Фан Клуб: Пелистер

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.717
Поени од реакции
3.073
Чекај бе па ти, рано е за испаѓање...
Гледаш и ние сме хаварија, па и Брегалница. Еден од нас ќе се спаси и ќе дојде до бараж, две од овие три екипи сигурно идат во втора лига...
So ti e be se spasuvame ni baraz nema da igrame od 6to do 8mo msto zijame ke vidis ;) :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.272
Bez gol i bez bod i natamu nadvor od Bitola















Fudbalsko prvenstvo na Makedonija 2010/11 - 7 kolo

Skopje - Pelister 2:0 (2:0)

Samo zaradi odzemanjeto na tri boda na skopski Vardar po neodigruvanjeto na mecot od 3 kolo vo Turnovo, Pelister ne go zaposedna dnoto na prvenstvenata tabela po 7 odigrani kola. I na cetvrtoto gostuvanje (petto ako se smeta i Kup mecot vo Stip) fudbalerite na Pelister ne postignaa gol na gostuvanjata i zaminaa so navednati glavi od gostuvanjeto kaj noviot prvoligas Skopje na Zelezarnica. Vo natprevar vo koj se vlecea posledicite od teskite nateganja za vreme na nedelata, netreniranjeto i neisplatenite dolgovi, domasnite fudbaleri podobro vlegoa vo natprevarot i go kontroliraa vo tekot na site 90 minuti. Gostite tenki vo sredniot red bez kaznetiot Aleksandar Veljanovski, kako i protiv Rabotnicki pariraa polovina cas a potoa po prviot primen gol nivnata igra se raspadna i porazot bese neminoven. Se igrase 30 minuta koga po akcijata na Kirovski od vtor plan se pridodade Kolekeski i go prinudi Petrovski na kapitulacija. Gostite protestiraa zaradi debel ofsajd koj ohridskite sudii ne go zabelezaa. Pelisterci ne samo sto ne reagiraa tuku mu dozvolija na igracot na natprevarot Kirovski vo poslednite momenti od prviot del da se proslavi. Imeno najnapred iznudi najstroga kazna po duelot so Milenkovski (bitolcani protestiraa zaradi prekrsokot koj bese napraven nadvor od sesnaesetnikot) , a potoa penalot go transformirase vo zgolemuvanje na vodstvoto.
So 2:0 na poluvreme, zelenite imaa ogromen tovar pred sebe vo prodolzenieto i samo jalovo se obidoa da se vratat vo natprevarot. Nitu vleguvanjata na najmladite Ljamcevski i Kelesovski ne uspeaa da gi razbudat ambiciite za postignuvanje na gol, koj ke ja vrati neizvesnosta. Po Renova, Horizont Turnovo i Vardar noviot prvoligas Skopje e cetvrtiot tim koj uspea da go pobedi Pelister vo novata sezona koga bitolcani se gosti. Po cela edna decenija Skopje uspea da slavi so bitolskiot prvoligas vo natprevar za bodovi. So samo 4 boda isto kako i Bregalnica, izbranicite na Ljamcevski se zakovani vo opasnata zona na delba na 10 i 11 mesto. Vo narednoto 8 kolo vo Bitola doaga liderot Metalurg, koj osvoi poveke od trojno bodovi od ovie koi gi ima Pelister na prvenstvenata tabela.


Тренерите на ФК Пелистер се оградија од одговорноста


20 September 2010
0

Стручниот штаб на Фудбалскиот клуб Пелистер денес упати соопштение до битолската фудбалска јавност и Управниот одбор на клубот за причините поради кои Стручниот штаб на ФК Пелистер се оградува од одговорноста за резултатите што ги постигнува првиот тим на Пелистер.

Во соопштението стои дека кај Стручниот штаб и играчите постои константно незадоволство поради неподмирените заостанати обврски: заостаните плати, премии и договри, растурање на речиси целиот тим од минатата сезона со ветување дека ќе бидат донесени адекватни замени, натпреварување со играчи од младинскиот погон кои не можат да бидат носители на игра во овој момент, пропуштени летни подготовки, задоцнет почеток, сместување во интернат и лоша исхрана.


Резигнирани се од пропуштената мини пауза за подготовки во која што требаше екипата да се допотготви, бидејќи засилувањата беа донесени пред самиот старт на првенството, како и свесното испуштање на првотимци вкако: Сашо Лазаревски, Мајк Цветковски, Тони Брначевски и Александар Ангеловски, потоа немањето на помагала за работа како топки, тренерки, шушкавци и јакни, секојдневната нервоза кај персоналот, напуштањето на лекарот и физиотерапевтот, константните проблеми на играчите со сместувањето во станови и нивната исхрана по рестораните, немањето на правилник за наградување, недоразбирањата со Управниот одобр за ручек пред натпревар, давањето на последен рок за целосна исплата со сите во клубот до 31 август што не е испочитуван.


На барањето на д-р Зоран Лазаров да се направат базични лекарски прегледи на играчите и нивно соодветно третирање не е одговорено, а најголем револт создаде поделбата на играчите при последната исплата во која 7 играчи примиле плата а останатите не, што создаде револт во тимот при што беше оневозможена работата на тренинзите, стои во соопштението на Стручниот штаб на ФК Пелистер на кое се потпишаа, шефот на СШ, Наум Љамчевски, тренерот Ѓоко Илијовски и тренерот на голманите Бранко Дукоски.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
толку од новиот спонзор и разно-разните ветувања....под тумбе кафе се пее стара песна која не ја заслужува феноменалната публика од Битола,голем срам за нас е битолскиот спорт во овој момент:kesa:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.272
ПРВА МФЛ 7 КОЛО 18 / 09 / 2010 година (сабота) 15.30 час


СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

СКОПЈЕ, АВТОКОМАНДА

Главен судија Шулески Стевче - Охрид
1 асистент Неделкоски Драге - Охрид
2 асистент Тодоровски Жарко - Охрид
КОНТРОЛОР Јосифов Зоран – Кавадарци

4 судија Јакимовски Дејан - Скопје

Сабота ќе ја играме можеби најважната утакмица во есенскиот дел и со евентуален успех и победа ќе се одлепи од дното на табелата ,но гледајќи кој ќе ни суди се плашам дека шулевски пак(како со вардар кога имал закани од навивачите на полувреме) ќе подлегни на притисоците на управата и играчите на скопје .Значи мора да се изнајди некое решение и ние како група да патуваме во скопје и да му ја дадеме подршката на клубот во овие тешки моменти а не да се оди само на ракомет во прилеп оти без навивачи тешко би направиле нешто :salut:

Ostavka na strucniot stab, Ristevski momentalno resenie


Krizata vo FK Pelister kulminira ovaa nedela i toa koga fudbalska Bitola ocekuvase proslava na 25 godini od postoenjeto na navivackata grupa “Ckembari”. Namesto toa potvrdeni se najavite za kolektivna ostavka na strucniot stab na pelisterci na celo so Naum Ljamcevski, negoviot pomosnik Goko Ilievski i trenerot na golmani Branko Dukovski. Tie najavile zaminuvanje pred gostuvanjeto vo glavniot grad vo sabotata, a ostavkata ja aktivirale nekolku dena podocna po pasivnosta na pretsedatelot koj i natamu ne dosol vo Bitola. Mesto Ljamcevski ekipata veke dva dena ja vodi Spase Ristevski, koj e trener na mladinskata ekipa i ke go vodi timot do pronaoganje na trajno resenie. Ristevski e dete na Pelister koj vo slicna situacija i vo 2002 godina go nasledi Bozic i vo finaleto na nacionalniot Kup go osvoi peharot protiv Sloga Jugomagnat.
Ljamcevski skoro edna godina go vodese Pelister, iako golem del od natprevarite namesto na klupata sedese na tribinite zaradi nerazjasnetite administrativni problemi na klubot so negoviot prethodnik Mackov. Minatata sezona zelenite bea vistinski hit i stignaa do 5 mesto vo sampionatot i mnogu blisku do finaleto na nacionalniot Kup. No ovaa sezona toj i negovite sorabotnici nemaa adekvatni uslovi za rabota i poveke zaradi toa otkolku zaradi serija porazi koja trae, se odlucija za ostavkata. Atanasov se ocekuva vo Bitola za prevzemanje na radikalni cekori, naimenuvanje na trener kako i najava za nekolku novi iminja koi ke go zasilat skromniot igracki roster na Pelister.
Vo Bitola simpatizerite na zelenata boja se zagrizeni i treperat za opstanokot vo elitata. No pokraj za to se govori i za katastrofalniot tretman od strana na sudiite na mecot so Skopje. Ne samo zaradi dvata neregularni gola tuku i zaradi kriteriumot na Sulevski, koj vtoro gostuvanje po red sudi na steta na Pelister. I protiv Vardar i so noviot prvoligas Skopje, bitolcani imaat zamerki na nacinot na koj se delese pravdata.



По повод 25 постоење на Чкембари денес почнуваат активностите за одбележување на овај голем љубилеј со утакмица по меѓу ветераните на чкембари и младите навивачи
Утре среда од 12 до 16 ќе се одржи кроводарителска акција во спортската сала младост
Четвртоток со почеток во 20 часот на плоштадот магнолија ќе има музичка програма на која ќе настапат битолските сотави како чоканче паркети папмерси и др Забавата би требало да трае до после полноќ исто така на истата ќе бидат врачени послебни плакети за заслуги на подини членови (правни и физички лица) за придонесто на навивачката група
Петок преку целиот ден ќе има изложба во магазата на слики од 25 години Чкембари и ќе биде добра прилика за сите млади да ги видат старите достигнувања на групата барем преку слики
Сабота е Роденденот на навивачката група Чкембари ,во 13 часот ќе има собирање пред плоштадот магнолија и со едно кортео преку широк сокак ќе се оди на утакмицата Пелистер-металург во 15 30 часот на стадионот под тубе кафе каде ќе има спремено кореографија и до сега најголема бакљада на нашите простори Потоа од фудбал директно ќе се оди на ракомет Пелистер-вардар од 18 часот каде ќе биди лудило исто така со кореографија и пиротехничко шоу

Значи не пропуштајте го СПЕКТАКЛОТ ВО БИТОЛА, НАЈГОЛЕМО ПИРОТЕХНИЧКО ШОУ, КОРЕОГРАФИЈА... !!!

Покана до сите вљубеници на спортот, сите Битолчани, и сите оние кои барем еднаш во животот биле ЧКЕМБАРИ, сите заедно да го прославиме овај голем јубилеј.
Чкембари 1985 , 25 години заедно со Пелистер, 25 години непрекинато навивање, 25 години пример за навивачите во Македонија!!!
Не пропуштајте ја атмосверата која досега се нема случено во Македонија !!!
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.272
ФУДБАЛ
БИТОЛСКИТЕ НАВИВАЧИ ГО ДОНЕСОА ВАНЧО АТАНАСОВ НА “ТУМБЕ КАФЕ” А ТОЈ ИМ ГО УНИШТИ КЛУБОТ

ПЕЛИСТЕР УМИРА, ЈУБИЛЕЈ ЗА “ЧКЕМБАРИТЕ”

Додека првиот човек на клубот живее во свој филм, фудбалери не тренираат, стручниот штаб се повлекува а “зелените” секој ден се се поблиску до распад и до понизок ранг

Битолски Пелистер преживува од ден на ден но се ближи денот кога ова екипа ќе се врати во понизок ранг. Стартот на сезонат е очаен, лош, мизерен... Таков и се очекуваше да биде со оглед на тоа кои луѓе останаа во клубот и на каков начин квалитетните имиња беа распродадени во текот на летото. Сето тоа се случуваше со денови и денови но оние со чија што помош фамозниот Ванчо Атансов дојде во клубот остануваат неми и без жестоки реакции. Тоа се “Чкембарите”! Една од најбројната и најдобра навивака група во земјава која не заслужува ваков слаб и лош Пелистер. Клуб кој речиси е главен фаворит за испаѓање од лигата. Зарем за ваков Пелистер беа ланските турбуленции, фалсификатите и направенат превласт. Ако ова е добро тогаш секоја чест за сите кои имаат удел во уништувањето на овој Пелистер.

И во денот кога “Чкембарите” се подготвуваат за прослават на својот 25 роденден на стадионот е тмурно. Нема тренинзи. Фудбалерите кои со месеци не добиле “банки” од управата немаат трпение. Лажните ветувања ги гази времето па така и дотичниот Ванчо Атансов не може вечно да ги манипулира ниту играчите но и фудбалерите. Сите тие негови “финти” денес за утре се одамна прочитани но најголемата жртва од сето ова не се тие кои го донесоа, тие кои имаат ќар од режимот на Атансов туку Пелистер. Гордоста на сите битолчани затоа што клубот не е на Ванчо, Љамче и поранешните на власт Круме, Китан...

И каква прослава ќе имаат “Чкембарите” во сабота за јубилејот кога можно е нивниот тим да не игра со Металург. И да игра! Колкави се шансите на овој банкротиран тим да излезе на крај со водечкиот - Металург. Виновникот е само Ванчо Атансов и никој друг! Битолчани треба да си ги бараат грешките и во своите редови затоа што веруваа во “човекот од иднината” а под негова палка младиот тим кој беше создаван 2-3 сезони се разбега за неколку дена. Сега тимот е слаб, неконкурентен и при дното од табелата. За ваков очаен Пелистер речиси и нема шанси за опстанок доколку не се случат промени на “Тумбе кафе”. Но з промени потребни се финансии. Многу повцеќе од оние пари кои кружеа во Битола токму пред една година кога интервенира пријателите на режимот во ФФМ со чија што помош се спречи клубот од бојкотот кој настана во ноември 2009 година. Пелистер беше за еднократна употреба и затоа сега ги нема и тие кои во тоа време му мислеа “добро” на клубот од Битола кој за жал со децении е жртва на прилепската фудбалска диктатура.






Оваа седмица, од вторник до сабота, градот на конзулите ќе биде обележан во знакот на навивачката група ЧКЕМБАРИ. Програмата за овие денови е:

Вторник, 17 часот:
Фудбалски натпревар помеѓу старата и младата генерација на чкембари, многу забава, смеа и дружење.

Среда, 12 часот:
Крводарителна акција во спортската сала "Младост" во одделот за играње пинг понг. Времетраење од околу 4 часа.

Четврток, 20 часот:
Забава на градскиот плоштад "Магнолија" заедно со битолските групи. Точење на бесплатно вино и пиво.

Петок:
Изложба на фотографии.

Сабота, 13 часот:
Собир на сите чкембари пред плоштадот магнолија

Сабота, 15 часот:
Фудбалски натпревар помеѓу Пелистер и Металург

Сабота, 18 часот:
Ракометен натпревар помеѓу Пелистер и Вардар.


*** За сите настани припремени се соодветни кореографии и пиротехнички средства

--- надополнето ---

“Чкембарите“ го започна славењето на 25. роденден
21 SEPTEMBER 2010

0
-Денес навивачката група “Чкембари“ го започна славењето на јубилејот 25 години од основањето.
-Славењето ќе биде до сабота на ракометниот натпревар Пелистер-Вардар.



Денес со одигрување на ревијален натпревар во мал фудба, битолските навивачи “Чкембари“ ја започнаа неделата во која со неколку настани ќе го слават својот 25 роденден. На ревијалниот натпревар од една страна настапија основачите на навивачката група “Чкембари“, Ефто, Јапоно, Крто, Цици, Балто, Кенан, Зуле, Чалтоно, Зелката, Ќепецо, Овцата и другите, од другата страна “фудбалери“ од денешната постава на навивачката група.







Во натпреварот победија помладите, но резултатот секако беше во втор план, бидејќи целта да се видат заедно по многу години беше постигната.

Утре продолжува славењето, а точно на пладне ќе се одржи крводарителска акција во спорската сала “Младост“.





За четврток е планиран концерт на “Магнолија“ на кој ќе настапат битолските рок групи, “Чоканче“, “Паркети“ и “Памперси“, а ќе има и настапи на ди-џеи и други гости.

За петок е најавено отворање на изложбата на фотографии од архивата на навивачката група “Чкембари“ од повеќе фотографи од Битола.

Сабота славењето ќе започне во 13 часот на Магнолија, а оттаму ќе се оди на срадион на натпреварот Пелистер-Металург, на кој е најавен најголема баклијада досега одржана во Битола.

Завршницата е на ракометниот натпревар Пелистер-Вардар во 18 часот, каде се очекува да биде “најжестоко“, бидејќи сите посакуваат победа за јубилејот над вечниот спорстки противни Вардар.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Честитам за 25 годишнината!

Да си дочекате уште многу години.... само не вакви, во ваква мизерија!
:smir:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Нов тренер на Пелистер е Неџат Хусеин ака ЏАТЕ!!!
По оставката на Љамче,Џате ќе ги вади жешките костени од котелот наречен Пелистер,да не се изгори само и тој....
Не гледам шо би се сменило....
Прашање е дали ќе се вратат дезертерите во тимот-играчите кои ја напуштија Битола заради безпарицата...
Ако не се смени нешто драстично во поставеноста на играта а пред се во финансиската слика на тимот црно ни се пиши...:pop:
Единствена добра работа е шо тука сме негде со конкурентите и заедно со Вардар,Силекс,Бреагалница ќе се мачиме кој ќе го избегни најлошото....:jaj:
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
состојбата во клубот ниеден тренер не ја управува,а на Џате нека му е со среќа-не е свесен во каков кошмар навлегува,ама тоа е негов проблем......состојбата во клубот е крајно загрижувачка,уште полошо е што некој небитолчанец стигна да не пусти
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Нов тренер на Пелистер е Неџат Хусеин ака ЏАТЕ!!!
По оставката на Љамче,Џате ќе ги вади жешките костени од котелот наречен Пелистер,да не се изгори само и тој....
Не гледам шо би се сменило....
Прашање е дали ќе се вратат дезертерите во тимот-играчите кои ја напуштија Битола заради безпарицата...
Ако не се смени нешто драстично во поставеноста на играта а пред се во финансиската слика на тимот црно ни се пиши...:pop:
Единствена добра работа е шо тука сме негде со конкурентите и заедно со Вардар,Силекс,Бреагалница ќе се мачиме кој ќе го избегни најлошото....:jaj:

Има уште некој шо си отиде, или ова од почетокот тие шо си отидеа?


И едно прашање ако може, некој да ми каже нешто за Благојче Марковски!
Од пред некој ден нов играч на Брегалница... најверојатно ке дебитира на наптреварот со Турново во 9 коло!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Има уште некој шо си отиде, или ова од почетокот тие шо си отидеа?


И едно прашање ако може, некој да ми каже нешто за Благојче Марковски!
Од пред некој ден нов играч на Брегалница... најверојатно ке дебитира на наптреварот со Турново во 9 коло!
Засега надвор од клубот се играчите шо не се од Битола-Брњарчевски,Ангеловски-но најверојатно ќе се вратат-ќе ги излажи Ванчо со некоја илјадарка....:kesa:
Е сеа,друга работа,многу поважна за мене,шо речиси сите новодејдени играчи се ептен слаби на кондиција....посебно Брњарчевски од кого најмногу се очекуваше пред сезоната:tapp:...
Така да џабе од "новите засилувања":tapp::tapp::tapp:...
Засега освен Мајк Цветковски никој го нема напуштено ОФИЦИЈАЛНО клубот....

П.С.Околу Благојче Марковски,тој играше во Силекс неколку сезони и тоа доста успешно...
Според мене доста добар,:висок,робусен,доста снаодлив во дуел играта...
Тренираше со Пелистер летово,одкога не успеаа да најде анганжман во странство....сепак немаа пари од Пелистер да го донесат...
Добро засилување!!!Честито!:salut:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.272
Интервју: Навивачка група “Чкембарите“ по повод 25 години постоење
22 SEPTEMBER 2010

0
Оваа седмица е во знакот на навивачката група “Чкембари“ од Битола, кои одбележуваат 25 години од своето постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен со низа настани кои почнаа вчера, а ќе завршат во спортската сала “Младост“ во Битола, на ракометниот натпревар Пелистер-Вардар.


Почетоците на навивачката група “Чкембари“ се од пред 25 години, а првото масовно организирано патување на еден спортски натпревар се случи на “мајсторката“ меѓу екипите на Пелистер и Партизан од Бјеловар од баражот за опстанок во тогашната прва ракометна лига во Белград.





-Ракометот тогаш беше многу популарен во Битола. Се одигруваа натпревари од Првата ракометна лига, а тука беа и трофеите на Југославија во ракомет. Сите навивавме за Пелистер во една еуфорична атмосфера, а кога беше доведено во прашање учеството во тогашната најквалитетна лига, сите заминавме на Бањица во Белград за да го бодриме Пелистер, заедно победивме и останавме во таа лига, се потсетува Ефто Божиновски, еден од водачите на навивачката група “Чкембари“.



По патувањето во Белград следуваа и многу други патувања со битолските екипи, а покрај со ракометарите патувавме и навивавме и со фудбалерите, односно “Чкембарите“ биле и на трибините на најголемите фудбалски стадиони низ поранешна Југославија.



-Имавме организирани патувања на “најжешките“ ракометни терени во тогашната Југославија, на дерби-натпревари со најквалитетните екипи. Бевме во Белград, Ниш, Урошевац, Загреб, а покрај на ракометните терени сме се претставиле и на најголемите стадиони во поранешна Југославија, “Пољуд“, “Максимир“, “Маракана“, “Стадионот на ЈНА“. Имаме добри, но и лоши спомени од тие патувања, но сепак тие беа добри времиња кога ние ја почнувавме нашата навивачка кариера, вели Никола Талевски - Јапоно и додава:

-Кога сме кај организираното навивање мора да се спомне и навивањето на меѓународните натпревари, односно патувањата, пред се со ракометната екипа на Пелистер. Сите ние, да речам, “повозрасните“, оти другарите се лутат кога велам “ветерани“, се сеќаваме на гостувањата во Киелце, Флензбурх, Малме, Варна, Копенхаген. Пелистер имаше значајни меѓународни ракометни настапи, а и ние уживавме заедно со ракометарите.

Покрај убавите спомени “Чкембарите“ паметат и доста лоши моменти:

-Сите имаме по некој лош спомен, но кога се среќаваме и си евоцираме спомени, верувајте во преден план се убавите работи. Се она што било лошо некако како што минува времето го забораваме. Но, она што не можам никогаш да го заборавам, а верувам и останатите “чкембари“ од таа генерација нема да го заборават, е реваншот од полуфиналето против Лемго во Битола, кога Николиќ промаши, а Германците се радуваа. Ќе кажам за себе дека многу тешко го доживев тоа, а и останатите не поминаа полесно. Според мене, тој е најцрниот ден за битолскиот спорт и за “Чкембарите“.

Многумина “Чкембарите“ ги нарекуваат “лоши момчиња“. За оваа квалификација Александар Талески - Крто вели:



-Се она што се случуваше во спортската сала “Младост“ беше нов стил на навивање, за разлика од тоа што се случуваше дотогаш. Имаше навивање диригирано од незаборавниот Мате Шундовски, а потоа се формиравме ние “Чкембарите“. Никој не спомна како дојде до името “Чкембари“, но ете јас ќе повторам, иако сите знаат дека Битола е позната по чкембе-чорбата, па ние само ја продолживме таа традиција. Покрај новиот стил на навивање, поагресивен, ние имавме неколку проблеми со ривалската навивачка група “Комити“ од Вардар и тоа ривалство трае се до денес, а ќе се покаже и в сабота. Најголемиот инцидент се случи на средбата против екипата на Вардар на стадионот, а тука беше и тепачката која не беше по наша вина, но многумина ни ја припишуваат нам, на натпреварот со Металопластика во “Младост“. Сето тоа беше доволно да ни припише епитетот лоши момчиња. Тука беа и блиските средби со полицијата, што не ни одеше во наш прилог. Кога се ќе се погледне од сегашна перспектива, не можеме да кажеме дека бевме “цвеќиња за мирисање“, но не бевме ниту толку лоши. На пример, ќе кажам дека сега од таа прва генерација сите сме горе-долу средени, немаме некои проблеми со законот и сите сега сме фамилијарни луѓе кои во добар дух ги воспитуваат своите деца. Да бидеме реални, имаше некои беа и на “другата страна“, но во “армија“ од 5.000 навивачи, има од се по нешто.

Неговиот другар не само по навивање, Балто, се присеќава и на еден многу битен факт кој некако се остава настрана.

-Ние бевме навивачи кои за време на поранешна Југославија навиваа за различни клубови, Партизан, Црвена Ѕвезда, Динамо, Хајдук, но по формирањето на независна Македонија, сите ние бевме едно, националисти Македонци. Бевме на протести пред Касарната, кога се селеше ЈНА, кога се тргнаа камерите од стадионот, кога скандиравме “Битола-држава“, незадоволни од централната власт и се покажавме како локал-патриоти.

Не може да има навивање без песни, а кога се песните во прашање тука е Атанас Смилков или како што многумина го знаат Кенан.



-Се компонираа песни во зависност од приликата, песните беа снимани од нас, а беа вклучени и битолски пејачки и пејачи. Сите се радуваа на нашата покана да снимаат песна за Пелистер. Имавме и имаме најубави песни за нашиот Пелистер, но тука се и оние што се направени како провокација за “Комитите“. Тие се трудеа да не копираат, но ништо од тоа, тешко им одеше и се уште тешко им оди.

Оние постарите, кои ја почнаа оваа навивачка ера во Битола, сега му се лутат на Јапоно, кога на ракометни и фудбалски натпревари истакнува транспарент: “Чкембари – ветерани“. Но, да ги спомнеме Ефто, Балто, Кире Чалтоно, Крто, Кире Катангата, Грамофоно, Ѕунѕо, Кенан, Цици, Зелката, Флоре, Центо, Аљото, Татаро, Монголо, Хондо, Велата, Шварцо, Тапано, Балто , Гаштаро, Зуле, Ѓаљата, Флиперо, Парпало, Сајпо и останатите на кои сега не можам да се сетам, нека не се лутат, но полека “им врви времето“, иако тие не се даваат.

Сега со огромниот навивачки хор диригираат некои помлади, на кои им е оставена иднината, која, како што велат постарите, е комерцијализирана. Основачите на навивачката група “Чкембари“ апелираат да се врати идеологијата што ја имаа некогаш.

Но сега, не само основачите туку “Чкембарите“ ги мачи тоа што не гледаат квалитетен спорт, туку гледаат како клубовите мака мачат со финансиите, кои се прв услов за квалитетен спорт. Не само “Чкембарите“, туку и сите битолчани се надеваат дека повторно ќе не огрее спорсткото сонце.

Текст: Сашо Ристевски

Фото: Сашо Ристевски и ахрива на Јапано

http://www.informator.ws/novosti-od-...7282--25-.html



На “Магнолија“ славеа “Чкемабрите
23 SEPTEMBER 2010

0
-Постоевме и во Југославија, постоиме сега во Македонија, а ќе постоиме и во обединета Македонија, рече еден од основачите на “Чкембарите“, Ефто Божиновски.
-Повеќе од 2.000 навивачи на навивачката група “Чкембари“ вечерна пред битолчани го прославија својот 25 роденден, а на оние кои биле секогаш со нив им доделија благодарници.



Во низата на свечености со кои се прославува јубилејот 25 години постоење на навивачката група “Чкембари“ вечерва на плоштадот “Магнолија“ се одржа настан на кој се пееје навивачки песни, но сите се присетија на она што се случувало во овој период.







На навивачите им се обрати и градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој рече дека покрај сите работи кои се случуваат во Битола и по кои таа е позната, не смее и не може да се заобиколи и навивачката група “Чкембари“.





-Не знам дали во Македонија и пошироко има посилна навивачка група, но знам дека “Чкемабрите“ се душата на Битола. Сакам заедно сите да го славиме и 50 роденден, рече меѓу другото Талески.





На заслужни поединци и институции “Чкембарите“ во знак на благодарност му доделија благодарници. Признанија за 25 годишно пријателство добија: градоначлникот Талески, Силјан Мицевски, Ефто Божиновски, Александар Талески –Крт, Битолски весник, Тера телевизија, РЕК “Битола“, групите “Паркети“ и “Памперси“, “Чоканче“. Благодарниците ги предаде водачот на навивачката група, Никола Пискачев-Пискачо.





На крај атмосферата ја запали, еден од основачите на “Чкембарите“, Ефто Божиновски, кој на сите им го честита роденденот, и им рече да се чуваат за сабота кога треба да го победат Вардар во “Младост“, и на фудбалерите на стадионот под Тумбекафе, против Металург.





-Постоевме во Југославија, постоиме сега во Македонија, но ќе постоиме и во обединета Македонија, потенцираше Ефто, по што се запалија точно 50 бакљи, како рекоа “Чкембарите“ за секоја година по две.





Присутните ги забавауваа групите “Памперси“ и “Паркети“ а честа да ја отворат забавата ја имаа членовите на “Чоканче“ со кои “Чкембарите“ ги снимија првите навивачки песни.





Утре, петок продолжуваа свеченостите со отворањето на изложбата на фотографии од “Чкембарите низ годините“ која ја подготвија Никола Талески-Јапан и Сашо Ристевки, а ќе биде свечено пресечена и роденденската торта.

http://informator.ws/novosti-od-bito...-22-01-01.html






http://galerija.konzuli.com/thumbnails.php?album=845
:vozbud:


100% Сум сигурен дека нема да загубиме од металург на фудбал а за ракометот 1000% ќе победиме .
Напред Пелистер ти си живот наш
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.272
Husein go dirigirase prviot trening


Po skoro dve sezoni, legendarniot bivs fudbaler na Pelister Nedzat Husein se vraka na kormilot na negoviot maticen Pelister. Iako pregovorite traea nekolku dena po ostavkata na Ljamcevski i negoviot stozer, vcera pretpladne dojde do dogovor na site detali, Husein da go prevzeme timot uste pred mecot so Metalurg. Denovive po intenzivnite telefonski razgovori, pretsedatelot Atanasov dva pati vo tri dena pristigna vo Bitola da go “izgasne pozarot”. So Husein e dogovorena sorabotka do krajot na ovoj sampionat so moznost za prodolzuvanje i za narednata sezona se vo zasivsnost od rezultatite. Ovie denovi iskusniot strucnjak treba da go naimenuva negoviot tim na pomosnici. Posleden pat koga sedese na “zelenata” klupa na Husein mu pomagaa Milenkovski i Petrovski. Ova e cetvrto vrakanje na Husein vo taborot na pelisterci, a po tret pat toa go pravi sred sezona. Husein go odvede Pelister do tretoto mesto i nastapot vo Kupot na UEFA vo sezonata 2008/09, a sezona podocna bese smenet po domasniot poraz od Pobeda (0:1) vo 7 kolo. Taka po Mackov, Cvetanovski, Ilievski i Ljamcevski, zelenite povtorno pocnuvaat od Nedzat Husein.
Toj vcera go izdirigira prviot trening na koj se pojavija skoro site fudbaleri od postoeckiot roster. Treningot bese intenziven so posebna vnimanie na odbranata koja samo na eden mec vo sampionatot ne primi gol. Raznisanata atmosfera mora nabrgu da se popravi, bidejki v sabota verojatno pred rekordna poseta vo Bitola doaga Metalurg. Iako skopskite zeleni skoro nikogas ne se raduvale na poln plen pod Tumbe kafe, sega ja imaat favoritskata uloga. So 11 boda poveke na bodovnoto saldo i razlika vo kvalitetot na igrackiot kadar, Metalurg e pod pritisok za trite boda vo Bitola. No so ogled na toa deka Pelister nema nitu gol, a kamo li bod nadvor od Bitola, kade bi osvojuval bodovi ako ne vo svoeto “buniste”.
Vcera Atanasov trebase da se sretne i so “Ckembarite” koi ja zapocnaa svojata nedela na proslava na 25 godini od nivnoto postoenje. Pokraj zabavni, sportski i humanitarni manifestacii, bitolskite navivaci centralnata manifestacija ja planiraat za v sabota pod Tumbe kafe, kade so nova koreografija i pirotehnicko sou treba da go odbelezat nivniot cetvrt vek postoenje.

Bradonjic: So trcanje se ke nadopolnime

“Motivirani sme i ocekuvame poln stadion. I pokraj problemite veruvame deka so angazman i trcanje mozeme se da nadopolnime, pa i ovaa kriza vo koja se naoga klubot. Znaeme kakov protivnik ke imame protiv sebe, no i rivalite treba da se grizat kako ke minat vo Bitola pred nasite navivaci. Optimist sum i vetuvam maksimum do trite boda” rece eden od najstandarnite kako minatata taka I ovaa sezona Nemanja Bradonjic


Pocna terapijatana Husein


Vo Pelister povtorno se od pocetok. Po petti pat vo poslednite sedum godini se menuva strucniot stab sred sezona, sto e znak deka rabotite ne odele kako sto treba vo dosegasniot tek na sezonata. No najavite se deka problemite se minato i deka zelenite gi ocekuva period na satisfakcija i radosti za golemata armija navivaci. Vcera pretsedatelot na klubot Vanco Atanasov pristigna vo Bitola da definira del od nerazjasnetite situacii. Ni otkri deka za nekolku dena ke se donesat novi iminja vo postoeckiot roster i ke bidat poznati iminjata na pomosnicite na Husein:
"Mu dadovme tri dena na novit trener da gi odbere svoite sorabotnici i zaednicki da pocnat so rabotata. Vo meguvreme vo Bitola veke nekolku dena se naoga Goko Cvetanovski koj ke go nosi dresot na Pelister, no duri od narednata nedela bidejki ne uspeavme da go registrirame za mecot so Metalurg. Se raboti za iskusen 28 godisen fudbaler koj so svoeto iskustvo ke mu pomogne na timot. Narednata nedela vi vetuvam pretstavuvanje na uste dve novi iminja kako bi go podobrile igrackiot kadar" optimist bese Atanasov pri svoeto doganje vo Bitola.
Povratnikot na klupata Nedzat Husein go prifati predizvikot vetuvajki mnogu rabota i angazman. "Situacijata ni malku ne e lesna no povikot na Pelister ne se odbiva. Veruvam deka so mnogu rabota i posvetenost site zaedno ke mozeme da se raduvame na novi uspesi na nasiot milenikbese deciden kormilarot na "zeleniot brod".
Povredata na mladiot Dragarski gi remeti planovite na noviot trener vo odbranata kade Pelister ima najmal fond na fudbaleri. Ako 19 godisniot defanzivec ne bide podgotven togas samo Risetvski, Micevski i Panovski ke bidat vo kombinacijam za centralnite pozicii vo odbranata. Po povredata na mecot so Skopje, napagacot Lazar Iliev e fit i cela nedela trenira so ekipata i ke bide vo startniot tim za mecot so liderot. So ogled na toa sto vo interval od 7 dena sleduvaat mecevite so Metalurg, Bregalnica i Napredok zelenite znaat deka treba da se akumuliraat silite, no sekogas prviot nareden mec e najvazen.

“Ckembarski spektakl" na bitolskiot plostad

So odlicna organizacija minuva nedelata posvetena na jubilejot na navivackata grupa Ckembari. Taka po natprevarot vo mal fudbal na veteranite na navivackata grupa i onie najmladite i vcerasnata krvodaritelska akcija, sinoka bitolcani prisustvuvaa na zabaven spektakl. Na bitolskiot plostad Magnolija se odrza zabavna programa so izvedbi na bitolskite muzicki grupi, poraka od gradinacalnikot Talevski i blagodarnici za najzasluznite vo razvojot na ovoj cetvrt vek na navivackata grupa Ckembari Kulminacijata treba da se sluci utre pod Tumbe kafe koga se ocekuva pirotehnicko sou i specijalna koreografija po pov 25 godini na navivackata grupa Ckembari.
[/IMG]
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.272
Честитам за 25 годишнината!

Да си дочекате уште многу години.... само не вакви, во ваква мизерија!
:smir:
Фала на честитките :smir:

Со самото тоа што само ти честита за роденденот повторно се покажа Б-коплексот на форумот и стравот од нас и се покажа кој знае по кој пат дека сме најдобри со самото тоа што никој друг немаше доблест и храброст да честита :salut:

Чкембарите“ ја секоа роденденската торта
24 SEPTEMBER 2010

0
Вечерва во Домот на културата беше отворена изложба на фотографии “25 години навивачка група “Чкембари“, која ја отвори новинарот и фоторепортерот Сашо Ристевски.
Широк Сокак денес украсен во зелено-бела боја.



Вечерва со отворањето на изложбата на фотографии заврши претпоследниот ден од празнувањата по повод јубилејот на навивачката група “Чкембари“ од Битола.





На исложбата се поместени 35 фотографии од сите битолски фото-репортери кои во текот на овој период ги фотографирале навивачите на фудбалските и ракометните терени, дома и на гостувањата.





За изложбата говореше новинарот и фоторепортерот на Битолски весник, и Австралиски “Информатор“ Сашо Ристевски, кој во име на сите битолски новинари и фото-репортери им го честита јубилејот и им посака многу заеднички радости по спортските терени.



По отворањето на изложбата беше пресечена роденденската торта.



Додека “Чкембарите“ беа во Домот на културата една нивна група го украсуваше Широк Сокак, а битолчани кои утре ќе бидат таму ќе ги пречека зелено-бела главна улица

p.s.Се истури од врнење упм да се надеваме дека кај 12 ќе прекини и нема да се заеби атмосветрата

Среќен роденден Чкембари :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom