ложата ги избркаа и соработниците на Атанасов. Во меѓувреме старото раководство “работеше“ на судски план и пред еден месец со судска пресуда се врати во Пелистер.
Сега претседател на Пелистер, е повторно Круме Волнаров, кој го чека голема работа во оваа зимска пауза, да најде нови засилувања, да ја заокружи финансиската конструкција и секако да се обиде да го спаси Пелистер од испаѓање од Првата фудбалска лига, што со оглед на пласманот на табелата нема да биде лесно.
Ракометарите го пречекаа ракометниот гигант Адемар Леон
Иако и ракометарите во текот на оваа година ги имаа истите финансиски проблеми тие успеаја минатата сезона да обезбедат пласман во ЕХФ купот и да ја платат котизацијата за играње во ова европско натпреварување.
Во првиот настап на европската сцена го имаа луксембуршкиот клуб Дуделанд, кој во драматична завршница во реваншот во Битола успеаја да го елиминираат и да се пласираат во понатамошното натпреварување, но, за жал, го добија за противник големиот ракометен гигант шпанскиот Адемар Леон.
Иако имаше проблеми околу финансирањето за тоа коло на ЕХФ купот, сепак Управата на Пелистер најде пари и успеа еден натпревар да се одигра во Битола, на радост на љубителите на ракометот во нашиот град, кои дојдоа околу 5.000 во салата “Младост“. Иако Пелистер беше поразен, сепак, големиот аплауз на крајот од натпреварот докажа дека битолчани знаат што значи да се има за противник една ваква екипа.
На домашен план се е по старо. Двете најбогати и најдобри екипи се пред Пелистер, а битолскиот лигаш има реални шанси на крајот од оваа сезона повторно да биде на третата позиција на табелата.
Кошаркарите последни
Иако Управата на КК Пелистер во оваа сезона влезе со амбиции да ја затвори финансиската конструкција и да се пласира меѓу најдобрите шест екипи кои ќе продолжат во Супер шест лигата тоа не се случи.
КК Пелистер без генерален спонзор, со млада екипа и со само две победи оваа полусезона е на последното место на тебелата и без некои шанси за опстанок во Лигата. Сега засега нема најави од Управата на Пелистер за некои дополнителни средства, а со тоа и за нови кошаркари со кои би се обиделе да направат обид за спас од испаѓање.
По 13 години повторно бокс во Битола
По повеќе од една деценија во спортската сала “Младост“ се монтира ринг и се одржа државно првенство на кое учествуваа и битолски боксери. Две златни медали, по една сребрена и бронзена и најдобар боксер на Државното првенство Александар Најдовски, е добар почеток за враќање на боксот во Битола.
Билдерите стандардни
Базата на бодибилдингот во Македонија и натаму останува во Битола, која и оваа година го даде државниот првак во апсолутна категорија. Зоран Лазаревски со својот клуб “Паљо“ беше домаќин на годинашното државно првенство, во кое титула во категорија освои и Пеце Котевски.
Котевски и Томче Николовски учествуваа и на две светски првенства во Словенија и во Австралија и оттаму се вратија со по два пласмани во полуфиналето. Иако имаа квалитет и за пласман во финалето, поради слабата, или поточно никаква, логистика мораа да се задоволат со полуфиналето.
Боречките вештини со добри резултати
Членовите на КК Самурај од Битола и оваа година ќе ја паметат по учеството на неколку меѓународни турнири, а во нивни спомен секако ќе остане настапот во Атина, Грција, каде сопружниците Гордана и Тони Бошевски освоија бронзени медали во силна конкуренција.
И оваа година членовите на џудо и аикидо клубот Пелистер од Битола се активни учесници на неколку државни и меѓународни натпревари. Оваа година Центарот за боречки вештини од Битола успешно го одржа меѓународниот семинар во хотелот “Молика“ на кој предавач покрај претседателот и тренерот Ѓуро Илиќ беше и легендата во реалниот аикидо проф. д-р Љубомир Врачаревиќ, првиот човек на овој спорт во светот.
Кога сме кај Ѓуро Илиќ мора да спомнеме дека тој оваа година успеа комплетно да ја реконструира спортската сала каде што е сместен центарот за боречки вештини, со средства на бордот на директори, а како член на Федерацијата на спортски федерации на Македонија, успеа за првпат во Македонија една нивна седница да се одржи надвор од Скопје,во Битола.
Навивачката група “Чкембари“ прослави 25 години
Оваа година што изминува беше јубилејна и за навивачката група “Чкембари“ кои со низа активности го одбележаа јубилејот. Беше организирана изложба на фотографии, крводарителска акција, прослава на плоштадот “Магнолија“, а нови кореографии беа покажани на фудбалскиот и на ракометниот натпревар на денот на јубилејот.
Два мотоклуба, две трки
Двата битолски мотоклубови и оваа година имаа настапи на неколку државни мотокроса, а мотоклубот “Мото-старс“ организираше и две трки на територијата на Битола. Првата трка беше на патеката кај селото Братиндол, а втората на спротивната страна на Битола, кај Смолево. Оваа трка беше во конкуренција ендуро, што за првпат се организира во Битола.
Треба да се напомне дека Кристијан Илиевски беше неприкосновен и оваа година во својата конкуренција, а членовите на “Мото-старс“ доброволно се вклучија во Противпожарната единица на Битола, каде помагаа во лоцирање и гаснење на шумски пожари.
Од останатите поединци кои нешто направиле оваа година треба да се спомне и Спасе Георгиевски кој полека станува најдобар во фрлање копје. Иако не тренира во Битола, тој како битолчанец настапи на Балканијадата во Турција.
Годината помина, а сега на крајот кога треба да се сумираат резултатите и официјално да се прогласат најдобрите клубови и поединци, Сојузот на спортови на Битола нема да има лесна работа кој да го прогласи за спортист на Битола за 2010 година. Не заради силната конкуренција, туку заради тоа што и оваа година никој не се наметна над останатите со пласман на некое меѓународно натпреварување.
ps.многу слични текстови и проценете кој од кој препишвал или се подсетувал :salut:
p.p.s . miczobt односно
ај ако се врати назад во земјата кажи што има ново со товојот круме и состојбата во клубот или ако не на фб барем прашај го што е како е па да ни пренесеш некаква било каква информација :smir: