Просто кажано канонот е подобар но...
Прво да ти објаснам дека се работи за различни класи на фотоапарати.
Второ како шо кажваш си неискусен корисник па незнам дали ке можиш да го искористиш се она шо го нуди Canon Digital Rebel XT, спаѓа во категорија Digital SLR (да речиме полупрофесионален).
За тебе мислам (засега) ке е подобар Sony Cyber-shot DSC-H9, кој спаѓа во класа Advanced но нуди можност за користење во Auto mode, и доста можности за мануелно подесвање на сите опции па ќе можиш да учиш и вежбаш за напредна фотографија.
Ако ова не ти е доволно објасни за каква примена ти треба па ке добиеш и предлози за други модели. :helou:
Е фала да си жив и здрав!
Мене ми треба да знам кој е подобар фото-апарат. Јас што сум дудук, сум, ама нема да го користам јас, иако кај мене постои желба да научам нешто повеќе од сем ауто штракање - па ќе го крадам повремено. Ама апаратот е за некој кој е поупатен од мене во фотографија многу повеќе, во секој случај
Работи кои се важни, ете вака, ќе простиш ама лаички ќе ти ги објаснам:
Зум - да може да седи на оној крај на универзална и да извади добра фотка од сцена (за такви настани ќе го користи највеќе).
Да вади добри фотки во такви генерално затемнети зданија (рефлектор само на бина).
Ко ќе му се тресат рацете да не вади 3д слика, туку самиот да стабилизира
Да вади добри фотки. Видео не е важно. Ниту пак лудува по мегапиксели. 8 се перфект.
И да не захтева многу додатна опрема за да го извади минимумот од апаратот. Поклон е, па не би сакала да го ставам во трошоци. Али како основа, еве за таа цена така како што се нудат на страните кои ги приложив - кој е подобар фото-апарат? Тоа сакам да знам!
Мене ме чеша само едно - Канонот ми изгледа многу пластичен! Ете толку сум лаик
Фала за времето што го одвојуваш.
Поздрав