Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Бојан би било добро да напишеш нешто околу твојот апарат, кој модел е, од кај си го купил, по која цена .....
 
Па вака . си го земав од техно маркет 12000 па сега го видов во друга продавница 1000 поевтин ама нема везе има 6 мп убави леќи 3х оптички зум убаво мени прилично голем екран , многу е малецок го собира во секое џепче и мислам тоа е се
 
Па вака . си го земав од техно маркет 12000 па сега го видов во друга продавница 1000 поевтин ама нема везе има 6 мп убави леќи 3х оптички зум убаво мени прилично голем екран , многу е малецок го собира во секое џепче и мислам тоа е се


Грешка си нешто бате Бојанчо, на сликата имаш Panasonic Lumix DMC-FX12 кој е со 7MP, да не е случајно твоето FX10 чим викаш е со 6MP?

p.s. Создравје да си го холандисваш!
 
Дечки, ај некој искусен фотограф, што разбира од камери нека пресече помеѓу овие два :)

Sony - Cyber-shot Model: DSC-H9

http://www.bestbuy.com/site/olspage.jsp?skuId=8266574&type=product&id=1170290214776

Или Canon Digital Rebel XT

http://www.amazon.com/Canon-Digital...=sr_1_3?ie=UTF8&s=photo&qid=1195421079&sr=1-3

Или има некој трет во тој буџетен склоп? Благодарја

Просто кажано канонот е подобар но...
Прво да ти објаснам дека се работи за различни класи на фотоапарати.
Второ како шо кажваш си неискусен корисник па незнам дали ке можиш да го искористиш се она шо го нуди Canon Digital Rebel XT, спаѓа во категорија Digital SLR (да речиме полупрофесионален).
За тебе мислам (засега) ке е подобар Sony Cyber-shot DSC-H9, кој спаѓа во класа Advanced но нуди можност за користење во Auto mode, и доста можности за мануелно подесвање на сите опции па ќе можиш да учиш и вежбаш за напредна фотографија.

Ако ова не ти е доволно објасни за каква примена ти треба па ке добиеш и предлози за други модели. :helou:
 
Просто кажано канонот е подобар но...
Прво да ти објаснам дека се работи за различни класи на фотоапарати.
Второ како шо кажваш си неискусен корисник па незнам дали ке можиш да го искористиш се она шо го нуди Canon Digital Rebel XT, спаѓа во категорија Digital SLR (да речиме полупрофесионален).
За тебе мислам (засега) ке е подобар Sony Cyber-shot DSC-H9, кој спаѓа во класа Advanced но нуди можност за користење во Auto mode, и доста можности за мануелно подесвање на сите опции па ќе можиш да учиш и вежбаш за напредна фотографија.

Ако ова не ти е доволно објасни за каква примена ти треба па ке добиеш и предлози за други модели. :helou:

Е фала да си жив и здрав!

Мене ми треба да знам кој е подобар фото-апарат. Јас што сум дудук, сум, ама нема да го користам јас, иако кај мене постои желба да научам нешто повеќе од сем ауто штракање - па ќе го крадам повремено. Ама апаратот е за некој кој е поупатен од мене во фотографија многу повеќе, во секој случај :)

Работи кои се важни, ете вака, ќе простиш ама лаички ќе ти ги објаснам:

Зум - да може да седи на оној крај на универзална и да извади добра фотка од сцена (за такви настани ќе го користи највеќе).
Да вади добри фотки во такви генерално затемнети зданија (рефлектор само на бина).
Ко ќе му се тресат рацете да не вади 3д слика, туку самиот да стабилизира:)
Да вади добри фотки. Видео не е важно. Ниту пак лудува по мегапиксели. 8 се перфект.
И да не захтева многу додатна опрема за да го извади минимумот од апаратот. Поклон е, па не би сакала да го ставам во трошоци. Али како основа, еве за таа цена така како што се нудат на страните кои ги приложив - кој е подобар фото-апарат? Тоа сакам да знам!

Мене ме чеша само едно - Канонот ми изгледа многу пластичен! Ете толку сум лаик :)

Фала за времето што го одвојуваш.

Поздрав
 
Во ова што го пиша ти треба апарат со голема леќа и имиџ стабилизатор. Зумот е битен, меѓутоа што повеќе зум имаш тоа послаба слика ќе извадиш од сцената освен ако не си во прв ред. Што поголема е димензијата (радиусот) од леќата повеќе светло ќе може да влезе во апаратот што ќе ти овозможи да сликаш сценска фотографија. Јас имам еден панасоник што многу го сакам. Ребелот не ти врши работа. Исто како и сите дигитал СЛР освен ако не сакаш да фрлиш 2000 долара на опрема. Можеш да поминеш бајаги поефтино со олимпус, новите со вграден имиџ стабилизатор во телото. Значи потребно ти е голема леќа и имиџ стабилизатор. Ти требаат модели конкретно?

http://www.dpreview.com/news/0705/07050703canons5is.asp
Мал е. Има многу помала и понеквалитетна леќа од мојот панасоник.

Ова е мојот панасоник, стар модел веќе 2-3 години.
http://www.dpreview.com/reviews/panasonicfz20/

Ова би требало да биде неговиот наследник.
http://www.dpreview.com/reviews/panasonicfz7/

Не знам како иде тамо каде што си со сликање со блиц, меѓутоа ако им туриш блиц на овие, на коњ си. Иако имаат нивен.
 
Со канонот ке можи да прај се шо напиша ама со додатна опрема, се менва објективот за поголем зум, ќе го кошта подебело. Со сонито без додатна опрема ке зумира до X15, има оптичка стабилизација (одрака да вади незаматени слики), ќе вади супер слики ама малку полоши од колку канонот.

п.с. канонот ич не е пластичен :pos2:
 
Dimitarc, му нудиш застарена опрема за избор, после панасоник FZ20 излезе FZ30 па FZ50. После панасоник FZ7 излезе FZ8 па FZ18 кој е најдобар од сите суперзумови во моментот на пазарот.
 
Канонот е ептен пластичен. И лоша финална изработка. И лошо стои у рака, несериозно изглеа.

За имиџ стабилизатор на канонот ќе ја кошта ѓавол ипол за некоја убава леќа со бленда 2.8 во целиот опсег (колку што има панасоникот) + стабилизатор. Тоа ќе тежи многу. Мојата олимпус опрема сосе ранец и сталак тежи 16 кила. Тука ти се леќи, блицови, тело, сталак, батерии, грипови све.

Сеа новите ДСЛР на олимпус имаат имиџ стабилизатор во телото така да ќе го купи пакетот со 40-150 и (3,5-5,6) и фл 36 блицот. Тоа ќе ја кошта 150 долари и телото околу 500 тоа е тоа. Што ќе има пак помала оптичка моќност од конкретно овој панасоник. Што и не е битно бидејки ако седиш подалеку од 4-5 ред во театар неможеш да стаиш поише од 4х зум за поголема експозиција од 1/8.

Панасоникот, во некои ситуации (сценска фотографија) подобар од олимпусот тежи нецели 500 грама сосе торба.

Цената и не е толкава разлика колку што е корисноста. Ебати апаратот ако е гломазен и тежок.
 
само уште едно прашање, има канонот општичка стабилизација?

ps. не сакам Панасоник. Сори Диме. Не сакам ни олумпус. :) Сакам да се држам на Сони, Никон или Канон. Точка. (од практични причини поради место-локација).
p.p.s. Гломазноста и тежината не е битна во овој случај :)
 
Никон ко на ејсид и мистичен само некој понов мора да има од тој. Перфекции. Оргазми.

Канонот (тој што ти стаив линк) има оптичка стабилизација. Ребелот нема. Може да му ја смениш леќата и да имаш.

Панасоник користи лајка леќи и заради тоа имаат најголеми по површина.

Иначе Дино, опремата што ја нудам е застарена затоа што одамна не сум гледал што има ново бидејки подобро од ова што имам не ми треба, нит можам да си дозволам.

Иначе "и". Нема да сватиш ;-)
 
само уште едно прашање, има канонот општичка стабилизација?

ps. не сакам Панасоник. Сори Диме. Не сакам ни олумпус. :) Сакам да се држам на Сони, Никон или Канон. Точка. (од практични причини поради место-локација).
p.p.s. Гломазноста и тежината не е битна во овој случај :)

еве ти линк за канонот (опширно)
http://www.dcresource.com/reviews/canon/digital_rebel_xt-review/index.shtml
и зажал нема оптичка стабилизација, ако сакаш ќе ти дадам предлози во негова класа со опт. стаб.
 
А бе земи некој чкрап-клап. Чуму ќе ти е инаков, ѓомити уметница ќе се престоруеш,

Хехехехе. Јас најтопло препорачувам Никон, секому, како најпобољи од сите правачи на фотоапарати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom