Помагаме бидејќи така се чувствуваме заштитени. Не штити таа маска која ја ставаме за да почувствуваме дека не се само нашите рамења кои ќе мораат да го издржат товарот кој ни го предодредила судбината. Но маската е шуплива, доколку даваме само за да земиме повеќе. Кога е помагањето во прашање, тие што даваат помош се најчесто, оние на кои им треба истата. Но сепак, нека се здрави и живи оние кои слепо помагаат. Дали тие очајно се обидуваат да си го осветлат патот преку оние на кои им помогнале?