Направи сам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Започнав да се занимавам со тоа, само што немам пари да испробам. Ми треба кола (фичо дури) што ќе можам да напраам ескперимент.

За дизел возило неможам ни да помислам. Најефтините се од 600-700+ евра нагоре.
 
A што имате конкретно во план? Баш ме интересира :)

Само немојте да речете дека правите био гориво од мачки, како еден професор за кој имаше и цела тема. Батето поминал 100.000 км со био дизел од мачки.
 
Сепак за среќа не сум толку бизарен и не е од мачки туку од масло за јадење (веќе користено).

А за тоа што да се купи, кажувам било каков ефтин бензинец. А фиќото е најефтин бензинец заедно со пегле. Само што газдите се праат паметни сега. До пред 2-3 години се купуваше зачувано фиќо за 100 евра, сега 200-300 евра.

Иначе со fuel cell ќе правам, и намалување на потрошувачка за 50%, а со плин ако е и до 90%.

Т.е да троши 1л плин на 100км! Значи 28ден=100км. Плин бидејки полесно е да се контролира протокот на гориво. Кај карбуратор тоа треба со дизните и е многу пипаво тоа. Таму принципот ќе биде само како адитив и ќе има 100% согорување а со тоа и помала потрошувачка.
 
.........а малку повеќе детали за тоа горивната ќелија, само фантазираш? сакаш да направиш? знаеш како да ја направиш??ИМАШ ТЕХНОЛОШКИ МОЖНОСТИ ДА ЈА НАПРАВИШ????
..................,ако на се ова одговорот е ДА можеме како Македонија да накривиме капа, а Гwујо би требело уште вчера да те има викнато на аудиенција :vozbud:
.............во целава приказна автомобилот е најмалата ситница, ако имаш функционална горивна ќелија......сами на врата ќе ти се паркираат... :)
 
Aбе што стана со господинот од Кочани кој од пезетката направи ZEV (zero emission vehicle)?
 
Доби некоја награда, мислам дека и го продаде патентот (лиценцата) и како по обичај, остана фрлена во некоја фиока. Зошто? Изгледа е тешко да се имплементира во обичните мотори (читај финансиски неисплатливо за компаниите)... И така некои пронајдоци пропаѓаат, од недоволна заинтересираност на 2-3 светски моќни компании.
 
Ај повторно, бидејќи некој ми го скина постот, овојпат може и со образложение.

Кога веќе има некоја дискусија за алтернативни/био/xxx горива да бидат работите на чисто и како што треба.

Користено масло за јадење, во ред, одлична идеја, со некоја апаратура од 5-10к евра добиваш некој БИОДИЗЕЛ и толку, крај на процесот.

Потоа се споменува бензинец автомобил кој како што знаеме не може да работи на дизел вклучително и биодизел.

Понатаму, горивна ќелија.......внесуваш водород, добиваш електрична енергија на електромотор, се движи автомобилот, а од ауспух тече вода.

И на крај дури и плин се споменува, тука најблиску е до горивната ќелија, ако преработува метан во водород(процес ни малку едноставен) па потоа го користи во горивната ќелија.....

Одбери една опција момче бидејќи ова горе напишаното нема смисла.

Благодарам
 
E ова веќе држи вода, можеш да го чекаш Блогерџија да ти објасни што работел, што чачкал по гаражата и што видел на интернет од целиот муабет.

А тоа што ти фали постот, го избришав, бидејки освен провокација, ништо друго не гледав во него :toe:. А од прости причини, несакам темата да замине во безвезен правец.
 
Она што јас ви го предлагам не е топла вода.

Се знае хидролиза, во обична PVC тегла (може и стаклена за експеримент). Внатре се ставаат плочки од прохром (исклучиво прохром по можност т.н црн прохром), се прават во одредена димензија на која треба да се внимава ама па нема некое одредено правило да речеме 10cmх10cm. Се ставаат на одредена близина 2-3mm со гумена изолација меѓу нив. +-+-
Е сеа има некои викаат +n-n+ демек со неутрални плочи ама тоа не знам како функционира. Ставате во 1л (насолувате за толку малку вода) сода бикарбона и го врзувате тоа на акумулатор. Воала. Со цревце директно в карбуратор (како плинот нешто) и шибате и намалувате на потрошувачка.

Финтата е да се извади што повеќе HHO гас со најмалку струја.
 
Не е топла вода, меѓутоа не е ни така едноставно, електролиза и оп водородот во карбуратор......
Да беше така простооо
 
Кај карбураторските системи така лесно е. Кај инџекшнот е покомплицирано заради сензорот за проток на воздух. Треба да се продупчи пластиката па Т приклучоци.

Иначе имам еднаш пробано на 128 со плин. И функционираше. само што сакавме да ја направиме да работи со минимален плин и во возење. Го намалувавме плинот на 10%. Колата работеше, но само до 2000 обртаи во возење.

Ни требаше повеќе водород, ама другарот ја продаде 128-цата и ништо не бидна.
Иначе трошеше само 10% од нормалната потрошувачка. Значи 1л/100км ;)

Е од тогаш имам видено многу подобри ќелии, а мене не ми е целта да троши 1л на 100 туку барем пола од нормалната потрошувачка.
 
Чекај бе друже, една со друга реченица немаат врска, ти си добил водород????????? хахахаха

Башка што спомињаш после горивна ќелија кога таа ти произведува струја, и како го убаци плинот тука....:tapp:
 
Друже мешаш поими!

Се добива HHO гас од ќелијата!
Како може ќелијата да ти произведува струја? Што мешаш поими. не ќе поврзувам на електро мотор?!?!

Струјата си ја зема преку акумулатор. За таа цел (по можност) треба да ставиш подобар алтернатор (повеќе Ампери) за да имаш поголема слобода повеќе плочи да ставиш.

И да се ослободува водород и кислород. Два волумени водород, еден кислород!

И што не ти е јасно со плинот? Имаш видено како стои плинот на карбуратор?
 
Имам постара кацига нолан ... и изгребана е малце ситно покрупно и нема сјај никаков ... е сеа ме интересира дали и како да ја средам да ја исполирам ... што ми е потребно секако прво шмирглање па полирање... ај би ве замолил струмикс или друг некој хелп ми што ми треба и постапка на кратко :smir::smir::smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom