Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Член од
21 мај 2007
Мислења
422
Поени од реакции
141
Ако немора да има оптичка стабилизација изборот е само еден во однос квалитет цена Nikon D40 подобар од канонот XT.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
знам сакаш сони ама е тро поскап
[/URL]За сониво одамна кажав дека МОРА ДА ГО ИМАМ:) ама се премислив. Кај нас е 63000 со мислам 19mm
DSLR a700 е веќе нешто повеќе...1200$ треба да ми стигне од Лондон (Март/Април) здравје
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Е маме ми расплакавте сеа :) Ој па одлучи се.

Ај уше едно прашање: Колкава разлика прави оптичка стабилизација? Доволно добра за да се земе понеквалитетен со неа, наместо D 40 - то? накај кое успеавте да ми завртите мислите :D
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Прави огромна разлика. Ептен огромна. 5-6 пати поквалитетна фотографија. Уште ако е никон да не дава зрнесто на поголеми ИСО вредности.

Јас не би земал без стабилизација. Никогаш!
 
Член од
21 мај 2007
Мислења
422
Поени од реакции
141
Прави огромна разлика. Ептен огромна. 5-6 пати поквалитетна фотографија. Уште ако е никон да не дава зрнесто на поголеми ИСО вредности.

Јас не би земал без стабилизација. Никогаш!
Не ја претервај сега.
Оптичка стабилизација ти треба само ако користиш поголем зум без употреба на статив (ако сликаш од рака). А да речиме правило е со вакви апарати да се користи статив.
Мој предлог
најевтино никон D40
најевтино со опт. стаб. пентах K100D Super
Неоди на поскапи варијанти, со тие пари ке си купиш опрема(објектив со поголем зум).
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Пример идеш на одмор у барселона, одиш на магичните фонтани и седиш на некои 70-80 метра од фонтаната, навечер е, осветлена е само фонтаната, ништо друго. Ти ќе носиш сталак? Идеш у театар, ќе носиш сталак за да чкрапнеш 5-6 слики? Или пак на концерт у гужвите?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Димитар а што правиме ако OBDN не иде????Само многу повеќе пари за трошење.
 
Член од
21 мај 2007
Мислења
422
Поени од реакции
141
Зато употребив "ај да речиме правило е" , и дадов предлог пентах со ОС.

п.с. за сталак можи да се искористи е некоја рамна површина колку да го потприш камерчето и да чкрапни.
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Димитар а што правиме ако OBDN не иде????Само многу повеќе пари за трошење.
Самата кажува дека и треба сценска фотографија. Сакаш да ми кажеш дека ти седиш у опера, вадиш апаратот, вадиш сталакот и тие околу и позади тебе нема да го приметат и нема да им смета? Или само 5-10 секунди колку да шкрапнеш. Што поише смета? Што е попрактично?

Земи апарат со стабилизација и ќе видиш колку е тоа подобро. Верувај, од искуство зборам.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Ok, јас не прашав за да се рваме тука :)
Прво, фала ви на сите за стрпливите објаснувања и препораки! Ептен ми значи, до сабајле да читав сама немаше ништо јасно да ми биде.

Мојата дилема се сведува на следното:

Не сакам камера со која после тоа - тоа е тоа - камера на која нема да може да се додава, надава и придодава. ПО она кое го разбрав, на Сонито (првиот кој јас го предложив) нема да има многу такви опции. И тоа не ми се свиѓа. Сакам да може да се update-ира камерата, и ако нешто и фали да може накнадно да и се стави.

Од друга страна не сакам полу-профи ствар која ќе захтева еден куп додатни елементи веднаш за да можам да извадам саглаам слика - од прв ред - обично на концерти таму се местам :) Значи, мојот страв беше да не го купам Никонот, и уште одма да ми речат, аааа ама ова му фали за да слика фино...

Нејсе... Да, ми треба камера за сценска фотографија. Да го извадам, сликам без да реметам се` живо и диво, пошто обично немам акредитации и право да сликам. Сум потпирала и на ѕидови и на чуда, не излегува бистра никогаш - природно ми се тресат рацете! :(

Оттука, дилемата ми се сведува на Никон-от D40 или Canon-от S5, или сонито (субјективно највише, прв го фатив да си ибе векот). Никон-от само затоа што е полу-профи, канонот,заради стабилизаторот. И сакам тоа да го има... ама од друга страна сакам и добар апарат, за нијанса подобар од аматерски, за да следната не купувам нов, воодушевена од разликата која сигурна сум дека ќе ја спознаам, со било кој од овие.

Ај ќе се подумам и одлучам до вечер, па ќе обавестам за што сум се одлучила.

Фала ви на сите уште еднаш!

п.с. Има многу фини опции од сите други, ама се заколнав дека никој нема да ме предомисли да потрошам повеќе од $500 за основното прво купување :)
Така што, тој е буџетот за стартот!
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Можеш да го земеш никонот, да му купиш леќа со оптичка стабилизација (на тој може да му се додаваат леќи, постојат леќи со оптичка стабилизација). Таа ќе ти биде зум односно телефото леќата. Само таа кошта 400-500 долара.

Иначе со канонот немаш мука, немаш потреба да му додаваш ништо.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Можеш да го земеш никонот, да му купиш леќа со оптичка стабилизација (на тој може да му се додаваат леќи, постојат леќи со оптичка стабилизација). Таа ќе ти биде зум односно телефото леќата. Само таа кошта 400-500 долара.

Иначе со канонот немаш мука, немаш потреба да му додаваш ништо.

Абе ме јаде змијата, затоа што Канонот моментално е спуштен на $350 од $500 да ги онедувам :) Да беше 500 ич немаше да се мислам вооднос Никонот, ама 150 е разликата со распродажбата. Карти за 3 концерти на кои ќе можам да усликавам ти е тоа - а ко бирам меѓу концерти и камера немам многу големи дилеми :) :)) И јас не знам што сакам нели? Знам! :)
 
Член од
21 мај 2007
Мислења
422
Поени од реакции
141
Димко пак ја збунваш, никонот D40 и канонот S5, не се во иста класа. Канон S5 е во класа со сони H9, нејзиниот прв предлог (бај да веј сонито H9 е подобро,т.е мене поќе ме бендисва).
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Динко, кој курац ако не се у иста класа? Можеш да се двоумиш помеѓу две коли што се во различна класа (фиеста и фокус), помеѓу два мобилни што не се во иста класа (ајфоун и w810), можеш помеѓу многу работи кои не се во иста класа да се двоумиш.

Како сонито е подобро? Основно неможе екстернал блиц да му се стави. Ќе штракам со тоа блицчето? Нема континиус ауто фокус. Канонот користи АА батерии (што го прави многу покомпатибилиен, на хималаи можеш да ги купиш пошто и тамошните ги користат за радио станиците нивни). Користи сд картици.

Фала, пријано. Башка е канон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom