Прва ствар: Видеото Не спомува ама БАШ никаде некаков Бог, не спомнува ни креирање на светлина а не спомнува ни дека све на светот е креирано од светлина и се што гледаме и слушаме е светлина, како што ти, грешно тврдиш.
Друга ствар: Видеото, ко шо се приметуе е базирано на дифтарски субјективен идеализам, а ја одамна се иам изјаснето како материјалист. Али ај, тоа не беше причина да го ислушам, 2 пати, внимателно, и да го чујам и вториот дел, ради реда, да видам дали спомиња нешо од твоите зборови.
Трета ствар: Чисто се сомневам дека експериментите шо ги кажува момакот се точни, зашо да беа, сеа ја ќе имав апаратче со дел од ДНК на татко ми у неа, и ќе знаев у кој момент он е среќен, у кој момент тој е тажен. Али факт е дека никој на светот не поседува таква моќ.
Четврта ствар: Како што кажав, видеово не спомнува никакво стварање на свет, нити стварање на бог, нити стварање на светлина. Нити ја објаснува светлината. Па ќе те замолам, да преминеш на факти, на точни ствари, што се научно издржани, и одамна докажани и објаснети, или барем општо прифатени теории, па одговори на моите први прашања.
И, за крај, петта ствар, а и најбитна, а и најголема причина што нема да добиеш гајба пиво: Ти најде да ме учиш за дискусија? За дебата? ОСНОВНИ правила на писмена/усна дискусија не познаваш! Да те просветлам! ОСНОВНО правило е дека е ЗАБРАНЕТО за време на дискусија да се вметнуваат некакви афторитети.
А Ти токму тоа го праиш! Твоето мислење го базираш на некаков афторитет. На нешто што нема поминато никаква научна верификација.
Шо? Сеа ја треба да ти кажам "Барак Обама рече дека светлината не постои" и одеднаш ја сум у право?
Е, форум треба да се забрани на луѓе шо незнаат да дискутираат.