Протестантизам

Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
MIKI1 фала за одговорот. Очекував дека некој од припадниците на таа верска заедница ќе знае или каже нешто повеќе (пошто не се има случено ова така одамна, значи корените и претците биле достапни), но...и ова е доволно како за почеток :wink:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Молам.

Најдобро е некој од нив да прокоментира, секако. А тоа што токму Струмица е посочена како град, ми се чини дека нема некоја посебна причина, иако Струмица т.е. Тивериопол, своевремено бил јак христијански и епсикопски центар. Во раниот 20-ти век, Струмица е прилично централно поставен град, според положбата која ја имал градот во тогашна етничка Македонија, па може од практични причини е одреден како појдовна точка за мисионерство.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Протестанизмот во стумичкиот крај, има потекло од раниот 20-ти век, од времето од илинденското востание и е врзан со мисионерството на познатата г-ѓа Сто(у)н.
Единствениот нормален пост на Миќи!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Протестанизмот во стумичкиот крај, има потекло од раниот 20-ти век, од времето од илинденското востание и е врзан со мисионерството на познатата г-ѓа Сто(у)н.

И одтогаш градот целосно се блокира на поле на културното ниво...

За духовно да не зборувам...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Единствениот нормален пост на Миќи!

Да, меѓу другите, и овој! Браво за мене! (ех, пуста скромност...)

И одтогаш градот целосно се блокира на поле на културното ниво...

За духовно да не зборувам...
Како тоа, што се случи? Дај подобјасни...
 
H

^HITMAN^

Гостин
Нели преводот на Македонски е ПРОТЕСТАНТСТВО, а? Протестантизам, Христијантизам или Будатантизам не ми звучи нормално. Мислам дека сум во право.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Protestantite vo odnos na ortodoxite gi imaat otfrleno site novotarii koi se natalozile so vreme i koe luge gi dodale na Svetoto pismo, toa e taa nivna tradicija, a kolku vredi moze da se vidi na sto se svelo pravoslavieto na cist tradicionalizam i ritualizam bez stvarno poznavanje na Biblijata. Protestantite se drzat samo do Biblijata iako i oni racno si zemaat sto im odgovara sto ne.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
101
Поени од реакции
17
нене искрено ние се држиме стрикно само до библијата и не отфрламе бар кај нас во евангелска велес знам оти сум постојан дека не се отфрла ништо али не признаваме икони и такви ставри тоест клањање на икони пари оставање по нив, ние иконите ги гледаме само како уметнички дела плус не веруваме во свеќи палење дека тие носат среќа пари или здравје свеќата е само за светло а бог ти дава здравје и заштита и поздрав до сите на форумот.:smir:

пишува во библијата дека не треба ништо нити да се додава нити да се одзема така да поздрав до сите и добро е да се дискутираат тие работи поздрав и до поискусните во библијата требада си помагаме едни на други а не да се напаѓаме.позз и божји благослов

поздрав до теа гледам и она се интересира па дај да размениме искуства околу исцелениа и некои бошји чуда кои ви се случиле и бог ве извадил од било какви замки на нечистиот јас имам многу сведоштва од кои бог ме исцелил ме охрабрил ме утешил не треба да си ги напаѓаме црквите кој во која припаѓа него да си подадеме рака еден на друг и да се молиме и разменуваме мислења поздрав до сите :smir:

а протестанти не викаат и нововерци затоа што се држиме стрикно за евангелието а не ги признаваме иконите светците на иконите и не им се клањаме и затоа и не мразат а во библијата пишува дека на бог служи му и нему поклониму се оти бог е и љубоморен бог а и е џентлмен исто ако сакаш да ти помогне во некоја ситуација он ти вика дај да ти помогнам само треба ние да речеме боже помогними да ја завршам оваа работа и толку и остај бог да се погрижи.мене една ден ми се случи да симињам машина за перење од една стара куќа која имаше скали колку човек да помине а замислете машина за перење да симнуеш по такви стари скали фарбани со боја се лизгаа плус а камоли машината да ја носам. се помолов и тргнав со човекот кога дојде под агол од 90степени да се вртам за да испаднеме низ вратата цела машина се навали накај мене тежеше бар 80кила нешто во тој момент ја подигна јас сигурно не бев не сетив дека нешто носам во рацете освен крпите кои ги држев ногарките на машината. ја изнесовме и после во црква го кажав тоа и еден од браќата ми кажа дека се исполниле стиховите и твојата нога нема да се спрепне на камен иако има пречка.оти бог е со тебе.амин
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За протестантите, било кои, својствено е непрекидното преповторување на „..ние не правиме ова, ние не правиме она..„. Е добро де, што, „у ствари„, правите, ако не правите ова или она, како ова православниве идолопоклоници!? Во што Ви поминува денот и животот: во „правење„ или во „неправење„?
 
N

Nephthys

Гостин
Мики,сакаш да кажеш дека не може да се биде христијанин ако не се молиш на икони?
Во Библијата не пишува никаде дека треба да се молиме како христијани на икони,на мошти,на гробови на свети лица.
Сакаш да кажеш дека не е доволно да се кажува со искрено срце Оче наш секој ден или повеќе во зависност од потребата на верникот?
Да се почитуваат десете божји заповеди и да се биде милостив?
Според тебе ако не си православен христијанин не си христијанин воопшто?
Она горе што го напиша не ти е никаков аргимент против протестантите, и не -не сум протестант.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Православните рисјани, не им се молат на иконите, туку на личностите/ликовите кои се иконописани на материјалот од иконите. Правослвните сметаат/веруваат (а и делата покажуваат) дека Мајката Божја, и сите Светии, се наши застапници пред Христа Бога.
2. Во Библијата не се опишани многи работи, оти кога би биле, Билбијата би била физички пообемна но и содржајно посложена.
3. Она ке го „нема„ во Библијата, го „има„ во Светото Предание-збирка од искуства од Црквата, преточени во „теорија„.
4. Не е само „Оче наш...„ потребна-потребни се и други молитви.
5. Да, треба да се почитуваат Божјите Заповеди.
6. Да, треба да се биде милостив.
7. Православната Црква вели дека најголемата веројатност за спасение на душата своја е во рамките од православната Црква.
8. Против протестантите, веќе имам пишувано подоста аргументи, но тоа и не е цел од моето учество на форумов.

Па затоа и велам: како поминува денот или животот за едн протестант, кој вели дека „..не прави ова или она...„ а алудира на православието?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom