Дали помагање на други луѓе е себичен чин?

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Помагаме бидејќи така се чувствуваме заштитени. Не штити таа маска која ја ставаме за да почувствуваме дека не се само нашите рамења кои ќе мораат да го издржат товарот кој ни го предодредила судбината. Но маската е шуплива, доколку даваме само за да земиме повеќе. Кога е помагањето во прашање, тие што даваат помош се најчесто, оние на кои им треба истата. Но сепак, нека се здрави и живи оние кои слепо помагаат. Дали тие очајно се обидуваат да си го осветлат патот преку оние на кои им помогнале?
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
без никаква потреба од лажна скромност можам да кажам дека воопшто не сум себичен!секогаш на прво место ги ставам желбите на другите па на крај јас!и секогаш им помагам на сите и најчесто не ни очекувам ништо за возврат!
 
Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Значи себичен си и ако помогнеш и ако не помогнеш,значи човекот себичноста му е неизбежна.
Ама сепак има разлика,подобро е да се го добиеш тоа добро осечајне преку добро дело,него преку презир на другите и свое величање.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ау, колку и да сакам да го кажам спротивното, не можам. Се поретки и поретки се луѓето кои при помагање на некој друг не гледаат да извлечат некоја корист.
Потсвесно на луѓето им е запишано дека од секое нешто што ќе го направат би требало да имаат корист. Нажалост потсвеста со тек на времето станува свест. А свеста станува главна преокупација.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Прееска гледав пријатели, и една серија беше цела за оваа тема баш (може и ќе ви текне на истата), па така се сетив :P
Конкретно муабетот беше дека сите сме себични затоа што секое добро дело што го правиме, го правиме за да се осеќаме ние подобро или погорди или нешто слично, па според тоа нели, истото го правиме од себичност ... за наше задоволство. Ме замисли сето тоа ... на крај и јас си се сложив дека е така :lol: ... значи кој не е себичен? И ако не е некој, дајте пример што ќе го негира горенаведеното :)
Нема врска. Помагањето на другите не е себичен чин.
Пример за тоа е професионалниот телохранител (бодигард), кој што е спремен во било кое време да го даде својот живот место штитената цел.
Еве еден дел од филм кој што е правен според вистинска приказна.

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113

И фала богу за тоа зима огромни суми на пари. За добар телохранител се плаќа и по 200 -300 000 долари годишно што е огромна сума на пари. Затоа не би ги ставил во оваа категорија.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
И фала богу за тоа зима огромни суми на пари. За добар телохранител се плаќа и по 200 -300 000 долари годишно што е огромна сума на пари. Затоа не би ги ставил во оваа категорија.
Би јадел ти куршум за 300 000 долари? Тој би јадел сигурно, и не го прави тоа за пари верувај ми. Го прави тоа затоа што е добар човек, заштитник, витез, самурај. Големи се шансите примајќи го тој куршум да замини на место каде што нема да му вредат тие пари.

Гледај го филмот се вика Men On Fire правен е според вистински настан и вистински личности. Клипчето е крајот од филмот, што мислиш ти колку му вредат тие 300 000 долари таму кај што замина тој, кога го замени својот живот за животот од девојчето?
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Би јадел ти куршум за 300 000 долари? Тој би јадел сигурно, и не го прави тоа за пари верувај ми. Го прави тоа затоа што е добар човек, заштитник, витез, самурај. Големи се шансите примајќи го тој куршум да замини на место каде што нема да му вредат тие пари.

Гледај го филмот се вика Men On Fire правен е според вистински настан и вистински личности. Клипчето е крајот од филмот, што мислиш ти колку му вредат тие 300 000 долари таму кај што замина тој, кога го замени својот живот за животот од девојчето?
За 300 000 долари годишно би ризикувал. А кога се нафаќаш на таква работа тоа е тоа. Затоа и е добро платена. А добар човек ќе го ризикува животот и без да земе пари.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
И јас себична и на другите им е помогнато... Ако е ова условот, немам против. Она заради кое сум помогнала ме прави мене среќна и го сметам како еден позитивен постоечки фид-бек. Барем тоа можам да си го приуштам. Не мислам дека е лошо да си среќен заради тоа што си помогнал и не го толкувам како себичност, туку како нормално чувство кое доаѓа како што после ручекот доаѓа чувството на ситост. Некако очовечено и нормално ми е станато.:smir:
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.387
Поени од реакции
25.166
Ако помагањето е себичност, тогаш немам ништо против да кажам дека сум себичен.
Има разлика меѓу помагање поради општо задоволство и помагање поради лично задоволство. Ова го разгледуваше и Де Мело.
Сепак мислам дека помагањето поради лично задоволство не може да се нарече себичност. За себичноста разгледувам друга дефиниција, која во оваа тема е неприкладна.
Ако некому помогнам поради лични интереси е себичност. А поради лично задоволство е друго, тука ги разликувам овие два термини.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е за мене не претставува себичност. Помагањето треба секој да го прави ако е во можност. Човек секогаш треба да помогне, не за самиот да се чувствува подобро, туку за да на другиот му го расветли барем малку животот, независно за каква помош се работи.

Ич не ми е гајле дали има луѓе кои имаат некоја своја корист од тоа, јас за себе само можам да зборам, а тоа е дека ако помагам, тоа го правам од срце и затоа што знам дека некому таа помош му е потребна.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Себичност би било кога би бил во состојба да помогнеш некому, а не би го сторил тоа.

Затоа мојот одговор е НЕ, во однос на прашањето од насловот на темава.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Има и една друга работа во помагањето.Се вика рекламирање.
Кога помагаш,чисто колку да укажеш почит/љубов/добрина кон некого,тогаш е во ред.Така и Библијата учи.
Кога помагаш,а за тоа покасно на овој или на оној начин ќе се изрекламираш пред некој,чисто од интерес е себично и многу ниско.
Се трудам да не се рекламирам ама баш за ништо.Некогаш ти се испушта да кажеш на трет човек за дадената ситуација што понекогаш е и погрешно (правилно) земено од оној кој сум го помагал,ама сепак сум човек и не посветувам многу психа на тоа.
И редовно одбивам да ми помогнат,ако насетам потенцијално рекламирање.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Па може да се каже дека е до некаде себичен чин...Затоа што не правиме некои работи ако не ни причинуваат нам задоволство,тогаш ги избегнуваме,а за да правиш добро треба некогаш и да правиме и нешто што нас и не ни одговара толку,но колку од нас навистина би го направиле тоа?Николку...значи на крај испаѓа дека сето добро го правиме од себичност,а не од тоа колку сакаме да помгнеме на некого.....
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Е за мене не претставува себичност. Помагањето треба секој да го прави ако е во можност. Човек секогаш треба да помогне, не за самиот да се чувствува подобро, туку за да на другиот му го расветли барем малку животот, независно за каква помош се работи.

Ич не ми е гајле дали има луѓе кои имаат некоја своја корист од тоа, јас за себе само можам да зборам, а тоа е дека ако помагам, тоа го правам од срце и затоа што знам дека некому таа помош му е потребна.
Да, но дали после твојата помош, кога ќе видиш некого задоволен и колку си помогнала, не чувствуваш некое посебно задоволство и во себе? Тоа истото, дали нема пак да те натера да направиш нешто слично, за пак и ти да бидеш задоволна со тоа што си способна и си можела да се најдеш некому за нешто?
Не станува збор за помагање за реклама, туку како ние се чувствуваме после тоа и колку тоа чувство може да биде себично, за да не натера пак да постапиме исто, што воопшто не е лошо, иако гледам на сите ви звучи така.
Се сетив на епизодата која ме поттикна да ја отворам темава, па еве, видете што мислам. Прилично сериозен муабет, пропратен со смеа, дека сепак за Friends се работи:)

Kajgana Shop

На врв Bottom