Добро бе не сте на мирц вакви муабети што правите.
Како прво чии идоли сте вие Комитите? Чии...?
Навивичка група што демолира автобус на клубот за кој навива, кој физички се пресметува со играчите кои ги бодри, кој ги брка спонзорите од клубот... не е навивачка група за пример. Постојат други поцивилизирани начини за протест, ама нив луѓето ги знаат, а не дивјаците. Се знае за што е задолжена управата, за што играчите и за што навивачите. И темата е Фан клуб Пелистер, така да навивачите на Пелистер можат да пишуваат што сакаат, никој не ви одговара на вас, нити ве прашува што е и како е.
Последниот договор беше денеска воопшто да не се оди на Железарница, да се пријави дека автобусот се расипал, ама ете во последен момент се одлучиле да допатуваат во Скопје. Иначе уште неколку фудбалери деновиве добија исписница и полека но сигурно се повторува 2004та.
Ако имаш акал, ќе просперираш и во Битола и во Скопје и во Дедебалци.
Нормално дека сум локал патриот, исто како што си и ти... од една страна го напаѓаш градот, а од друга ти се допаѓал. А маршрутата е моја маршрута, горе-долу била иста како и таа на татко ми и на дедо ми.