Не знам дали ова е натприродна работа и можеби ќе ме помислите за лудача ,ама пред 3 години,легнав да спијам и како веднаш да заспав(инаку спиев во иста соба со брат ми,ама он во моментот кога си легнував не беше во таа соба). Неколку минути откако заспав почувствував како гушење од кое не можев да се одбранам,а што беше најтрагично не можев ни да се разбудам ,ниту да го помрднам телото.По долго гушење,почувствував само едно лесно ослободување и мислејќи дека сум веќе будна станав од креветот,но кога станав телото остана да ми спие т.е. се гледав себеси како спијам , а не можев на никаков начин да си влијаам. Мислејќи дека сум умрела веќе ,отидов во дневната ги видов моите и брат ми,се обидував да им сигнализирам дека сум тука(инаку гледаа една серија ) ,но тие не ме забележуваа ,односно како да бев дух.Исплашена тотално и мислејќи се што ќе правам понатаму се вратив во собата седнав до сопственото тело и плачев молејќи се повторно да си го вратам духот во телото.Не поминаа ни неколку секунди се разбудив ,гушејќи се и плачејќи , а кога отидов во дневната сите што беа дома беа во потполно истите позиции како и пред неколку секунди и ја гледаа истата серија.Не ми е јасно како можеше да спијам,да се чувствувам дека умирам ,духот да ми се одвои од телото,да шетам по станот и едвај да се вратам назад.
Ептен забеган пост,срамота.:pop: