Знам дека темава е Мак акорди по слух,но би бил крајно благодарен некој ако ги има таблатурите или ќе ги најде од Ристо Самарџиев-Бела.Искрено се отепав од пробување и никако да ја фатам комплетно.Доколку ја немате песната,пишете на мсн ќе ви ја пратам.Во продочжение текстот да не го пишувате.
[FONT="]Ристо Самарџиев[/FONT][FONT="]-[/FONT][FONT="]Бела
Еј, моме, еј девојче
севдо прва, росно кокиче,
кој сокак поминуваш,
кој конак ноќва минуваш.
Дал' помниш, дал' ме сонуваш
Дал' име мое спомнуваш
Ил' љубиш ил' се даруваш
за име нит' за пари прашуваш, еј...
Бела трага, бела прашина
бела зима, бела белина.
Бел ат пред порта помина,
и на него, либе замина.
Јас по тебе факам у света,
лето осмо, зима девета.
Девет песни, бел мој галебе,
пратив абер, либе, по тебе јас.
Дојди си, дојди ми
подај рака и не зборувај
гушни ме и само одголувај.
Дојди си, дојди ми
подај рака и не зборувај
гушни ме и само ти одсонувај.
Пат долг, бели темници,
очи бели, бели зеници,
луѓе грешни, случки погрешни,
еден свет за многу вистини.
Многу песни, малку причини,
море народ, саде тишини
срце чука, очи копнеат,
да ми те видат, да ми те донесат.
Бела чума ич не остава,
ниту моли, ниту простува,
Еј моме, еј девојче
севдо прва, росно кокиче.
Еден лек само лекува
тој што силно, силно верува,
тргни и полетај без страв,
All you need is love...
Дојди си, дојди ми
подај рака и не зборувај
гушни ме и само одголувај.
Дојди си, дојди ми
подај рака и не зборувај
гушни ме и само ти одсонувај.[/FONT]