На крајот од Пештани кога се оди накај Градиште има мала црква, скоро ја обновија, и околу црквата има уреден двор со клупи за седење. Во дворчето може да се влезе во секое време , па дури и кога е заклучена црквата.
Е мислам дека беше летото пред две години , јас и еден другар седевме на една клупа свртена накај влезот од црквата, се беше изгасено и светлата во паркот, и светлата во црквата бидејќи беше околу 23:40 , и така седејќи зборувавме за нешто и наеднаш светна нешто од прозорчето од црквата, ама светна со толку јако што го осветли цел двор ама само на страната каде што бевме ние,и се гледаше дека е само од прозорчето(се забележуваше дека зраците се со иста форма како рамката од прозорчето) траеше не цели 10 секунди, а можеби и помалку. Светлото беше како од блиц без постепено да се зголемува или намалува интензитетот.
прво се збунивме и не знаевме што да правиме , и дури по неколку минути гледавме од околу и немаше ништо, најблиското светло беше на околу 150 метри надолу и веќе долго време немаше поминато автомобил и пред да се случи то и по случката , а светлата од куќите во близина беа изгасени. па си помисливме да не случајно е оставена свеќа во црквата па од тоа да е... ама црквата ја затвораат во 20:00 часот а тогаш беше скоро 24 и не може да е свеќа во прашање , а и светлото беше прејако за да можи да биди од свеќа....
и кога се созедовме малку не фати страф и почнавме да трчаме надолу и до ден денес не знаеме што ни се деси.... ама премногу страф ми беше и дури и сега наежив дури пишувам...
има и други така чудни работи ама ова ме натера да не поминеме уште еднаш навечер од таму...
некои би го објасниле ова со потсвеста (тоа што сакаш да го видиш - тоа го гледаш) ама потсвеста е индивидуална работа, а ова го видовме двајцата во исто време и потполно истото...