Ви се случила некоја натприродна работа?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
мхм чудно е и мене ми се случува.........................еднаш брат ми трчаше пред мене и сега јас знаев дека ќе си ја скрши ногата наеднаш како во сон ми помина и он трча и јас не можам да му кажам дека ќе си ја скрши ногата како гласот да го однемав и кога падна и кога ја скрши ногата вече беше доцна и се почудив и се растревожиv :S :S
 
Еве нешто вистинско од мене сон верувајте во ова нема ама апсолутно ништо измислено.
Јас сум од село често играм спортска со тоа што порано играв многу повеке а сега помалку.Е сега внимавајте добро што ми се случува.Играат во вторник/среда Реал Мадрид-Јувентус лига на шампиони пред две сезони.Има еден постар човек од нашето село 40 год. татко на моја другарка и он исто така игра спортска и ми вели ајде ке отидеме да уплатиме спортска и јас му велам ајде ке одиме.И се качуваме во неговата кола и тој вози накај градот и ми вели синока сонував дека Јуве ке го победи 2:0 и јас му велам а бе ајде ти здрав ли си Реал дома да изгуби.Он вика не бе јас ке ја играм за победа за Јуве и отидовме он ја стави 2 а јас 1 ама тој ја одигра сингл на 1000 денари.И натпреварот заврши со победа на Јуве 2:0.
Потоа во четвртокот вечерта си легнувам јас и сонувам Арсенал-Астон Вила 0:2 за Вила и сонувам дека првиот гол ке си го даде автогол Клиши.И станувам петокот сабајлето подоцна затоа што не бев на училиште требаше да одам да играм фудбал за училиштето и си ја зедов заштедата 1000 и одам кај него во продавницата да си купам сок и му кажувам за сонот и тој ми вели"Ако имаш 200 денари играј си ја сингл 2" и јас отидов за градот заврши натпреварот и одам во обожувалницата и на 1000 денари Арсенал-Астон Вила 2 имаше 4.5 коеф. и како што сонував натпреварот заврши 0:2 за Вила.
Оттогаш ми се нема случено нешто слично.
 
чудно...тоа како си сонувал се до танчина...ама често ни се дешава у сонот да дознаеме нешо од иднината...
Еве ја на пример шо ми се десило...
Кога одев накај Охрид т.е бев во Охрид и идев накај Коњско ( така мислам се викаше местото не сум сигурен)и сеа возиме со кола внатре цела фамилија...и има дел од автопатот што е пушка прав.и сеа мене наеднаш нешто ми светна (коа глеав скроз се ми беше бело) и тако едно 2-3 секунди и после престана.Иначе ја седев на предно сувозачко а татко ми возеше и сеа му кажувам вака и вака а он вика демек заради патот ова ова ( како шо викаат на тоше дека му светнало ако ви текнува) и ја викам од може е од тоа имало отсјај или шо ти ја знам.
Ама мене не ми е јасно како од цела кола само мене ми светнало?!?!го прашав и татко ми ама он рече се му било најнормално...а ако било од патот и него би му светнало така?зш ја на совозачко а он на возачко...ова не мозам да с го објаснам ако знае некој нек пише
 
Тебе ти се рефлектирало нешто во мозокот, па ти изгледало како да е вистинско... Но сепак не е...
 
Кој е тој шо ми го избриша постот не ми е јасно и по кој основ!?
Сношти ги сонував бразилците како водат и на крај губат со 2-1 со автогол, се излезе како што сонував само што првиот гол беше автогол а не вториот!
И сакам образложение зошто ми беше избришан претходниот пост??:nerv:
 
Дека навивам за Бразил. Мака ти е?

е да... основ... основ 4 саата чистење на темава од глупости... која натприродност е тоа жити се, теми за сонови има - пукај таму.
 
2. сеа баш за натпреваров шпанија-холандија јас отидов да уплатам во кладилница и по пат го сретнав другар ми и ми вика за кој ќе уплаќаш му викам за шпанците така рече октоподот. И овој ми вика абе каков октопод уплати за холандија ти гарантирам дека ќе тепа шо се лажеш со октоподот. Му викам ајде ќе уплатам на холандија штом така викаш. Влеговме у кладилница и јас таман се спремав да речам холандија коа ми помина една мисла во глава како слика од натпреварот дека на пенали шпанија дава гол. И одма се премислив и уплатив на шпанија :)

5. додека бев во викендицата видов пред куќата една железна кофа и внатре некаква течност. и како за беља ми падна една пластична рачка внатре и мене ми беше гад да бркнам со рака да ја извадам и зедов со една железна лажица бркнав и никаде ја немаше рачката. И јас ептен се зачудив значи како може наеднаш да ја снема? и доаѓа татко ми од таму му кажувам и ми рече дека во кофата имало киселина и рачката се стопила најверојатно :D
 
Ти го средив постот т.е ти го оставив едниственото - натприродно во него, ако може да се земе како такво.

