leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Осигурувањето овозможува економска заштита на осигурениците(правни и физички лица) од штетните дејства и економските пореметувања до кои доаѓа кога ќе настане осигурениот случај,односно кога ќе се оствари ризикот во сите фази на општествената репродукција или во секојдневниот живот на луѓето.Осигурувањето,во суштина претставува здружување на сите кои се изложени на иста опасност со цел заеднички да ја поднесат штетата која ќе им се случи само на некои од нив.Се темели на начелата на взаемност и солидарност.Се дели на животно и имотно осигурување.
Во нашата земја,овие дефиниции за осигурувањето би можеле да ги дефинираме на следниов начин:" Здружување на средства (без доброволна основа,некаде),за во случај на остварување на осигурениот случај,економската заштита да ја добие оној,кој немал или имал минимални штети (се разбира со врски кај проценителот на штета со кој подоцна се дели 50/50),а оној што ја претрпел штетата да оди по судови(за свои пари),за на крајот да добие оштета помала од судските трошоци."
Зошто кај нас осигурувањето не функционира како во европските земји и некои балкански земји?!Затоа што довербата на луѓето во осигурителните компании е изгубена(поради погоре спомнатите причини),затоа што работат по застарени принципи без соодветен маркетинг,менаџментот не е променет од времето на Југославија и работат по принципот продавање магла.
Развојот на осигурувањето носи огромни приходи на државата,сигурност на граѓаните и слободни средства за инвестирање,кои им остануваат на осигурителните компании.
Зошто никој не се погрижи околу осигурувањето во оваа земја?