Ok, јас не прашав за да се рваме тука
Прво, фала ви на сите за стрпливите објаснувања и препораки! Ептен ми значи, до сабајле да читав сама немаше ништо јасно да ми биде.
Мојата дилема се сведува на следното:
Не сакам камера со која после тоа - тоа е тоа - камера на која нема да може да се додава, надава и придодава. ПО она кое го разбрав, на Сонито (првиот кој јас го предложив) нема да има многу такви опции. И тоа не ми се свиѓа. Сакам да може да се update-ира камерата, и ако нешто и фали да може накнадно да и се стави.
Од друга страна не сакам полу-профи ствар која ќе захтева еден куп додатни елементи веднаш за да можам да извадам саглаам слика - од прв ред - обично на концерти таму се местам

Значи, мојот страв беше да не го купам Никонот, и уште одма да ми речат, аааа ама ова му фали за да слика фино...
Нејсе... Да, ми треба камера за сценска фотографија. Да го извадам, сликам без да реметам се` живо и диво, пошто обично немам акредитации и право да сликам. Сум потпирала и на ѕидови и на чуда, не излегува бистра никогаш - природно ми се тресат рацете!
Оттука, дилемата ми се сведува на Никон-от D40 или Canon-от S5, или сонито (субјективно највише, прв го фатив да си ибе векот). Никон-от само затоа што е полу-профи, канонот,заради стабилизаторот. И сакам тоа да го има... ама од друга страна сакам и добар апарат, за нијанса подобар од аматерски, за да следната не купувам нов, воодушевена од разликата која сигурна сум дека ќе ја спознаам, со било кој од овие.
Ај ќе се подумам и одлучам до вечер, па ќе обавестам за што сум се одлучила.
Фала ви на сите уште еднаш!
п.с. Има многу фини опции од сите други, ама се заколнав дека никој нема да ме предомисли да потрошам повеќе од $500 за основното прво купување
Така што, тој е буџетот за стартот!