Инаку кажи ми која киселина доаѓа во метално пакување а разградува пластика...
 
Да се надоврзам на тие што почувствувале парализа при спиењето;

ова ми се случуваше мене пред неколку години и тоа доста често, имаше периоди кога се случуваше секоја трета-четврта вечер, но не можам да се сетам дали ми бил нешто стресен периодот па од тоа да сум го почувствувал тоа. Чувството е многу морничаво и језиво, се будиш, ја гледаш собата, но не можеш да се помрднеш, смогнуваш сили но буквално си парализиран и не можеш ништо да направиш (за разлика од Fortune, јас не чувствував тежина врз телото или присуство на некаков лик до креветот).

Ова ми се случуваше и при попладневните дремки, се будам, ги глеам мајка ми и татко ми седат и пијат кафе (или нешто слично), а не можам воопшто да им довикнам. Во принцип открив дека колку повеќе се силиш, толку помал ефект има, така да некаде прочитав дека во таков момент треба комплетно да се смириш и опуштиш и потоа да пробаш најсмирено да станеш. Сега веќе неколку години не ми се случило ова, и искрено се радувам што е така.
 
Ова му се случло на еден мој другар... Не би го пишувал, ако не ме наежи кога случајно во еден муабет ми го кажа...

Покрај многуте муабети ете несакајќи прозборевме и за некои чудни работи и он ми вика, цитирам: -а бе чудна работа... Како мал стално сме се плашеле и јас и брат ми од кога ќе угаснеме светло во нашата соба... На едниот ќош од ѕидот имаме сталажа за книги, која се наоѓа скроз горе до плафонот... На врвот на таа сталажа секогаш кога ќе угаснеме светло ми се гледа како лик на лисица да ме гледа право мене... Дури и ги приметував светлуцавите очи во темницата... Сме се покривале преку глава, но кога и да ѕирнам лисицата одозгора секогаш гледа во мене... Ќе почнеме да врескаме и татко ми и мајка ми ќе дојдат ќе запалат светло и нема ништо... Брат ми дури и почна да д`тка од страв... Тој страв не држеше скоро до прва година средно и со тек на време попушти и веќе не ја гледавме лисицата која упорно одозгора на полицата ме гледаше... Беше многу језиво но со тек на време заборавивме... (Завршен цитат...)

Добро му реков... сте имале некои привидувања, така ви личело некоја сенка, покушавав да ја разјаснам работата, но он ми вели дека убаво и ги гледал очите во темното како светкаат...
Но што е најчудно сега...??? Продолжува да ми кажува, цитирам...: -Сега од кога се оженив и имам мала ќеркичка, заедно со жена ми сме во истата соба... Ќерка ми само што почнува по малку и да зборува и кога си играм со неа таа гледа нагоре и со прст ми покажува накај полицата со книги и ми вика, куцето ав, ав...куцето ав, ав...!!! (завршен цитат)

А бе се наежив кога тоа ми го кажуваше еј... Незнаев што да му кажам... Му викам земи и извади ја таа полица човече или гледај ја и проучувај ја ќерка ти како понатака ќе реагира...
Ете тоа беше и чуствував дека треба да го пренесам тука... Се надевам дека нема другарот да ми се лути...
 
О еј зареков човек...Пред некој ден викам "А бе ,овај уште е жив." и денеска гледам починал....
се осеќам ужасно.
 
многу се плашам од вакви работи....

--- надополнето ---

nekoj reziser da se zatne na forumot i da ja cita ovaa tema dobri idei za horor filmovi ke najde .. ;);) ..
cekaj sea .. sakate covek da vi veruva ili so e rabota ??? cccc
зошто не би верувал?
имам слушано разни работи за ова..... многу се плашам незнам зошто.....
 
Не е баш натприродно, ама ај

Пред петнаесетина години мајка ми си купи машина за шиење, (беше руска). Дури отпосле видовме дека серискиот број на машината беше првата буква од моето име последена од точниот датум на раѓање
 
Незнам дали има натприродно во тоа ама ќе напишам.Се случи вчера.Се возев на точакот и се поздравував со едни другарки и бев свртен наназад и така возев кога во главата ми се слушна еднед глас,,Горан сврти се напред".Моментално се вртам напред кога на 3 метра пред мене кола.А,да и не ја слушнав колата.Толку од мене.Поздрав
 
E ај која случајност , си одам од тренинг и ми се уврте некој стих од некоја песна одеше некако вака: Мистер бомбастик фантастик , и после 1-2 секунди пред мене читам графит Bombastic! и тоа свртен накај мене. Можеби потсвеста ми работела сум поминувал често по тој пат ,но до тогаш не сум го видел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom