Фан Клуб: Пелистер

Z

ziko bt

Гостин
velanovski od belasica posledno zasiluvanje za pelister

Вељановски е играч за врска, кој, заедно со повратниците Талевски и Јанчевски, треба да ја зајакне играта во средината на теренот.
Пелистер ангажираше осуммина нови фудбалери зимава, од кои четворица странци (Јандриќ, Станковиќ, Соуса и Жуниор) и исто толкав број повратници (Талевски, Рутевски, Јанчевски и Вељановски).

utre sileks-pelister vo 2 sato
 

vlade_kav

Добро дете !!!
Член од
30 ноември 2008
Мислења
201
Поени од реакции
3
  1. Момци, ке одиме ли во скопје сега, на вардар пелистер? Што дата е ако може да пише некој, и ке се договориме колкава екипа идиме од кавадарци... Поздрав :smir::smir:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
  1. Момци, ке одиме ли во скопје сега, на вардар пелистер? Што дата е ако може да пише некој, и ке се договориме колкава екипа идиме од кавадарци... Поздрав :smir::smir:
Има време ке бидите благовремени известени позз се гледаме
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Сакам да ги прашам Чкембари зашто не биле на гостовање денеска во Кратово или дали конечно ќе признаат дека се станати дерби навивачи
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.668
Поени од реакции
2.880
hheheeh samo so vardat idat i toa site na edna tribina pa obicni smrtnici se palat idat so 50 dusi najverni navivaci i ke dojde brojka od 500 dusi toa e toa
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Сакам да ги прашам Чкембари зашто не биле на гостовање денеска во Кратово или дали конечно ќе признаат дека се станати дерби навивачи
Се направи напор се побара еден бус од управа.Криза е не одбија.Ни рекоја со Победа ке даеле сигурно.Желба имаме ние за сите утакмици да бидиме присутни ама не секогаш условите ни дозволуваат
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
318
daj boze da dojdete za so pobeda...barem pelagoniskoto derbi da go zalici...se videlo inace od fudbalot makedonski
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.668
Поени од реакции
2.880
a za poimot samofinansiranje ste slusnale?
 
Z

ziko bt

Гостин
Пелистер чекор до Втора лига



Новиот тренер Алексо Мацков верува дека неговиот клуб ќе се спаси од испаѓање

Миодраг Мицковиќ

Љубителите на фудбалот во Битола се оправдано загрижени за судбината на својот миленик Пелистер кој по неделното прво пролетно прволигашко коло се најде на последното место на табелата со само 15 бодови. Имаат и право бидејќи се' уште се сеќаваат на оние тажни второлигашки години кога Пелистер со тешка мака успеа да се врати во прволигашкото друштво во кое последниве години секогаш се наоѓаше во горниот дел на табелата. Меѓутоа, големите проблеми што ги имаше клубот пред почетокот на годинашново првенство кога Тони Мицевски и Митко Стојковски си заминаа, кога беше сменет и тренерот Неџад Хусеин, дојде до извесна стагнација која се обидува да ја поправи новиот претседател Круме Волнаров, но сето тоа тешко оди бидејќи Пелистер се бори и со финансиски проблеми. Инаку, за потсетување, на крајот од минатогодишната сезона, Пелистер беше трет и играше во Купот на УЕФА.

На стартот на пролетниот дел битолчани останаа без двајца свои најдобри играчи, Бразилците Миранда и Жуниор, си замина и Степановски (Ренова), Момировски (Победа) и Тодоровски во Шкендија кои беа клучни играчи во тимот на битолскиот прволигаш. За новата сезона во клубот се вратија Рутевски и Талевски, дојде Бразилецот Де Соуза, Србинот Јандриќ и новиот тренер Алексо Мацков ќе се обиде да го спаси Пелистер од најлошото, од испаѓањето од Првата лига.

„Јас не се плашам од испаѓањето од Лигата, мене ме загрижува единствено големата неефикасност на мојот тим што го пројави на мечот со Силекс во Кратово. Наместо да победиме убедливо, загубивме со 1:0 и се најдовме на последното место на табелата, беа зборовите на Мацков. Навистина ситуацијата не е розова, но не е и толку лоша бидејќи верувам дека овој тим ќе ги покаже и докаже своите квалитети на наредните натпревари. Веќе в недела играме на свој терен со Напредок, доколку победиме ќе го напуштиме последното место“.

Пред Пелистер е Победа со еден бод повеќе, Напредок и Металург со два и пет бодови повеќе имаат Турново и Силекс што сепак, не е недостижно. Во последните три есенски кола Силекс, Победа и Металург треба по еднаш да паузираат и тука е шансата на Пелистер да избега од дното на табелата.

„Во клубот владее добра атмосфера без оглед на последното место на табелата и поразот во Кратово од Силекс“, ни рече во телефонскиот разговор претседателот Круме Волнаров. Правиме напори до крајот на неделата на фудбалерите да им исплатиме по една плата и премија што им должиме, верувам дека ќе играме многу подобро и што е најважно поефикасно. Навистина е фудбалска трагедија како го загубивме мечот со Силекс во Кратово, имавме иницијатива, имавме пет-шест стопостотни шанси, но не успеавме да ги реализираме. Можам само да им се заблагодарам на домаќините на одличниот пречек и одличното судење на Зоран Бошков од Неготино. Пелистер има сили, има тим и доколку во наредните три средби освоиме барем пет бода ќе можеме многу посмирено да играме во продолжението од првенството, во разигрувањето. Пелистер не смее да дозволи повторно да се врати во Втората лига што би било трагедија за битолскиот фудбал. Тоа нема да го дозволиме“.
 
Z

ziko bt

Гостин
Битолчани сардисани со казни и постапки

Фудбалските работници од Битола, Круме Волнаров, Тоде Кулевски и Есад Хаџибулиќ заработија казни од по 18 месеци, да не извршуваат која било функција во фудбалскиот спорт. Ваквата забрана им ја одмерија дисциплинците во ФФМ, по пријавата од ОФС Битола. И покрај претходните забрани изречени од дисциплинците, тие продолжиле да донесуваат одлуки во ОФС, кои според надлежните во ФФМ се нелегитимни. За разлика од функционерите во Битола кои добија конкретни казни, против шефот на стручниот штаб на прволигашот Пелистер, Алексо Мацков е покрената постапка, бидејќи на средбата со Силекс во Кратово извршувал функција тренер, за која не бил најавен и немал соодветна лиценца. Пелистер и претходниот тренер Неџат Хусеин го немаат расчистено договорот, поради што новоангажираниот тренер Мацков не може да добие дозвола од тренерската организација да седи на клупата. Поради ваквиот пропуст постапка заработи и делегатот Мирко Јовчевски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom