Фан Клуб: Пелистер

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
ПЕЛИСТЕР ПОД "ТУМБЕ КАФЕ" ГО ПРЕСЛУША МИЛАНО
Рафал на битолчани
*Степановски во првото полувреме почна, а Рутевски и Главевски во второто го "скротија" кумановскиот прволигаш и му го вратија во иста мера "долгот" од првиот меч во Куманово
ПЕЛИСТЕР - МИЛАНО 3:0 (1:0)

Стадион под Тумбе Кафе во Битола. Гледачи: 3000. Судија: Стевче Шулески (Охрид); помошници: Кирил Негриески (Струга) и Драге Неделкоски (Охрид). Делегат: Дамјан Асталкоски (Струга).

ПЕЛИСТЕР:

Пашовски 3

Елмазовски 2,5

Ставревски 2,5

Димов 2,5

Степановски 3

Тодоровски 3

Петковски 2,5

Блажевски 2,5

( 77' Стојановски2,5)

Рутевски 3

(80' Петковски)

Момировски 2,5

(60'Трифуновски 2,5)

Главевски 2,5

МИЛАНО:

2 Кметовски

2 Илиевски

2 Ристов

2,5 Јовановски

2 Брандо

2 Лазаревски

2 Исуфи

(2,5 Стојановиќ 45')

2 гаши

2,5 Аломеровиќ

2 Али

(Лимани 80'))

2 Мисердовски

(2 Сали 63')

Стрелци: Степановски 20', Рутевски 62', Главевски 74' (П). Жолти картони: Тодоровски, Главевски (П); Ристов, Гаши, Али (М). Црвен картон: Јовановски 70' (М).

Играч на натпреварот: Благојче Рутевски - Пелистер
Фудбалерите на Пелистер вчера ја покажаа најдобрата игра оваа сезона без ниту една грешка и заслужено му се реваншираа на Милано за поразот од стартот на сезоната кога беа поразени на гости во Куманово. Иницијативата "пелистерци" ја имаа од стартот на натпреварот, а по првиот гол од прекин и по отворањето на резултатот заиграа послободно.

Гостите во средината на првото полувреме имаа иницијатива, а двата удари Пашовски одлично ги одбрани и не дозволи израмнување. Во второто полувреме, посебно по влегувањето на младиот Трифуновски се почувствува свежина во играта на Пелистер, а токму тој учествуваше и во акциите по кои беа постигнати и двата гола на Пелистер. Се потврди дека битолчани имаат млад потенцијал кој во иднина ќе ја преземе улогата на лидери во првата екипа. Пелистер одлично играше почнувајќи од голманот Пашовски, па одличниот последен ред Ставревски, Димов и Степановски па с$ до напаѓачите Главевски и Момировски, кој не искористи да се запише во листата на стрелците. Сепак, најекспониран кај "пелистерци" беше Рутевски, кој постигна гол, асистираше и ја погоди и пречката.

Гостите од Куманово имаа желба, дадоа с$ од себе, но вчера Пелистер беше пресилен за нив, а дисциплинираната игра на "пелистерци" им донесе полн погодок.

С. Ристевски
ПЕЛИСТЕР - МИЛАНО

1 корнери 5

10 прекршоци 16

9/4 удари/во 4/3

4 офсајди /

2 ж. картони 3

0 ц. картони 1
Минута по минута....

18' - Момировски сам се избори за позиција за удар, но од 10-ина метри шутира покрај голот.

1:0 20' - Одличен центаршут на Рутевски од левата страна, по слободен удар Менде Степановски скока највисоко и погодува со глава.

30' - Одличен удар на Аломеровиќ од 15-ина метри, а уште подобра интервенција на домашниот голман Пашовски.

31' - Силен удар на Илиевски од средината на шеснаесетникот, Пашовски со многу среќа одбранува.

38' - Момировски сам влегува во шеснаесетникот на гостите и кога имаше избор дали да бие или да му додаде на Главевски, тој шутира само на веќе паднатиот голман Кметовски.

40' - По слободниот удар по десната страна од 17 метри Рутевски силно шутира, но само во пречката.

47' - Обид на Блажевски од 18 метри, силно шутира, но над голот.

54' - Нововлезениот Стојановиќ од 7-8 метри шутира силно, не го погодува голот на Пелистер.

2:0 62' - Акцијата ја почна нововлезениот Трифуновски, ја продолжи Рутевски, се избори за влез во 16-те метри, а од 10-ина метри силно шутира под голманот на Милано Кметовски.

70' - Обид на гостите преку Илиевски од мртов агол од десно, но топката заврши во корнер.

3:0 74' - Одличен удар на Елмазовски, од слободен удар од 20-ина метри голманот Кметовски ја одбива топката Трифуновски ја презема му ја дава на Рутевски, овој центрира, а празниот гол со глава го погодува Главевски.

82' - Последен обид на гостите преку Аломеровиќ, но Пашовски повторно брани.
Деби на Ставревски

За екипата на Пелистер на вчерашниот дуел со Милано дебитираше искусниот Горан Ставревски. Тој ги одигра сите 90 минути и заедно со останатите одбранбени фудбалери на битолчани не им дозволи на гостинските напаѓачи да се приближат до голот на Пашовски. Стариот "лисец" Ставревски со играта што ја прикажа на овој меч потврди дека може да одговори максимално на секој натпревар.
Жуниор во "аут"

Бразилскиот напаѓач во редовите на Пелистер поради повреда не настапи против Милано. Неговата замена Главевски ја презема неговата улога и беше еден од стрелците на оваа средба. Повредата на Бразилецот Жуниор е од посериозен карактер. Следното коло Пелистер му гостува на лидерот Работнички К., а лекарските екипи ќе сторат с$ да го вратат во "игра" за да биде подготвен против "романтичарите".
Неџат Хусеин - Пелистер

"Паузата од 14 дена одлично ја искористивме да се подготвиме за оваа средба, а по отворањето на резултатот од прекин продолживме со дисциплинирана игра бидејќи знаевме дека за противник имавме една квалитетна екипа, а грешките ги сведовме на минимум. Заслуживме победа со еден добар резултат, но честитки и за екипата на Милано за фер и коректната игра во Битола.
Ѓоре Јовановски - Милано

"Заслужена победа на екипата на Пелистер, а ние имавме одредени делови на играта во кои создадовме шанси, а кога на еден ваков натпревар шансите нема да се искористат поразот е неминовен. Одлична фудбалска претстава на сите актери вклучувајќи ги и судиите, но со една забелешка дека црвениот картон е престрого донесен бидејќи во една ваква фер игра немаше потреба од тоа.
 

EVIL-B

Hip-Hop Legend
Член од
2 декември 2007
Мислења
357
Поени од реакции
4
Da zivee........
Da zivee........
Nezavisna Bitolaaaa
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
ВО ПЕЛИСТЕР СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА "ОСВЕЖУВАЊА"
Дa се засили средниот ред
*"Нема да се засилуваме многу, потребни се 2-3 играчи од средниот ред", вели спортскиот директор Тони Мицевски

Иако битолските "зелени" се наоѓаат на високото четврто место на табелата, веднаш зад Работнички К, Вардар и Милано, сепак, овој тим може и повеќе. Причините за неколку клучни загубени бодови раководството ги гледа во својата игра, поточно во средниот ред. Затоа од Битола стигнуваат најави дека во зимскиот преоден рок ќе има "освежувања" токму на овие поизиции.

"Задоволни сме од моменталната позиција на табелата, сепак, може повеќе и подобро. Се разбира дека екипите кои се пред нас во моментов имаат поквалитетни состави", вели спортскиот директор Тони Мицевски, кој воедно најави дека ќе има засилувања.

"Како и секој голем тим така и ние размислуваме за нови фудбалери. Нема да доведуваме многу засилувања. Нам ни се потребни најмногу три нови играчи пред с$ во средниот ред. Мислам дека токму на овие позиции ни треба засилување. С$ уште немаме детално разговарано за имињата, тоа треба да го направиме со управниот одбор на тимот и секако тренерот Неџат Хусеин", потенцираше Мицевски.

Како што самиот спортски директор изјави, доколку има засилувања, ќе има и отпуштања. Сепак, претходно треба да се направи состанок на кој би се донеле вистинските одлуки и би било разговарано за тоа што е најпотребно на Пелистер.

Е.Р.
Сериозно се смета на младинскиот погон

"Имаме неколку играчи од младинскиот погон кои покажуваат дека мораме да сметаме сериозно на нив. Имаме добро школо и се разбира дека во зимскиот преоден рок некои ќе бидат прекомандувани во најсилниот состав. Уште сега има неколку играчи кои покажуваат дека располагаат со голем квалитет и се разбира ќе треба да им укажеме шанса", вели Мицевски.

Тимот, конечно, комплетен

Како никогаш досега Пелистер ќе дочека еден првенствен натпревар во комплетен состав. Тренерот Неџат Хусеин има слатки маки во пресрет на тешкиот меч со Македонија ЃП. Сите фудбалери се на располагање, но с$ уште не се знае стартната постава која ќе го одигра овој исклучително важен натпревар за Пелистер.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Денес со Ѓорче ПЕтров игравме
Резултат 1 - 0
Момировски 90'+
иначе имавме и пенал ама ни го одбранија и уште неколку шанси ама се на се убо излезе.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Денес со Ѓорче ПЕтров игравме
Резултат 1 - 0
Момировски 90'+
иначе имавме и пенал ама ни го одбранија и уште неколку шанси ама се на се убо излезе.
Добро е вака. Минимум четврто вадиме сезонава. Со малку среќа и добро судење можи ќе крениме некое место.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Вардар само еден бод ни бега а милано 4....мислам ова сезона максимум можиме 2 место т.е Куп уефа :vozbud:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
ПЕЛИСТЕР ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА ДОЈДЕ ДО ТРИТЕ БОДА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ЃП
Момировски побрз од свирката
* Голгетерот на Пелистер во 90. минута прецизно стрелаше и надомести за сите "утки" есенва
ПЕЛИСТЕР - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0 (0:0)

Стадион Под "Тумбе кафе" во Битола. Гледачи: 500. Судија: Горан Спиркоски; помошници: Љупчо Димоски и Зоран Костоски, сите од Прилеп. Делегат: Марко Марковски (Струга).

ПЕЛИСТЕР:

Пашовски 2,5

Елмазовски 2,5

Ставревски 2,5

(83' Симоновски)

Димов 2,5

Степановски 2,5

Тодоровски 2,5

Петковски 2,5

Блажевски 2,5

Рутевски 2,5

(65' Момировски 3)

Главевски 2,5

Жуниор 2,5

(83' Трифуновски)

МАКЕДОНИЈА ЃП:

3 Симов

2 Димовски

2 Мојсов

2 Деспотовски

(2 Бошковски 46')

2 Илиев

2 Симовски

2 Милосављевиќ

(2 Митрев 46)

2 Јакимовски

2 Фазли

(2 Таири 67')

2 Стојановски

2 Сиљановски

Стрелец: Момировски 90' (П).

Жолти картони: Елмазовски, Тодоровски, Рутевски (П); Димовски, Деспотовски, Бошковски, Илиев, Јакимовски (М ЃП).

Црвен картони: Димовски 82' (М).

Играч на натпреварот: Игор Момировски.
ПЕЛИСТЕР - МАКЕДОНИЈА

7 корнери 2

12/6 удари/во 1/0

8 прекршоци 19

1 офсајди 6

3 ж. картони 5

0 ц. картони 1

0/1 пенали 0/0

Со одличниот удар на Момировски пред крајот на натпреварот Пелистер заслужено ги освои трите бода и со победа се прости од измрзнатите љубители на фудбалот на тешкиот терен кој беше половина покриен со вода под "Тумбе кафе".
"Пелистерци" имаа шанса уште во 11. минута да го отворат резултатот, но поради утката на Главевски до тоа не дојде. Пеналот во 40-та минута го утна Рутевски, а на "пелистреци" им остана во второто полувреме да атакуваат и да се изборат за три бода. Но сите напади беа јалови, а покрај тоа што "пелистреци" имаа слаба реализација за неизвесноста се погрижи и голманот на Македонија, Горан Симов, кој покрај пеналот одбрани и неколку одлични удари на "пелистерци". Битолчани, односно љубителите на фудбалот му простија на Момировски за сите утки во есенскиот дел бидејќи кога беше најпотребно и кога веќе ја изгубија надежта за победа тој прецизно шутираше и му донесе три бода.

Од друга страна, пак, осетно подмладената екипа на Македонија се прикажа во одлично светло, а младите се бореа лавовски во текот на целиот натпревар и ја оправдаа довербата од тренерот Хусеин. Македонија ЃП во слабо издание се покажа во Битола не упатувајќи ниту еден удар кон голот на Пашовски.

С. Ристевски
Минута по минута ......

11' - Одлична акција на Рутевски, шутира, Симов брани, а Главевски на одбиената топка натрча, но не погодува

27' - Рутевски е проигран сам по левата страна веднаш шутира, само во голманот Симов.

40' - Блажевски е соборен во шеснаесетникот на Македонија, а судијата оправдано досудува пенал за Пелистер. Рутевски шутира, но Симов ја одбра вистинската страна и брани

51' - Одличен центаршут на Рутевски од лево, Жуниор со глава, топката мина само неколку сантиметри покрај десниот дирек

56' - Обид на Жуниор од 18-ина метри, Симов спасува избивајќи во корнер

68' - Момировски е сам во шеснаесетникот на Македонија, но од 5-6 метри не успева да постигне гол.

76' - Одличен удар на Тодоровски од 16 метри, некој од одбраната на гостите ја испраќа топката во корнер

85' - Тодоровски повторно во шанса, а топката од калта застана на гол линијата

88' - Главевски се обидува, неговиот удар со глава заврши над голот

1:0 90' - Одличен мајсторски удар на Игор Момировски од левата страна кој ја пласира топката на вистинското место и му носи победа на Пелистер.
Пелистер "кошмар" за Македонија ЃП

Пелистер е несовладлив за "лавовите". И на првиот меч во Ѓорче битолчани победија со 2:0 и ги однесоа трите бода. Во оваа сезона Македонија ЃП с$ уште нема победа над "зелено-белите". Шансата ќе ја бараат во третиот меч од последниот круг во првенството.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:

Неџат Хусеин


"Им честитам на двете екипи за прикажаната игра по тешкиот терен во голем дел покриен со вода и секако на моите играчи за победата. Рано можевме да го отвориме резултатот, но зицерот на Главевски и пеналот на Рутевски не ги претворивме во водство. По такви нереализирани две шанси на еден ваков тежок терен и не може кој знае што да се очекува, но на крај сепак заслужено се радувавме".

Илчо Ѓорѓиоски

"Влеговме ослабени, односно подмладени. Оние на кои им ја укажав довербата, а и останатите, одиграа добро, но, за жал, не успеавме да се одбраниме во последните минути. Во принцип не коментирам судиски одлуки, но овој пат мислам дека малку сме оштетени со тенденциозното судење на страната на Пелистер".
 

EVIL-B

Hip-Hop Legend
Член од
2 декември 2007
Мислења
357
Поени од реакции
4
Se ke se sredi bez obzir na porazot od pobeda...jas mislam deka milano ke padni nema daleku da tera so uspesni rezultati,pa taka da Pelister mozi da se bori i za tretoto mesto (so nadez za poveke)
Da ziveeeee.....Nezavisna Bitolaaaa
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Se ke se sredi bez obzir na porazot od pobeda...jas mislam deka milano ke padni nema daleku da tera so uspesni rezultati,pa taka da Pelister mozi da se bori i za tretoto mesto (so nadez za poveke)
Da ziveeeee.....Nezavisna Bitolaaaa
Od kaj znaes pa deka Pelister ke izgubi,jas mislam najmalku nereseno ke bide so Pobeda
 

EVIL-B

Hip-Hop Legend
Член од
2 декември 2007
Мислења
357
Поени од реакции
4
E ova e moja greska...jas mislev deka natprevarot e odigran...izvinuvanje do site fanovi na Pelister i fala za popravkata :)
Da im posakame sreka kon uspehot...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom